јас бев дежурна у вц нон стоп до крај на трудноча а за да се средиш ,ке си седнеш на земја ке ги рашириш нели нозете,огледало ,бикчето и пена за бричење и завшена работа
добра идеја ај имам време ќе вежбам пред огледало леле бре жени сега се смејам а уш 4 месеци ќе рикам
парем жештиниве ке ги поминеш полесно во декември ти е терминот нели, јас ланиова време цркавав па после со беби по жештините катастрофа ја држиш во раце се потиш во зима ми се чини полесно ке поминеш и ти и бебуле само ако ти отечат нозете еееееееееееее мене мн.ми отекоа последниот месец ништо не ме збираше со на мм папучите одев а носам 41 берој на кондури абе џабе шетав по продавници се ми беше тесно
да почеток на декември ми е ,и јас мислам полесно ке биде по зима па ке видиме, а од отекување имам страв порано нозете ми отекуваа од висок притисок знам каква мака е
ееееее знаеш како ке ти помине брзо времето па после исто од кога ке се породиш,еве јас неможам да поверувам кога помина една година порасна цуца просто како брза лета времето со брзина на светлината морам да ја соблечам се искакала цела соба труе се вракам
јас сум од тетово , па ваљда во градска ќе се пороѓам,а скрининг немам уште правено, ни даунов ни ништо, гин. ми вели немаш потреба за даунов, и ми закажа за почеток на јули да види што како е со плодот, малку ме нервира пошо последен пат бев на 20 мај, и некако ми е многуу оддалечено,а ништо нема проверено ко што треба, само пап што правев и брисеви. Дали ќе направи нешто сеа на почеток јули ке видиме ама сум загрижена 200
Не се секирај, само побарај си. Се што сакаш барај си, и ич да не ти е гајле. Он е за тебе таму, а не ти за него. Јави му се уште одма, нека ти објасни зошто не ти прави скрининг. Треба да ти е шубе до декември? Сељак еден, уште од брисевите твои ме нервира! Многу лично ги сваќам луѓево што се понашаат како јас сум доктор, и јас ќе ти кажам се, и у оган ќе рипаш ако јас одлучам! Оди бре мочко еден, ќе беше ти доктор татко ти телето ако не го врзуваше на оградата на факултетот.. Многу се лутам, затоа што 90% се такви квази лекари, а фраери најголеми се. Оди си и на второ мислење ако не си сигурна, или пак седни му на врат и не попуштај додека не среди се што ти сакаш. Барем да ти објасни се, не од памет да те вади!
што не одиш во гак за даундров синдром и скринин треба на тел да се јавиш и да закажеш 02-3119-727ова ти е бр.за скрининг само со закажување и е плака мисечини 150-200 денари се прави од 20 до 22 недела така нешто беше и послево 7 месец се тестира скриен шекер
Скринингот за Даун синдром се прави од 12-14 недела, околу 21 недела е друг скриниг 4Д. За овој вториот скриниг јави се и закажи си, после тоа ќе си побараш упут од матичниот, до скоро Даунов синдром испитувале само кај постари трудници. Сега се направи пазар од нас трудниците. Претпоставувам дека матичниот твој има измерено Нухален набор кај бебчето, бидејќи тие може да го измерат и не мора да не праќаат на Гак за истото.Ако нухалниот набор е во дозволена граница, ако е во ред со носната коска, мислам дека нема потреба од Приска тестот. Немој сега да си правиш дополнителни стресови и да бараш испитување, бидејќи не за џабе тоа испитување се прави во точно определени денови, ако го направиш сега параметрите веќе не се тие што би биле тогаш и можеш да добиеш погрешна слика. Моја пријателка, која го испушти овој скрининг во конкретниот период и го направи подоцна, и излезе висок ризик за Д.С па мораше да прави дополнително испитување преку плодова вода, за да биде сигурна во резултатот, кое што испитување само по себе си носи други ризици, но го направи и тоа и излезе дека бебето си е во ред. Не се замарај и не мисли на тоа, штом матичниот ти важи за еден од подобрите сигурно, ги зел во предвид тие работи.
ГИН и фармацефтиве по аптекиве викаат НИКАКО апликатор да се користи бидејќи немаш чуство колку длабоко ја внесуваш вагиналетата..па не дај боже може да се самоповредиш...ако ја аплицираш премногу длабоко,а со прст имаш повеќе чуство...јас го правев со хируршки стерилни ракавици...инаку не се препорачува со голи раце заради инфекции........... ......бај д веј...СЕ ПЛАШАМ ОД ВРЕМЕВО!!!!!!! КОГА ЌЕ НЕ ОСЛОБОДАТ ОД РАБ. НАС И СТАРИТЕ ЛУЃЕ, ДА НЕ ЗНАЕТЕ????
Ооо ако почнат да не ослоодуваат уште сега во жолта фаза ќе треба воопшто да не идеме на работа летово Не знам мислам во црвена фаза ги ослободуваа трудниците или во портокалова?
да во право е за Д.С тој се право од 12-14 недела али ид ане го направиш ништо страшно тоа е генетска болест
Овде кај што сум јас, на гинеколошки преглед прв пат иделе 12-та недела, никако не практикувале вагинално ехо, а кај нас - сега е рано па дојди после неколку дена, па и тогаш не се гледа дојди пак и три пати само вагинално. Бременост потврдувале само преку крв и толку и нареден пат тек на 12-та недела на ехо абдоменално.
Мешенца, како сте после пеколниов ден? Јас да прашам, многу ми е тврд стомакот и ме боли од папокот нагоре, а денес се утепав од одење по жешкото, можно ли е да е од тоа и да не паничам веднаш или утре да си појдам на доктор?