Никој од нас не оди да се пораѓа таму за поклони, сите одиме ради стручност, доктор, опрема и сл. Јас лично само ради докторката се пораѓав таму. Многу и верувам.
Ги перев во машина нормално со персил нон био без омекшивач. Омекшивач не планирам да користам барем на почетокот сам за потоа не знам ќе видиме ама на мене не ми е и нешто потребен и овака алиштенцата си мирисаат природно и сосема малку што е доволно. Ги перев на 60 ка. И потоа препеглав се на пареа. Од козметика за почеток земав само waleda за тело и коса две во едно, друго и не планирам да шљакам може понатаму ќе користам и крем и уље но на сам почеток планирам колку што може да е природно. Малиот здравје не планирам да го бањам неколку дена, овде не ги бањаат бебињата. Си земав и кантарјоново масло за раната, од искуства кажуваат дека многу помага за раната било каква да е иако во болница не препорачуваат јас планирам да користам. Го вади она пецкањето и нелагодноста. Ајде со лесно на сите. Јас одбројувам и се врткам наоколу со торбите .
Абе мила моја, ама некои мислат дека сакаме да одиме таму поради името Систина, као да се фалиме. Баш пред некој ден една пријателка да речам, и она е трудна и ме праша кај планирам за пораѓање и јас и реков дека здравје планирам систина дека таму ми ја следат бременоста и таа одма, ама да знаеш ако се искомплицира, одма на ГАК и маж ми одма као да и поверува. Некои луѓе одма да кажат само.
Мене у продавница во Беверли Хилх, ја трудна 8ми месец бев, купував тетра пелени. Продавачката ми се врти и ме прашува „ГАК или Чаир?“ И велам Систина. Жената си дозволи да ми повиши тон како не сум знаела да ги ценам парите и ако се искомплицирало нешто одма на Гак ќе ме префрлеле. Криво ми е што уз хормони не и акнав еден бокс ко што само се нервирав трудна и секад бев на раб да се искарам со некој... Каква глупача. Да, на ГАК префрлаат ако не можеш кај нив да си дозволиш натамошен третман или whatever . Систина од сите приватни ги има најскапите машини и се најопремени дефинитивно. Е се си кошта... Ама пак ќе кажам, не можев да помислам друг некој анонимус да ме пораѓа а не Ана, зашто она ме знаеше буквално каков паничар сум, како дишам, бебето знаеше како се развива и ден денес си контактираме. Ете, јас повеќе се приврзав за човекот (докторката) . Пак ќе кажам, ако раѓам уште едно тоа ќе биде пак Систина ради целокупниот третман.
јас сеуште немам спремено торба... ме фаќа паника, еве си направив список и секој ден си го гледам и си го гледам
Ova so poragajot isto kako so svadbata. Dodeka ne svirnat sviracite, se nesto fali i trcame da natamanime, koga ke svirnat... ajt na oroto, naednas se e spremno i se e vo red A vo vrska so alistencava, sega dali jas nesto greska imam razbrano, neli se pisuvase demek trebalo na vrienje ..pa peglanje i taka se po red?
Абе ајде. Не си ги цениме парите. А за мекици кога некои даваат по 700 или 800 евра да се појат по три дена, тогаш е ок. И јас поради докторот зашто ме знае и ми ја знае ситуацијата. А за систина може порано било така, ако се искомплицира, на ГАК, а сега не. Колку дечиња предвреме се родени таму и преживеале и има трудници со ризични бремености. Ама некој ќе се дрзне пак да истресе нешто.
Јас па не знам што има било кој да ти коментира за твој живот, твој одлуки и пред се твои финансии. Ако сакам ќе одам и во америка ќе се пораѓам што тоа ма некого му смета па веднаш се почнува до малограѓански коментари како прчли биле се занесувале. Бог да чува. Абе гледај си за себе, искоментирај нешто културно, привземно и паметно а не чарето да му го береш на некого. Што ти менува во твојот живот дали некој ќе се пораѓа во систина ремедика гак или во амбуланта. Срамота. @kavadar4anka знаеш што си велев пред некоја недела. Кога ќе дојде време за пред болница се ќе земам и ќе одам. Ама Ама ноќеска ко ме стегна стомакот и кога почнав да се потам си велам што се не си спремав. Болките ми се смирија ама јас денес се спремам и ќе спремам тек. Некако се уплашив од што ништо немав средено. Лека полека деништава спреми си се за секој случај. @Natasa. P и јас сметав дека се перат на 90 но не никој не ги пере на 90 туку на 60 или 30. Само тетра пелените се ставаат на 90. Ваљда ради материјателот да не се упропасти од толку вриење.
Секад ова го земам за пример : Не правев свадба (немавме можност тогаш) но кога би бирала дали 5000евра за свадба или 2000евра за бебе не се ни мислам. Остави усти што кажуваат. Биди кај што си, зашто сепак се работи за 2 животи, твојот и на бебето. И на ГАК има задоволни, и од Чаир и од приватните. Сите знаеме што е најдобро за нашите најмили и сите гледаме максимално да ја водиме бременоста најдобро што можеме и да одбереме доктор најдобар што можеме. Ете, ако нема можност некоја приватно, сигурно на државно ПАК го бира докторот за да има доверба тотална на пород.
Лејди, нема потреба да се правдаш некому. Гордо ќе си кажеш која ти била желбата и како си постапила па нека зборуваат секој сам на себе си прави. И нема што ниту свадба да споредуваш воопшто. Па и 3 свадби да си правила ете.. и да одиш во систина што зарем грешка е?! Твој живот твој одлуки.
А кога земаат кредити за Грција на одмор ок е, абе ич никој не слушај народ гаден сме ние за свадби ,одмори,партали се е ок а за живот да се инвестира не било.
Женички дали и вие како и јас се замарате премногу за чистење по дома?овие недели како сум по блиску до породување јас сум опседната буквално со чистење ,завеси перење,фрлање не потребни работи и незнам што се и не само си наоѓам нешто
Епа да де. На маж ми братучед на свадба кај еден другар дал 15.000 за музика, ги кител музичарите, а за здравје им е многу и 1000 денари. Бог да чува, па уште ќе ми паметува некој таков.
Е се нервирам и јас познавам такви кој направија свадби со 500 гости и сите пропратни адети кој одземаат цело богатство а кога дојде ред за прегледи одат во државно каде условите сите знаеме какви се зборувам за Битола,абе ајде тоа е тој наш менталитет