Ти благодарам многу за деталниот одговор. Ова со вагиналниот преглед со рака баш ми е чудно дека обично знам прегледуваат после надминат термин, а мене матичната во 36та недела ме прегледа така и после тоа цел ден само лежев од страв дека имав прочитано дека со тој преглед обично се потпомогнува отварањето па од страв да не се породам.
Здраво мамички Ќе се дружиме наредниве 9 месеци (додуша и немам мн време за дружење ) Бремена сум со второ. Со лесно на сите
Што значи епителни клетки и кристали во урина? Двете треба да се + а кај мене излегло епителни клетки +-, а кристали -.
Јас после тој преглед прокрварев ми падна чепот вечерта, а за три дена после тоа се породив Најверојатно не те прегледала така баш, зашто брцаат рака да го дофатат цервиксот и малку е незгодно зашто и малку чепка врти со раката, за да провери дали е отворено треба баш убаво да брцне, а матичната незнам како те прегледала, со рака??... чим викаш не приметив, значи нежна била и не дофаќала цервикс можеби...
Со рака да, некако многу далеку одеше викаше уште малку уште малку и кажа дека е тврд цервиксот мислам, дека е добро затворено грлото или така нешто, од страв не ја ни слушнав добро. Кога рече а сега да те прегледам вагинално не знаев ни како се викам во моментот.
Уринокултура оди направи си одма утре сабајле, тоа и ке ти предложи матичната мислам. Чим имаш плусче да не имаш бактерија во мокрача, обично леукоцитите се покачуваат од бактерија во урина... направи си утре за до петок да имаш резултати, да не те фати викенд па да чекаш до пон... во меѓувреме повеќе течности и чајче од брусница...
Здраво женски, јас сум 38 недела, втора бременост ми е. Не сум нова на форумов, само немам баш време за пишување Да се надовразам на муабетов за вагинален преглед, јас сум во странство и овде цела бременост прават вагинален преглед. На секој преглед си брцка докторот Не со цела рака, два прста само. Од 30та недела имаме преку една недела преглед. А од околу 18-20 недела на секој преглед и цтг се прави. Инаку се потешко и потешко ми е. Одвај чекам да се породам. Вие што сте при крајот како сте?
Срцка бе ...слатко ме насмеа Нека е жив и здрав и само нека расте тоа е најбитно...чим така енапреден од мал,обавезно кошаркарче да биде Значи да очекувам и јас изненадување тогаш...е сега навистина со нетрпение ќе чекам да се породам,да видам мојов синко до крај колку кила ќе си стави хехе ..нека си напредува само друго не ми е важно
Јас когабев 7ми месец почнав пополека да си се спремам со алиштенца и слично. Со време земи си по нешто за да не ти дојде се наеднаш
Јас ви се чудам што е тоа болка со брцање на прсти. Најверојатно докторите " не ги баш боли" што вие чуствувате друго објаснување немам. Јас имав само еден таков преглед и тоа пред да се породам за да видат колку сум отворена. Докторката беше превнимателна, плус користеше многу гел на ракавиците. Ништо не осетив од тоа брцање. Но, после брцањето за некоја минута болките се триплираа
Zdravo mamicki, kako ste, jas malku se gubam od forumot setkam za alista na bebo. Inaku 32+4 sum, vo posledno vreme oteznato sedenje i spienje ( slucaj vecerva) mi se javuvaat bolki vo polovinite i rebrata, nesto vecerva mi se gadi malku, zeludnikot me boli, nesonica golema leka nok mamicki
Јас најверојатно дека голема жена висока (може и нема тоа врска), но имам многу длабоко грло. Доктор еден со раце нааааа се зезаше со друг доктор дека требале да викнат некој таму по име го кажаа, он бил со најголеми раце и само он ке ми дофател цервикс . Па затоа малку непријатна болка имав зашто се мачеа да ми дофатат... Седам на бокс и доаѓа докторче 150цм со рачиња едни мали и става ракавици и јас му се смеам му викам каде со тие мали раце и овој ме гледа чудно, кога пикна прсти сфати и се изнасмеа, он па ич немаше шанса да ме дофати му вика на доктор еден, абе докторе неможам да дофатам... мака им беше баш на секое да ме проверат до кај сум, а богами и на мене. Не дека ептен болно ми беше (имам висок праг на толеранција на болка), ама доста незгодно беше... едно 8 пати ако не ме гледаа така во рок од 12ч, зашто ептен споро се отварав, а бев со болки...
@*Mila24* od vtor mesec veke se frliv na kupuvanje za bebus, pa taka 8mi i 9 ti mes nisto nemam kupeno, osven sitnite rab kako vlazni maramici, pampers itn. @vitamina i mene mi e cudno so vaginalniov... ovde isto kako kaj tebe, na poragaj koga odis vag te proveruvaat. @LanaDelR za leukocitite i ph vrednost ne se sekiraj. Leukociti vo bremenost e normalno da se pokaceni, ama ne na 2000 tuku na 20. Ph mene mi bese 6,5 na poslednite rez pa mi rekoa nisto strasno. Voda samo moras poveke, jas go imav na pocetokot istiot problem, od voda mi se gadi cel zivot i nemozam da ja pijam, pa zatoa so vkus vodata ja tamanev po 3l dnevno. Sega vo 9 ti kako mi e suva ustata postojano, vodata od cesma najslatka mi se gleda @wtff jas znaev od dr sto kazuvale deka e naporno vo 9 ti mes ama ne mislev deka ke e do tolku... pocna da me boli koskata kaj repot, me zdoboluva od vreme na vreme kaj preponite. Kolkovite kako razsrafeni da mi se od tezina bidejki spijam na strana celo vreme. Si poplacuvam navecer ponekogas i si se molam se da pomine kako sto treba. Nokjeska bebe bese nemirno za site pari, tolku mrdanje, butkanje, klocanje, solzi od bolki mi tecea... Sega bev na kontrola, na ctg ne pokazuva bebe deka ke izleguva skoro, na eho veke ne mozat da go vidat kade e i sto e, isprepletkano e se vnatre bris za streptokoka mi zemaa, zavrsiv i so toa. Sega se mislam kako da go fakam denov, za perenje i peglanje imam eden kup, a nemozam ni da se navednam ni da kleknam za da uredam fiokari. Ama ne se predavam, pomos nikako ne baram! Ubav i lesen den imajte zenski!
Женички уште сега имам задршка на течности, тек 8+ нед сум Сабајле сум 71кг, навечер 73.8 Јадам нормално... пијам вода, сок, чај во текот на денот... Абе вчера патиките ги облакам, приметив нозете ми беа потечени не ми ги собираше, кнап. Прстите на рацете потечени... Слабо одам да мокрам, има решение некое за ова? Нешто да пијам да одам во веце повеќе?? Не јадам зачинета и солена храна, незнам зашто вака имам задршки... Веќе 3,4 дена ми е вака, станував ноќеска по 2 пати мокрев, сега не...
Period e ke pomine, posle se ke ti se regulira. Taka i jas mislev deka odma na kg sum pocnala da stavam, a u stvari si natekov kako osa da me kasnala posle nekoe vreme ke ti olesni ke osetis kako da istekla seta voda od tebe, pa pak nakaj 8-9ti mes pak ke si se podues kako balonce i koga op stignalo bebeto jas edvaj izvadiv burma, prsteni sto nosev, racete mi se kako shepi stanati
Дај боже... а првата бременост дека на свадба бев 5ти бурмата ми беше 20ка После некој месец раѓање 16ка ја смалив и дури сега широка ми беше пред три дена.... изгледа за брзо ке ја вадам пак
Мариз мајче добро ти е позната бременоста и мајчинството. Така оди тоа нема што да се размислуваш и да паничиш.. и да качиш ќе симниш после ајде не му ја мисли и гали тоа мешкото
Добар ден мамички и од мене и денес. Бев на контрола за крвната слика зголемени леукоцити му беше објаснување дека при давање на мокрачата се случувало да се помеша и дел од белото прање што сега ни е зголемено и дека воопшто не е страшно. Јас мислев кај бактерија ми пишувало + ама сега видов кај белковините имам плусче инаку ph ми е 6 и шекер 4.6 Е сега крвта ми била ослабена ми даде некои таблети хеферол и витамин ц бидејќи ми е 106 ми рече да ги пијам. Уште рече машала ова моево бебуле изгледа ќе побрза термин ми е на 10.04 ама нешто ми спомна постелката ми била созреана па можно е да си чекам дури крај на месец. А и малата принцеза не била толку мала околу 4 кг се направила. И тоа милички за 5 дена пак на цтг и веќе значи морам сериозно да си спремам се а мене нешто тешко ми оди Поздравче до сите