@mariz mnogu ti fala za utehata sto mi ja dade inaku sum so placenta previa sega pocna da se kreva malku,se nadevam do kaj 26 nedela da si bide na mesto . Vo pravo si moze zatoa poveke custvuvam . Vo 22 nedela sum na skrining pa ke prasam ubavo
Мамички и мене хемоглобинот ми паднал, пред месец дена ми беше 11, сега ми е 10, 20 иако пиев таблети Хемоглобин и ц витамин. Тие ги имам пиено и пред бременост но без резултат. Единствено подобрување сум имала од Хемовит но незнам дали се за во бременост Ве читав пред недела дена спомнавте едни таблети од кој сте задоволни но не сум ги запишала, ај ако некоја од вас ги знае да ми ги каже за да се консултирам со докт. дали може да ги земам нив, бидејки утре сум на контрола. Многу се плашам да не ми паѓа уште бидејки јас од кога знам за себе сум слабокрвна и единствено од Хемовит како што спомнав ми се има покачено. Фала ви. Имајте убав ден
Јас почнав со Феррум лек, сируп. Одма по 7 дена пиење се осеќам поубаво, мислам дека има подобрување, баш ке чекам да го испијам шишенцето и да проверам крвна слика. Имам пиено фероглобин, никаков напредок со нив.. само тврда столица ми направија. Инаку апчињата што ги фалеа тука беа Фортикс, со витамин Ц биле самите апчиња... јас дека тазе трудна, матичната ми рече сирупче.. па може после ке продолжам со нив, ако нема сјаен резултат со сирупот.
SRAM ne SRAM me si prasam dali vi se ispusta nekoi zvuci slicno na gasovi od vaginata I bogami ova nemoze da se stiska da se kontrolira??
Мене и двата месеца поднесено на 10, пари имав на сметка на 21 Јас не завележав, ама матичниот после првото ивф уште додека чекав резултат ме прашуваше дали ми се случува вакво нешто, така да претпоставувам некоја нормална појава е
I mene mi se slucuva,ubavo sto prasa @podravka . @Ano dali imase sekret za vreme na tie dve nedeli cekanje rezultat? (ili belo pranje narodno kazano) jas imam dosta i toa gusto...
Мене после првото ИВФ вака ми се случуваше. Некогаш и за време на циклус, периодот близу после ИВФ. Никогаш не прашав доктор зошто.
Lele mamicki zedov rezultati od krv vo urina 20-25 le I plocest epitel do sega leukocitite mi bea 7-8, ili 5-6 na sto ke da e ova ?
Piesh li voda poveke ili pomalce? Se sovetuva pogolem vnez na voda za reguliranje na seto toa. Bash vcera koga se vidov so transfuziologot i gi pokazuvav poslednite rezz od krvna slika i urina. Pishuvav pred nekoj 1-2 nedeli deka pravev na 3 mesta vo razmah od tie 2 nedeli i poslednite rezz mi bea super. I ona bash toa mi spomna.... vika : sigurno tie denovi pred poslednovo ispituvanje na mokracha si piela poveke voda. Tocno piev poveke voda i po edna casa uvin caj ( ne bash sekoj den ali piev). Konsultiraj se doktor dali e toa toa t.e. dali so vnez na voda i uvin caj ke se regulira. Ili moj sovet napravi ispituvanje vo druga laboratorija, zashto jas sumnjav prvichno deka e greshka u rezz.
А фирмата носи или ти? Мене ми е првпат отворено претпоставувам овој пат од фирма се префрла после од фонд.
Можеш и сама, дури и полесно е сама да си однесеш, не зависиш од никого. Ти треба само едно барање, го има на страната од фондот, копија од трансакциска и боледувањето од матичната. Во фонд 2 секунда работа, ти ставаат печат и си одиш.
Исто ми беше и мене сега последниов пат 20 леукоцитите во мокрача и епител клетки. Ја прашав матичната и ми рече чим нема бактерија не е страшно Кај бактерија - или + имаш? Малку и ph вредноста ми беше повеќе (и тоа на втора мокрача) , само јас искрено една чаша вода во денот дали пијам...
Искрено од утрогестаните неможам да кажам дали и колку имав. До 30 дена фирма, после тоа фонд. Кај мене моите пријавуваат на некој електеронски систем.
Утре ми е прв ден од 37ма недела и за прв пат ќе одам во болницата во која ќе се пораѓам, во Гинеколошко акушерската болница- Чаир, упатот ми е со термин, за цел месец, докторот го избрав сама Димитар Георгиев, немам врски, за контролно ехо и ЦТГ. Дали се плаќа нешто и дали постои можност да сака да ме провери и вагинално? Ако има некоја искуство ме интересира дали се чека многу или ќе влезам според терминот? Исто ме интересира со денови се канам да прашам дали при вагиналниот преглед со рака докторот ја става целата рака таму доле или само прст/прсти? Ете го искусив кај матичната но не можев да забележам што е внатре и до каде е а ми беше незгодно да ја прашам. Што друго може да очекувам од прегледот и колку време трае отприлика?
Јас пред две години искуство: Со термин, не баш на време... но не чекав многу, има некои итни случаеви па знае да ги снема докторите. Мене секоја контрола ме гледаше различен доктор, без врски бев. Вагинално после 40та недела гледаат, се додека има плодова вода и нема некоја индикација за веќе да те пораѓаат нема да те чепкаат вагинално. Мене дури и почнаа вагинално да ме гледаат 40+4 дена за намерно да ми потпомогнат, да ме подрашират за да му текнеше на синко да искача Инаку треба да ти дофати цервикс, а секоја жена има различна длабочина на грлото на матката, затоа кај некој што има длабоко грло пикаат "цела" рака Платив само првиот пат 150 ден некаде, после уште едно 7,8 контроли имав и ништо не плаќав Инаку одиш на шалтер се пријавуваш, обично прво цтг треба да правиш во една поголема соба со повеќе апарати за цтг (заедно со други женички си лежите 15-30мин) и после со тоа цтг одиш кај доктор да го види, па да те види и на ехо. Најдобро оди малку порано, да не треба да правиш цтг прво... Јас второ пак таму планирам, исто така како со првото на слепо, не ни ги памтам докторите од првиот пораѓај од сите 7,8 контроли на пораѓај имав друг доктор, што прв пат го гледав
Da kaj bakterijata imam + - utre ke gi nosam rezz I iskreno se isplasiv mnogu pokaceno mi se vide :/ Mn slabo pijam voda I voopsto tecnosti, nezz ke vidam utre sto ke mi kaze maticniot. I fala mn sto mi pisa ❤