Site ne Blagoslovi Bog i da ne napravi najsrekni mamicjki na zivi, zdravi i najubavi bebulinja Odmaraj srcko i kolku mozesh bidi so ubava i pozitivna misla. Planiraj go 2riot skrining kako ubavo ke si pominesh i denot koga ke si go gushkash bebuleto. Vizueliziraj go momentot koga ke si go gushkash, shetash i ke mu slavish rodendeni pa i na svadba ke mu igrash Veruvaj mnogu pomaga vizueliziranjeto na neshtata. Edit : I znam deka ke citash po internetov za situacijava.....noooo moj najfer i dobronameren sovet ti e NIKAKOOOO da chitash zashto svasta nekad se pisuva. Ne citaj nisto po internetov samo imaj ubava misla.
56 kg. mnogu? a 18 nedela taa kilaza ti e idealna. Ti si sreknica, nema da se macis so kilaza od. pocetok, pa I pinatamu za vrakanje na poranesna sostojba. Od 20 do 23 nedela e najdobro za vtor skrining. @podravka, da ne se povtoruvam so devojkite, site ubavo ti kazaa, miruvaj I so pozitivni misli. Bebeto ima srcence, si lezi vo mama, a krvarenjeto naskoro ke se smiri so terapija. Mene mi preporacaa prenatalen test namesto amniocinteza. Indicii za tia nemase, bebeto odlicno se razvivase, no zaradi odminati godini go napraviv, da mi bide cista sovesta. Ako doktorot preporacal nekoj od testovite, togas obavezno da se napravi.
Знам срцка јасно ми е затоа и потенцирав за која килажа станува збор ама јас се чувствувам крупно не знам зошто каде ќе ми е крајот кога ќе дојдат наредниве месеци, се надевам нема да ставам многу килажа до крај
Nema da stavis mnogu sigurno, osven ako ne preteruvas so jadenje Ke se naviknes nana kilazata, kako normalno ke ti bide, duri I ke sakas meseto da raste
Само немој да се секираш. Јас имав ицедок недела дена и одеднаш како што викаш ти, ми се излеа свежа крв. Ме ставија на строго мирување, а со терапија веќе бев максимално покриена (3*1 од 200 утрогестан и прогестерон депо). после тоа уште две недели имав исцедок. Без паника и слушај си доктори. Строго лежење и нозете малку подигнати на перница и се ќе се среди
мешето ми е прилично испакнато и многу му се радувам секој ден го гледам во огледало хаха се надевам брзо ќе се навикнам на додадената килажа фала многу
Некоја феминка да имала искуство со асос за трудници. Се мислам дали да си порачам нешто ама со тоа ддв и царина да не ми испадне дупло поскапо од тоа што е на нивната страна? Колку што успеав да дознаам до 22 евра не се плаќа ништо од 22-45 ддв, а над 45 и царина плус, а мене тоа што ми се допаѓа е над 45 евра.
Мамички како сте со пешачењето? Се движите или повеќе претпочитате одмарање? Јас од денес почнав и изодив околу 5/6 км. Некако мн. пасивна се осеќам, на работа седам 8 саати и ми треба малку размрдување. Овој четврток сум на контрола па се надевам дека и докторот ќе ми одобри да се движам.Инаку сум 16+ 4.
Мамички ајде од искуство препорачајте ми козметика за бебче која прва ја користевте како сте задоволни незнам која да ја одберам, какво шампонче млекце за тело дали е потребно уште од почеток дајте советче. Исто од кој памперс сте најзадоволни да си земам.
Без грижи и мене ми се случи два пати така во тие недели.Ставав утрогестан 200мг и ми ставиа прогестерон. Само морав да одмарам повеќе и да внимавам да не се напрегам со физичка работа или движење. Одмарај само и убави мисли. Се ќе биде ок верувај, гали мешко
Здраво.Се извинувам вака што напаѓам низ темиве.Незнам кај да се обратам.Помошшш.Значи неколку пати во месецов имав односи со намера да забременам,исто и 2 дена пред циклусот,но сепак на датумот добив.Но само 2 дена имав крв а денес ми е 3 ден и имам мн темен кафеав исцедок.Дали некој се соочил со ваков случај?Ве молам за одг..
Срцка мислам дека во темата *бебе* ќе најдеш што ти треба. Имаш теми што се е потребно за бебе и сл и мислам дека таму ќе добиеш повеќе одговори, а сигурно веќе има и напишано. Но сеедно може и тука некој ќе ти каже, јас не знам мене ми е прво.
Јас за првото дете користев мустела купка за бањање и млеко за тело ,сега и за второво истата планирам да ја користам..мн сум задоволна од неа
Iako i mene ova ke mi e prvo bebule sakav da ti pisam vo vrska so prashanjevo. Jas odsekogash koristam bebeski shamponi za tusiranje, mleka i ulinja, da znaesh Bekutanot pece na oci (slobodno kupi i izmij lice i otvori oci dur si so sapunica ke se uveris). Jonson i Buphenot mene mi se najubavi. A za mackanje na telo i lice Organskoto Kokosovo nerafinirano ti e vrv. Chitajki po forumive i prashuvajki po drugarkive mnogu ja falat Subamed kozmetikata za bebinja i sakam nejze sega da ja zemam za sinko cela kozmetika od shamponce, mleko za telo, ulje i so ima drugo neznam. I obavezno zimam i organsko kokosovo nerafinirano ulje za da go machkam. I si koristis uste od koga ke si dojdete doma. Nekoj koristat jekoderm za lice od pocetok do 40den, ali kokosovoto mislam e bolje.
Pa 20 +3 ne e 21 nedela ? Mene vo sistina mi kazaa od 18 do 22 nedela deka moze . Kako sega posle 20ta ,bas cudno mi stana ,sekade razlicno kazuvaat
18 недела сигурно не може да се направи скринингот, тоа е премногу рано. Баш ме чуди што во Систина ти го кажале тоа, јас таму ја следам бременоста и докторот ми кажа во 23 недела е најдобро да го направам, иако може од 20 до 24 недела.
Ако си 20+3 тоа значи дека си 21ва недела и тоа е соодветна недела за да се направи скринингот. Јас како што знам може да се направи од 18та до 22ра недела, а обично речиси сите го прават во 22ра недела бидејќи таа недела ја сметаат како идеална, односно дека плодот е доволно развиен тогаш, и јас лично го правев во во 22ра недела, што не значи дека е погрешно ако се направи во 20та или 21ва недела, или пак 18та недела но некако за 18та сите сметаме дека е рано во однос на 22ра па затоа чекаме што поблиску до 22ра. Како и да е тоа е тој период за правење на вториот скрининг. И ако некоја закасни и го прави во 23та на пример и тоа не е проблем и не е грешка.
На една страна на форумов (не ми текнува која страна беше) прочитав дека жената отишла со упат од матичен во 19 недела за скрининг и ја вратиле зашто било рано и му се чуделе на матичниот како и дал упат за толку рано да се направи, дека органите не се доволно развиени за тој скрининг.