исто... и он се однесува како мало дете, треба постојано по него да одиш, алиштата ми ги реди на трепезарсиките столчиња.... намерно не му ги фатив и оп вчера изби за малце трета светска војна... ни кај мајка му вака не правеше бебе ли ќе гледам него ли ќе го гледам
Добро утро женски,јас уште 3 недели на работа и потоа дома ,леле кога ке ми текни дека се треба да исчистам ми се темни пред очивчера до купив за бебето пелени,влажни и некој ситни работи сега ми остана уште онај додаток за во корито што е и да ги чекаме бебушките
добро утро девојки.. гледам сте пишувале за царски рез вчера.. изгледа и јас ке мора да одам дека бебушка е карлично и големко. Мислев да одам на ГАК да се порагам ама сега ми е страв некако и се мислам да одам во Ремедика. Дали има некој да ми сподели искуство со царски на ГАК? Фала многу и убав ден и викенд
само што влегов во 37ма ама ми викаат дека бебушка е развиена ко 38 и пол а и постелката веке е накај 3ти степен
Денес имам многу обилно бело прање, дали можеби значи дека доаѓа времето или нема врска? Инаку сум деветти ама има уште мн време до терминот..
Големината не е баш предуслов за царски, зашто мерките земени компјутерски често не се точни. А за поставеноста верувај дека може да се сврти во последен ден
Добар ви ден мами. Само смирено и позитивно, не е ова клише туку е реалност за нашата блажена состојба и нашите бебиња пред се. Сите треба да сватат дека хормоните и стравот помислата од непознато си го прави своето со нас но пред да се извикате размислете два пати и пробајте да заклучете дали сте во право или сепак не, може овој период забележувате работи и доживувате што порано ви биле сосема нормални но сега неприфатливи. Нема да се издеравате, пред да го направите тоа размислите дали вреди и дали навистина сте во право бидејки честите секирации и нервози не шкодат толку на нас колку на бебињата. Потрудете се овој период единствен да го поминете во хармонија и убави мисли, убави моменти пред се со мажите. Не е се така црно верувајте, хормони да, но јас лично ги тргнав настрана и вака ми е подобро. Како одминува времето ќе забележите дека сите вие уште повеќе ќе размислувате и ќе се плашите од непознатото, емоции еден куп уште при прва помисла на беба. Воздржете се и обидете се да дадете се од себе за да живеете мирно и спокојно и обавезно да разговарате искрено со мажите за се што ви се случува. Разговорот и искреноста некогаш и се клучни за здрава средина и атмосфера. На повидок убави празници, спокој, мир и самата таа еуфорија наоколу те прави да се чуствуваш убаво и топло. Убав ден!!
Мене на вечер ми идат стравовитесношти се разбудив со некоја болка како да треба да добивам циклус а не е прв пат ,но докторот ми рече да не се секирам дека ако се породилни болки ке ги имам и во текот на денот,еве незнам во првата бременост си бев многу опуштена страв имав пред породувањето а сега цела бременост така со грижи ја поминав ама факт е дека и полошо си врвам ,првите месеци мачнини,гадења потоа некој чудни болки и чудно треперење во стомакот а не како првиот патСопругот ме зафркава абе ова вика дека женска зато помачно ти е демек жена ако не те намачи кој
Секоја бременост е различна сама по себе. Ти можеш да имаш сосема други сомптоми од првата и тоа е сосема нормално. Не си прва која кажува дека од две бремености две различни света било Уживај не се замарај. Како поминуваат неделите се повеќе имаме болки и тоа е нормално исто со фактот дека се чуствуваме како слонови се повеќе .
Chill out girl!!! Moras da se opushtis bidi srekjna deka gi redi... ima mazi sho uopste ne gi zanima kaj padnalo ne stanalo. I jas sum nekad takva mojov saka komjuterski igri da igra i ja se nerviram... ama koj kje pomislam kakvi mazi ima koj gi znae kade odat. Ne samo u bremenost opsto za toa nemoj da se karas so nego. On kje gi naredi ti razdigaj gi. Ubav den.
да ти кажам право се осеќам како кит, навечер спиењето се потешко ми е, се будам со болки и трнење во дланките, башка што ставам за мочање по пет пати се влечам по креветот, превртувањето од една на друга страна ме убива... веќе 5-6 дена имам болки во десниот колк и почнав да накривувам, колегите се зафркавааат како криво тркало сум била... исто и дишењто ми е отежнато... ама што е тоа се нели “слатки маки“, “блажена состојба“ ... важно да сме живи и здрави и да биде се во ред со бебушите!
Хехехехехе ме изнасмеа,буквално истите симптоми,само место десен колк мене ме боли лев лигамент кај препон Ах слатки маки
Во последно време моите зборови кон маж ми се, кит, слон, мечка итн.. По цел ден го масирам како не можам да се издишам, да станам, да поткренам некоја работа, и ред редум натаму.. Порано ми беше се така лесно но сега, сега не. Кој рекол дека 8 ми месец е тежок не згрешил.. Постојани болки, несоници и апетит. На моменти не можам да се поднесувам од килажа и од тешкотија. Но, колку да паднеме на муабет.. Не е до толку тешко де.. Јас едвај чекам да се олеснам т.е бебуш да си го видам до мене
Хехе и јас мислев 8ми е најтежок,ама 9ти при крај ми е потешко,затоа што болките се константно присутни на сите страни,а движењето и станувањето од кревет многу тешки,а најтешко ми е да облечам чорапи јас сум многу ниска,така што целото торзо ми е уствари стомаче,како буренце со раце и нозе сум Единствено олеснување ми е што конечно можам да јадам,малку е потспуштено бебето и не ме притиска на желудник. Затоа 3,5 кила качив за 3 недели сума сумарум досега вкупно 10
Мене мм ми облекува чарапи и патики, неможам сама. И јас сум исто ниска, метар ипол, среќа не се згоив цела, само мевот си нарасна.