Srekna nova godina mesinja, zdravje,sreka,ljubov da Ve prati, so lesno neka ni e na site sto ocekuvame bebenca I Gospod neka daruva kade sto nema
Драги Феминки Го добив најскапоцениот поклон во Новава 2017...на свет донесов ќерка. Прекрасно чуство...на сите ви посакувам да си ги прегрнете бебушите и да имате пороѓај ко мојов или приближно
Здраво мешиња, јас сум тазе трудница денес почнувам петта недела, на ехо не се виде ништо 15 дена по овулацијата, можи беше многу рано. Сепак ми е страв дали ќе биди се како шо треба. Градите ми се менуваат на моменти ми се поголеми на моменти како подистушени па и тоа ме плаши. Утре сум на преглед како векови ми поминаа деновите. Како капак денес многу изнастинав, кашлам и кревам температура, пробвам секако природно да си поможам, ќе видиме до вечер дали успешно. Ве поздравувам се надевам утре ќе биди се ок на преглед и ќе си ја видам конечно мојата долгоочекувана точка. Ве гушкам
Честитики и добре дојде. Рано е да се види на ехо, па и петта недела. Зависи и кога било зачнувањето. Кај мене се виде во 6+ и имаше и срценце веќе. Ќе биде се добро
Фала ти многу а за температурата не знам дали да продолжам природно да ја спуштам, да не е опасно да ми се крени повиска? Можи е подобро да се напијам парацетамол? Или е многу рано за било каков лек?
Прв пат ќе одам на гинеколог среда па сакав да прашам дали е во ред да го депилирам стомаков пошто сум во 5 недела бремена
Мој најголем совет од срце е пред се да бидеш позитивна, помалку да размислуваш дали ќе биде се во ред бидејќи се ќе биде во ред. Јас дознав дека сум бремена на крајот од трети месец не се пазев во однос на ништо бидејќи не знаев дека сум бремена но фала му на Господ се било во ред во текот на тие три месеци. Седи во топло и продолжи природно на сабајле обавезно лимон со млака вода. Парацетамол е дозволено, но моја препорака е природно доколку можеш, парацетамол ептен ако стане неиздржливо или ако не успее природно. Уживај во секој ден во бременоста пофали се кога ќе ја видиш долгопосакуваната точка и најпрекрасниот звук срценцето на тој голем благослов од Бога и животот.
Мислењата се поделени, јас сум за тоа да не го депилираш. Мене второ тромесечие многу ми се згуснаа дури се плашев да не побара некој да ми го види стомакот на голо, но не употребив ништо, а еве сега поретки се. Девет месеци подобро ти е без депилација на стомак сепак, според мене, а одлуката е твоја. Барем не првите три месеци.
И јас мислам дека е најдобро да не фаќаш ништо, посебно крем тоа се јаки хемикалии недајбоже нешто полошо да си направиш. Подобро да го прашаш гинекологот кога ќе идеш што и како безбедно да го решиш тоа, ќе те советува најдобро всушност тоа му е работа Нема срам, видел се и сешто верувај се е тоа нормално