Девојки знам дека моево прашање не е за во оваа тема но не знаев каде да го пишам. Вака...кога бев на последната контрола на гинеколог ми кажа докторката дека на левата дојка некаде кај пазувите имам мала жлезда,и ми кажа дека не е ништо опасно.Но во последно време чувствувам дека на моменти како да ме боли...како некој притисок да има...не знам точно да го опишам тоа...дали треба да бидам загрижена или најдобро ќе биде да одам на контрола?
Според мене мислам дека треба да одиш на контрола... туку јас да прашам нешто, првите неколку недели од бременоста имав менструални болки, нели нормални биле тие, ми престанаа, а сега, последните 2-3 дена повторно ми се јавија истите, не знам колку се сега нормални во оваа недела, некој да ми каже?
до крајот на бременоста ќе ги чувствуваш но со помал интензитет не се секирај нормално е, некогаш ќе бидат посилни некогаш воопшто ќе ги нема но целосно нема да исчезнат
Јас со втора, и кажав на лаборантката дека веќе сум била во тоалет и ми кажа дека нема проблем дека може и со втората.
феминки јас само да се ПОФАЛАМ, пак ке бидам тета, снајка ми е бремена со второ јејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј
Мешенца ме мачи нешто. Незнам каде прочитав дека ако си со диоптер, поточно ако носиш наочари или леќи може да настанат проблеми при природен пораѓај, со давањето напони да дојде до некое оштетување на очите. Има некоја од вас со диоптер или дали сте слушнале нешто за ова. Многу ме мачи, дотолку што почна да ми влева страв какво ќе ми биде породувањето
^^ Афродита мајка ми е со диоптер и тоа бајаги голем, па роди три деца по природен пат, мислам дека нема врска тоа.
И јас го имав слушнато тоа, ама изгледа е бабини деветини, моја пријателка пред 2 месеци се породи природно со голем диоптер, носи наочари откако знам за нејзе, така да нема врска изглеа тоа дека ако носиш наочари ќе дојде до оштетување на видот со природен пораѓај
Јас го зборев тоа за очите..немој да се секираш ама баш ништо нема да ти биде освен ако има многу компликации со очите.Неме и офтомолог ме гледаше пред пораѓај и мислења барав од офтомолози на крај испадна дека нема везе очите со пораѓајот.Не се секирај. Само ќе им нагласиш да си знаат.
Девојки јас сум бремена... после спонтаниот на 8 мај јас сега сум бремена но и премногу ми е страф ми е страф да не се случи истото
ти Честитам стефани !!! со лесно нека ти е и немој да се пласис и да мислис на тоа ,ако се слуЧило првиот пат не знаЧи дека ке се слуЧи повторно,затоа правец кај твојот матиЧен и ако не си поЧнала,поЧни да пиес фолна киселина
не одам кај матичната засега ќе почекам некое време... мислам дека таа е делумно крива за спонтаниот кога ме фати со тоа за ехо ми го дупна стомакот... јас отидов со празна бешика и таа кога фати да стега да стега за да може да види... боздух не можев да земам... сега не одам ќе почекам... а фолна не сум почнала да пијам... мора? ја даваат и без рецепта?
Џабе не е кажано по лошото иде убаво! Честитки! Само со убави мисли и се ќе биде во ред и не заборавај да се јавиш на доктор што е можно побрзо. не мора рецепта , инаку можеш да го смениш матичниот или да се консултираш до друг доктор Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
епа ќе почнам на своја рака да пијам фолна. сепак е витамин не е ништо штетно туку е препорачлива... цена од прилика да знам? моментално сум аут од мани