сноу.. јас кога прашав во аптека ми кажаа демек ја давале во зависност од крвната слика поточно нивото на хемоглобинот. таа што е од 4 мг ја давале кај анемични, кај некои што крвната слика им е лоша... па затоа ја зедов таа од 5 мг. али кога ќе појдам на мат. ќе ја прашам незе. само што не ми понудија и други фирми туку таа на реплек ми ја дадоа. и кога кажа дека е 33 јас се зачудив. кога излеговме од аптека му реков на дечко ми да не не е оваа и влеговме во друга аптека за да прашаме и тогаш таа ни кажа имаше и друга од 46 мислам беше... али никоја 80-90
Феминки,имам едно прашање..Дали е вистина она што викаат дека пораѓајот со второ дете иде побрзо него со прво?До крајниот термин имам уште дваесетина дена,и искрено малце ме фаќа паника Дали дека знам што ме чека,незнам Со првото дете (има година и 3 месеца) не поминав лошо,ме фатија болки ама во болница заминав дури кога почнаа болките на 5 минути..Сега незнам дали да чекам толку или да одам порано?Некакво искуство ако имате споделете ве молам Благодарам,ве гушкам
Мене не ми провери крв...туку кога ми ја потврди бременоста ми рече од 4мг. Јас не сум пиела, бидејќи ми беше непланирана бременост. Но во упатството баш читав се пиела 3 месеци пред да остане жената бремена и до крај на 1 тромесечие. Е сега...дали со или без препорака на доктор незнам.
Jas folnata ja piev bez konsultacija na lekar posto ne e voopsto stetna,,i sekogas ja koristev tifol i bese okolu 120 den,,,
да јас ја пиев неколку месеци пред да останам бремена без конслултација со матичен, прочитав на инт и си ја купив
Феминки имам едно прашање, не можев да најдам посоодветна тема... Ме интересира, после колку време од зачнувањето може да се види бременоста на обично ехо?
па некаде откако ке ти касни циклусот после недела две веке ке се види мала точка на ехото а со тест преку урина може и малку порано да се дознае некаде првата ден после каснењето на циклусот
Ние вчера се видовме со бебушка и го слушнавме срценцето конечно. Пред месец дена кога бевме , беше толку малечко, одвај видливо а сега сме пораснати, долги сме дури 28мм и сме стари 9,6 недели. И мрцкаме . Инаку сакам да ги прашам мамичките кои веќе поминале низ првото тромесечие, какви испитувања правевте во овој период од бременоста, бидејќи јас сеуште ништо не сум правела... Ајде ве молам упатете ме малку.
за бебушка, си расте.... испитувања во прво тромесечје: крв и рурина секој месец, на 3 недели ехо, во 12 недела брисеви и околу 13 недела приска и скрининг...во глобала тоа е... инаку, јас вчера бев на ехо....шампитата е тешка 800 грама, се е во ред, страшно е хиперактивна...и неможев да ја видам во лиценцето оти постелката е на преден зид..... е сега, да прашам дали постелката треба да е на преден или заден зид, зошто знам дека тоа има улога кога се пораѓаш со царски да речеме....што мислите? убав ви ден, што никако да се „раздени“.....
пожелно е постелката да биде залепена на заден зид но ако е веке на преден и не е токлу страшно пострашно е да е плацента превиа шо значи самата постелка да го има целосно или делумно затворено доле грлото на матката значи да биде спуштена надоле во тој слуцај породувањето оди со царски а вака со преден зид мислам дека ке нема проблем
dobro utro mamicki imajte ubav den mene vremeto me utepa tesko disam pritisokot de visok de nizok glava me utepa neznam shto da pravam veke
Добро утро на сите! За прв пат во животов да ми прија вакво време, поспана сум, ама си уживам во поспаноста сабајлево И си гледам снимка од 4Д од шеќерчето, се смееше кога го сликавме
да да и јас ги правев, задолжителни биле . резлутатите од тие испитувања демек морало да се внесат во мајчината канишка
Гладиола......лежиии...одмарааајјјјј, на тивко и темно, музиче или добро филмче....кафенце.....и сл. узжвкај дур можеешшшш......поззз ...а патем кога се преавеле овие испитувања за хив и што ја знам?
Јас сум денес ко да ме треснал некој со хебла по глава... И да, добро утро, Не го можам значи времево, и готово... Плус трема имам за скринингот после, мајко мори мајко каков паничар сум за безвезе. Што не издржав, а кога треба да одам на гинеколог, фуф. Кафе пиев, благо јадев, мир на работа нема номално, нервози на кило, глава тупан. Налет. Ај ќе се оправи кај и да е, или ќе поцркаме сите. Трето нема! Ептен сум нешто "позитивна" денес, нема коментар...