Здраво и од мене, пред малку пишував во темата за витамини во бременост ама нема везе и тука да си пишам.Инаку бремена сум 13 и до 12 недела гинек. ми рече само фолна киселина, затоа што имам нормална бременост, ни ми трнат ни рацете ни нозете и ми препорача да не земам магнезиум,но исто така не ми кажа ниту др. витамини да внесувам туку само преку исхрана.Е сега да прашам дали да си купам мамавит, како превенција или да го послушам неговиот совет?Поздравче..
Јас мислам да си пиеш барем магнезиум јас не пиев уствари пиев ама многу малку и еве што ми се случи добив контракции на матката, затоа сега сите го препорачуваат превентивно да се зема, а и тоа се само витамини така да ништо не можеш да згрешиш.. Позз и од мене
и мене лекарката така ми рече. до 12 недела само фолна, но јас не а послушав и од 10тата недела почнав да пијам центравит пренатал, така ме советуваа повеке личности од кои една акушерка, дека што порано толку подобро таа и во 2те бремености веднаш од кога дознала за бременоста почнала да пие центравит, ова се само витамини штета од нив нема.
Јас веќе ти одговорив во таа тема и пак ќе кажам, мислам дека е паметно да се зимаат дополнителни витамини на почетокот, барем до 22-24н. , сепак се потребни и ради тебе, крвта слабее сега и тоа многу брзо и неосетно.
Добро утро мешиња како сте денес.. ? Сакав да прашам дали ви се случува да ви се стврднува стомакот, јас веќе неколку дена го осеќам тврд мислиш ке ми пукне , де на едно де на друго место , има ли некој искуство со ова и што значи тоа... Поздрав и имајте убав ден..
И јас ве поздравувам, да ви се пофалам сум се прееодморила охрид, искрено беше малку поке ладно, ама се наспав за цело лето што не бев спиена а денес од сабајле сум била мн вредна сум се расчистила, и тука малку е заладено битола па да искористам сега ке пијам едно капучино ајде повелете да ми правите друштво
Поздрав и до мене, за спиење конечно се спие деновиве. Со оглед на тоа дека и се покривам ,можам да кажам дека времево е одлично, дај Боже така да продолжи раат за трудници. Инаку јас мака си мачам од саботата, по болници од една во друга ме шетаат, па конечно се врати мојот доктор па сега сум раат. Утрово пак бев во Чаир, имав крв денес, свежа, па да ме прегледаат, кажаа дека најверојатно станува збор за некоја инфекција, терапијата веќе ми е почната па ми додадоа и лежење и мирување , ПАК Никако да се ослободам малку, да се раздвижам како човек, но тоа е , ајде уште месец ипол ќе се издржи, не е многу.
Добро утро и од мене (иако не е утро ) Како сте денес? Јас баш супер се чувстувам. Вчера испешачев многу, па си заспав како јагненце. Меу не се нервирај, тоа не е добро за бебенцето. Со правилен третман се ќе помине
Здраво мешиња еве и јас да и се придружам Како се справуате со уморот,јас нон стоп сум поспана немозам да се осветам би спиела 24 часа дајте кажете некој лек
Mama така е на почетокот , кога ке порасне мешкото послем ке ти прави проблеми, инаку добре ни дојде и со лесно нека ти е бременоста
Охх и мене деновиве ме фаќа некој умор.Секој ден легнувам рано, преку ден пак ми се спие, како во кома паѓам. Нема справување ,легнуваш и спиеш , тоа му е мајката
Unique mene mi se stvrdnuva ama na kratko. Ili bebushot se vrti ili toa laznite kontrakcii, nemam pojma sto e tocno
Тоа ти се лажните контракции, ама немој да се грижиш ако не се чести, болни и со правилен ритам. Претпоставувам дека пиеш магнезиум.
Женски како е денес, деновиве, некако многу сте тивки Јас се радувам на времето што конечно залади, па и дома е полесно за седење. Спиењето деновиве ми се претвара во прав хорор, колковите ме болат ми доаѓа да си ги искорнам, грчеви ме фаќаат сред ноќ, а нешто и цуцката се прави важна и текнало преку ноќ да е активна. Со оглед на се, спијам , но како во полу сон Ни магнезиум помага ни ништо , но тоа е , ќе стискам заби
еве сум јас, ве поздравувам, мене ме нема, некако ме зафркава компјутерот изгледа плаче за нов инаку и јас си имам една мака, ноке многу ми се здрвуваат рацете, особено левата, погоре прочитав да не се лежи на нив, ама како тоа???? нели легнуваш на страна а раката е под телото како да си го олеснам ова
Ќе земеш перница и ќе ја гушнеш со исправени раце одприлика како да го гушкаш мм со таа разлика што нема ништо да ти тежи на раката. Немој да спиеш врз рацете зошто повеќе ќе те фаќаат грчеви.Доколку ги имаш многу консултирај се со гинекологот околу тоа да ти ја зголеми дозата на магнезиум. Би сакала само да ви посочам на тоа дека доколку железото и магнезиумот ги земате како два посебни препарати времето кое треба да помине помеѓу земање на едниот ,па на другиот мора да биде повеќе од 3 часа(на упатството од Магнезолот го пишува ова) бидејќи едно од овие нема да се апсорбира добро. Доколку пиете Магнезол и ви прави киселини пробајте го шумливиот магнезиум на Хансал (мислам дека е 39 денари во Зегин за 20 таблети и дека е од 165милиграми ?),мене ми беше многу добар и немав никаков проблем со него. И кога веќе сум тргнала со совети мачкајте ги брадавиците со ланолин или павловичева или што и да е за да омекнат и понекогаш истегнувајте ја пупката нанапред за да направите одлична цуцла за вашите бебиња. Поздрав мешиња и уживајте во заладувањето
ти благодарам многу за одговорот, па вечер ке пробам обавезно така, и секако добредојдени се сите совети од оние кои го поминале ова инаку до сега не пијам ништо за тоа што ми се здрвуваат рацете, бидејки сега во последно време почна, претходно немав мака, ама сега другата недела сум на преглед па ке и кажам на докторката секако... а инаку јас пред некое време почнав да ги мачкам брадавиците со павловичева затоа што забележав некако ми беше сува кожата , ама ете тоа било добро и за друго
Здраво и од мене трудничкии Јас вчера мислам дека сум настинала и мочкав на секој 15 мин.дури ми здосади само станувам и одам во тоалет, па денес ми велли мајка ми да ми направи увин чај да пијам, тоа било за прочистување на мочните канали, е сега дали смеам во бременост да пијам увин чај? Инаку Уве-микс е на алкалоид овој чај што го има мајка ми па сакам да се консултирам и со вас дали знаете дали е штетно да се пие тој чај. Се надевам на брз одговор