честитки за бременоста најпрво.и еден најдобронамерен совет.да одиш на лекар.прво затоа што малку време има од спонтаниот до оваа бременост а потоа зашто треба да примаш нешто за поддршка на рана бременост а тоа само лекар може да ти препише.и јас имав спонтан пред оваа бременост и превентивно земав утрогестан цело прво тромесечие.и друго не знам со какво ехо те гледал др.от ама сигурно тоа не е причина за спонтан.со вагиналнотто ехо нема никаков притисок.и во сите три колку сум ги имала досега со вагинално ме гледале па тоа не било причина за абортус.те поздравувам и не седи дома др.от повеке ке ти помогне отколку што ти можеш на своја рака.
Бев денес за брис и ми кажа имам голема инфекција, па решив приватно да испитаат ме испоплаши На некој од вас се има случено нешто такво и колку може да е опасно, додека стигнат резултати до крај на недела ке биде тешко
немој да се разочаруваш и мене на брисевите ми беа откриле кламидија потоа преку крв испитував и резултатите ми беа добри , така да за џабе стресови,плачење и неспиење . така да не се нервирај почекај ги новите резултати
Ne se prepadaj mnogu, zasto stom si otkrila sigurno i ke pies nesto za resavanje na problemot i ke pomine, ke bide se vo red! Drugarka mi vo tekot na bremenosta postojano imase klamidija i i davaa tie mislam kansen i i pomina, si rodi zdravo i pravo bebusce)bidi bezgrizna
еве и јас да и честитам на новата феминка....стефаани..браво за упорноста која довела до повторна бременост после спонтаниот, секоја чест...ти посакувам нај убава бременост исполнета со незаборавни мигови..... butterfly....не се грижи јас во 13 недела имав видлива инфекција со црвенило и дури обилно крварење после земањето брисеви...нормално се распаметив, но на крај излезе дека е кандида....ништо страшно нели...проблем е што оваа инфекција е досадна со одвратни симптоми и страшно нервира....(незнам какви симптоми имаш ти?)....како и да е уживај се се лечи, што е навреме откриено!
јас тука да си се пожалам, мојата принцезичка добила књуктивис од градинка и пред време се распуштивме, веќе нема да ја пуштам во градинка, душичка очињата сабајле и беа како сошиени,а ми рекоа да не ја гушкам многу да седам подалеку да не се пренело и на мене, незнам само која мајка мисли на себе кога детето и болничко. без разлика што и друго има во мешко па таа е толку кенкава што само мене ме бара :'( :'( :'(
Не седи настрана од нејзе, ама не мора и лице во лице да сте. Ќе си пазиш мала дистанца со лицето и не се фаќај ти со рацете за лице и мислам дека нема потреба од страв дека ќе се пренесе. Инаку, не знам колку е малецка, но доколку е ептен мала и имаш ти сеуште млеко мислам дека можеш да и ги пребришеш очињата со него (или капни директно или на памукче). Знам дека мајка ми за брат ми тоа го правеше и му поминуваше одма (беше склон како мал на коњуктивитис).
Stefaani,јас би ти рекла одма да си тргнеш на лекар.Многу скоро си имала спонтан,па дури и не ти дошла една менструација ако тоа било сега на 8ми мај.Не за друго,обично даваат нешто за подршка а тебе ти било ептен скоро,јас би ти рекла не мора кај нејзе кај некој приватен чисто да видиш на што си и на време да биде се . Со лесно бременоста
Изгуглав малку и гледам во Србија добиваат мислење од очен лекар, ако им е диоптерот висок одат на царски рез. Тоа било така заради напоните можело да дојде до покачување на очниот притисок и до одлепување на нешто во окото. Велат дека кај некој ништо не се случило ама сепак постоел ризик. Ти Форко со царски се породи така? Кај мене последниот пат беше карлично, дај Боже да остани така и да се породам со царски да не ме фаќаат паники заради ова со очите
Фала за честитките иначе купив фолна к-на. ама да не ја згрешив... сноу ми вика ја купила од зегин 90 ден а јас во зегин ја зедов 33 ден. 20 има во паковањето по 5мг. а за на гин. ќе одам покасно... сеуште е рано... сигурно сум некои 2 недели бремена можеби нема ни толку... цртичката беше ептен бледа не како прошлиот пат. иначе не и дозволив тогаш да ме гледа на вагинално ехо туку на другото ехо ме гледаше на 3Д ехо
Мила зависи кој ја произведува фолната, затоа варира во цена. А исто мислам дека зависи колку мг е, и тоа ја менува цената. Јас би ти рекла да си ја земеш фолната на Алкалоид, Алкавит. Јас ја пиев до самиот крај на бременоста од 5мг. Ако си зела на Реплек, слободно фрли ја, немој да ја пиеш, ова доктор ми го има кажано, а зошто, незнам. Поздравче до тебе и најголеми честитки за прекрасната вест, уживај во секој миг од бременоста и те молам што побрзо јави се на лекар, ако треба промени го гинекологот, појди некаде во приватниве болници кај некој специјалист, немој така да оставаш на случајот и да се потпираш на нашите лаички мислења на форумов, сепак се работи за два животи, твојот и на сонцето кое го носиш во твојата утроба. Те гушкам
јас баш таа на Реплек ја имам мислења од другиве феминки? Ќе одам на гин. за 2-3 недели нема шанси уште сега... Знам дека викате за мое добро ама не знам ете страф ми е сега да одам...
А зошто да ја фрлаш? Зарем ина некоја тајна состојка во таа на Алкалоид? Фолна киселина од било кој производител слободно можеш да пиеш.Немој да се ограничувате на имиња и производители. А за на гинеколог слободно можеш да закажеш,нема потреба од страв,тоа е чисто колку да ти ја констатира бременоста.
^Незнам зошто да ти е страв,мене би ми било страв да не отидам и да не знам на што сум.Јас не би чекала уште денес би отишла на гинеколог.Заради претходното искуство,за твое добро поубаво сега,на време. А за фолна,нема врска фолна си е фолна пиј си ја таа
Јас ја пијам фолната Фемибион 1 и ти ја препорачувам бидејќи освен фолна има внатре и др витамини. Е сега доста е скапа околу 650 ден. 30 таблети ама вреди бидејќи реално не внесуваме многу витамини преку исхрана, а таму има се што ти треба.Оди побрзо на гинеколог бидејќи може ќе ти даде нешто превентивно. И јас имав спонтан во декември, сега сум 13 недела бремена и пијам Дабростон како превенција откако дознав за бременоста.Позз и ти посакувам најубава бременост.
Незнам зошто не на Реплек фолната, мене доктор ми го кажа ова, наводно не била добра, е сега кој како сака, јас споделив што сум слушнала, ја зедов и јас на почетокот затоа што немаше друга и случајно во муабет спомнав дека сум зела на Реплек и ми рекоа да ја фрлам подобро отколку да ја пијам и да си ја земам на Алкалоид фолната, била многу подобра. Нејсе, секој нека си прави како мисли дека треба, јас дадов мој совет. А за гинекологот и јас како и сите други го делам истото мислење, што побрзо на лекар да се појде, можеби ќе има потреба од некаква терапија а со дома седење тоа никој нема да го знае.
Јас никакви симптоми,само некоаш појачан исцедок. Ама реакцијата на гинекологот ко ми земаше брис беше ... АУУУ КОЛКУ ИНФЕКЦИЈА ИМАШ... и нормално мене толку ми требаше... сега едвај чекам резултати