Мене вчера вечерта кога ме фатија болки во стомакот си реков готово изгледа ќе се пораѓам предвреме арно се помина набрзина, ама си викам породилните болки којзнае колкави се во споредба со ова
Ние да се пофалиме денеска стомачето ни рипна повеќе. Сабајле се гледавме бевме поприлично малечки, а сега се познаваме веќе. Го утепавме од галење стомачето со мажето до сега.
Мешиња Добро утро. Да ве прашам. Јас сум 17 недела и докторот ми даде Фемибион витамини, за Калциум не ми спомна. Дали да си купам да пијам? Вие пиете ли и на која фирма? Поздрав
Дани јас не пиев калциум во бременоста. Во овие што ти ги дал докторот сигурно има калциум и нема потреба да внесуваш дополнително. Ама ако те мачи тоа прашај си го докторот, не земај на своја рака.
женски можеби не треба овде да пишам...ама дефинитивно е труднички муабет...нели..... некаде прочитав дека парите платени на приватна болница за пораѓај, ги враќаат од ФЗОМ и тоа по судски пат....???? Сте слушнале, знаете некој што си ги рефундирал парите или дезинформации се?
Дезинформации 100%. Другарка ми се породи во Систина, и го имаше слушнато истиов муабет. Го пушти мажот и да праша, бидејќи некој таму така и кажал, само не целиот погоѓај, туку некој дел се враќал, и се рокнале таму од смеење. Му ја одржале лекцијата за државно и приватно, за тоа каде одат парите што ги плаќаме и што е фонд за здравство, и така. Лом го направиле. Ова е нашиот случај, ако знаете некој поинаков пример, споделете. Иако, сепак мислам дека стварно е јасна разликата, приватната болница се самофинансира, додека државните од нас зависат - затоа е бесплатно.
Здраво мешенца мене ме немаше неколку дена зошто бев до немај каде со обврски....дури малку и претерав па вчера пребледев, грчеви во долниот дел и сличноо Инаку се друго е во ред, сеуште немам мачнини Денес ќе се јавам кај докторката и најверојатно следната контрола ќе биде точно на 13 недели, за 26 јуни.
Фемибион таблетките ги пиев цела бременост , на поЧетокот се пијат до 12 недела фемибион 1 а потоа Фемибион 2 Таблетките ги пиев и додека доев супер се
Незнам кога бил тој да праша, ова е најново, дури и адвокативе се запшознаени со можноста за поврат на средствата...со тоа што не ги враќа приватната болница, туку ФЗОМ, што е нормално нели. А еве на пр. во Систина имаат информации дека постои таква можност, само мора да оди преку суд. Инаку, некој праша за цеите, еве во Систина 65.000 е нормален пораѓај со епидурална, а за царски мислам 95.000 ден. Во овие цени спаѓа и епидурална и болничко сместување. Од друга стр. може да се плати на рати, а може и преку кредит, ако сакаме на повеќе рати... Ако имате информации од другите болници, какви се цените пишете ми ок.
мешиња не ве пратам многу но јас мислам дека ова се многу пари за пораѓај . сега се враќам од болница се породи етрва ми ... таа првиот пораѓај го правеше во приватно само не знам точно која болница беше и плати за природно околку 1000 евра , а сега се отвори малце порано и се породи во државна бидејќи немаше време да оди до ск и вели дека се било исто . дека и е криво за тие пари што ги дала предходно дека подобро да ги стави на штедна на детето отколку да ги даде за 5 дена . не знам ама јас сигурно нема да се пораѓам на приватно
изборот на болницата зависи од две раб., и тоа предходно лично искуство и туѓо искуство...а исто така и од болницата, но и од самиот пораѓај.....кој ако е тежок недај боже залудно е и најскапата болница да ја одбереш. затоа..... поентата е дека разликата е во третманот и негата, но и до односот, зошто само ние знаеме колку значи на трудница при пораѓај да и дадеш подршка макар и со зборови и разбирање, а не да и се дереш или игнорираш како да е оставена на цедило. Освен тоа, не важи веќе она тврдење дека секој комплициран случај го праќаат во ГАк. Точно е дека ГАК сега изгледа топ, но нема кадар, зошто сите отидоа по приватниве. Е сега, кај приватните имаш 2 во 1, значи и услови и стручен кадар....но за пари нормално, се е за пари....незнам стварно сум со поделено мислење. (by the way, јас сум со лошо искуство од ГАК при првиот пораѓај!)
конечно утре ќе одма за да ми ја потврди бременоста ако не се вратам на пола пат Дај Боже се да биде во ред... оххх како ме фаќа страф
Ајде само позитивна мисла Враќаат пари, треба да се консултираш со адвокат, не со Систина. Не би рекла воопшто дека нема кадар. Имаат многу добри доктори останати да работат таму, само што односот е катастрофа. Имаат гужва, а немаат трпение. Јас во Систина што бев пред некој ден и опалив 3500 денари за преглед не добив ни мање ни више од ГАК кајшто дадов 150 денари. А за односот, да, ме исполажаа културно и со насмевка додека чекав за сите пари, ама поубаво ми беше со онаа музика за масажа отколку со оние болештинине и гнасине во ходниците во државна. Ама сепак многу пари се за шминка, а раѓањето е раѓање, кај и да одиш ќе треба сама да го истуркаш бебето. Јас би одела приватно заради епидуралот да знам дека 100% ќе ми го стават, инаку за ништо друго. Ни за јадењето, ни за музиката, ни за докторите кои верувај ми не се ништо повеќе од некои имиња што останаа во државна (па не би одела дури ни за да ме проверува сестра на секои 15 минути, ќе се снајдам со свекрва ми и мајка ми).
како сте женчинја?два -три дена немав интернет и побудалев оти не можам да го следам форумов.пред малку го средија и се прерадував како дете на сладолед .е сега ме мачи нешто и ми треба ваше мисленје.бев на контрола денес и уште од врата др.ката ми вели оооо колку ти пораснал стомакот.а јас сум ниска и навистина стомак имам можеби поголем од друга труна во 6ти месец.ме гледа на ехо и ми вели поголемо е бебето за две недели и затоа си толкава.јас сум 25та а бебето е како за 27ма недела големо.ме мачи дали е нормално тоа ?досега се развиваше точно според неделите ме секира дали е нормален толкав скок наеднаш?таа вели во ред е само е дебелко ама ја ссум вознемирена.минатиот пат беше 300 гр.а сега е 900,а би требало да биде според неа 700-800 гр.знам дека ехото и не е баш точно во тежинските вредности ама сепак не ми е сеедно.извинете на долгиот пост.
мамичке не се нервирај... не сум баш со искуство околу ова би можеле другите да ти пишат но мислам дека не е ова за паника... не секогаш се оди по мера... си се здебелило бебчето па како се раѓаат деца со 5 кг не се нервирај не може сите бебиња да се исти во грамажа во одредена недела.. ајде галете се со буцкото и уживајте
И јас бев на контрола пред една недела,и истото ми го рекоа и мене, дека бебето е за 2 недели понапредно... А на оваа контрола бев затоа сто пак претходниот пат ми рекоа некако ситно било бебето, телото помало а главата поголема, па ми рекоа за 1 месец пак,за да видат како напредува.И сега кога одам,па големо било Затоа не му ја мисли многу,и не се нервирај без потреба, не можат сите бебиња да бидат исти,се си е во ред,само насите ке бидат малце подебелки
дај боже да е така.и мене ме загрижи баш тоа на минатата контрола беше 300 гр. ситницко ми рече а сега 900 па не е ли тоа енормен скок?гуглам и секаде пишува просечна тежина е 650 700 гр. и некако немирна сум.од друга страна пред 10тина дена бев кај др.от кај што одам на приватно и кој треба да ме породи и не ми рече ништо такво.кој да знае?по две недели закажав 4д ехо па ке видиме тогаш што ке ми кажат.
добровецер девојки денес за прв пат си го видов малото мислам сега е како грасок хаха абе не ми се верувасе леле инаку сум бремена 5 недели ми дадоа утрогестан капсули,магнезиум сумеки таблети ,и фолна киселина ,,инаку со е најцудно наутро неам мацнини само попладне ми се лоси ми се тузи а кога ке легнам си осекам цудни вибрации мали грцеви џаџа абе убаво е цуството да знаес дека расне зивот во тебе
Девојки не се секирајте. И мене ми беше бебето поголемо за 2 недели и немаше никаков проблем освен што се роди скоро 4 кила и сега си е меќу поголемките бебиња на нејзина возраст. Друга работа е што скоро на сите им кажуваат дека или е помало или поголемо,па нема место за никаква паника. А тоа што викате дека е енормен скок баш во тој период тој скок е нормален. До кај 6 месец бебето си расне повеќе во должина а после од 6 месец си качува на килажа се до крај, секако и си расне ама со многу помал интензитет. Памтам дека околу 26-28 недела колку и моево беше здебелено а исто и после 31 недела. Да се чудиш...во 31 недела беше 1,5 кг а во 33 беше 2,5. За две недели цело кило. Ѓул честито прва средба со бебето, сега е грашоче ама за 5 недели ќе мрда и со рачиња и со ноџиња.Брзо раснат деца