Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Зедов денес Хеферол, од причина да ја избегнам Тотема дека јас иако сум 17+ недела се уште повраќам многу често, па од неа можам да замислам. Но во упатството на Хеферолот пишува да не се зема ако имаш таласемија, а јас имам :| . Го прашав и јас за Фортикс но ми кажа или Хеферол или Тотема, ама по се изгледа на своја рака ќе ги земам Фортикс па да видиме дали ќе има ефект кај мене.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Да се јавам уште денеска во оваа тема.
    Водењакот ми прсна и сега сум во болница чекам да се роди бебуш.
    Малце порано не изненади 37 недела само што ја почнав.
    Ама му се брзало.
    Само се да биде во ред. Малце паника ме фаќа немам спремено ништо, ама ќе средат бабите здравје. Поздрав женски
     
    На ss80, Pinky97, Belabelinakinder и 22 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.331
    Пол:
    Женски
    Со лесно! :)
     
    На Natasa. P му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Neka e so lesno duso :hug:
     
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.323
    Пол:
    Женски
    Ја тераме 37ма недела ама со спиењето/неспиењето имам голем проблем пропратен со други проблемчиња. :D Веќе некое време само што ќе заспијам, почнувам, да хрчам и тоа некое чудно и гласно хрчење, кај јас ненаспана па и мм се буди по цела ноќ а оди на работа, ненаспан е по цела ноќ го будам ептен ми е жал. Има ли некој лек против хрчење и зошто баш сега се појави од нигде и никаде изненадно? Кога спијам не можам да најдам позиција па менувам положби, ставам перници насекаде, менувам кревети, перници, ќебиња не знам кај ми е крајот. Обавезно се будам за во веце на секои два часа за неколку капки урина. Стомакот цела ноќ тврд како камен страв ми е веќе. И цело време офкам во сон ваљда дека се мачам со спиењето.

    Преку ден па имам проблем со седење. Ниту на кревет ниту на столица можам да седам цело време ми се стврднува стомакот и бебето не мрда се чувствувам како да го мачам и него. Почнав да јадам од на нозе или седни јади па прошетај низ соба па пак седни јади на кратко.

    А апетит што немам никаков тоа па трет проблем. Лицето ми е бледо и од сабајле немам енергија, енергија имам дури после 4-5 не знам зошто така и дури тогаш почнувам да станувам активна и корисна во денот. Денеска имам јадено семки, две чоколатчиња, желе бонбони, мандарина, банана ама онака некое поглавно јадење не, не ми се става ништо во уста.

    Четврт проблем, проблем со гасови. Се појавија во исто време со хрчењето. Некои чудни, долги, гласни и срамота е да пишам но со многу непријатен мирис. Ги имам и на спиење и тие ме будат па за да не го загушам мм спијам на друг кревет во истата соба но подалеку од него.

    Помагајте некако, може имам уште некоја мака ама не ми текнува во моментот.
    Се извинувам за долгиот пост ама ајде уште две три недели ќе ве мачам, после ќе бидам тука за помош, одговор и утеха. :l:
    Ми текна уште нешто, на вратот и надоле до градите ми излегоа тие како поткренати кафеави дамки не знам како се викаат, стомакот ми е цел со стрии, мм вика како небо ми бил, градите со стрии, а задникот сплеснат и со целулит, брадавиците многу ме болат се прашувам како ќе го дојам детето ако ме болат, и на нив исто имам некои многу црни дамки не знам дали е нормално. И лицето посебно делот околу брадата ми се исфрли со бубулици некои се со бело на крај и ме болат.
    Овој 9ти месец ми е врв значи, се наеднаш! :$
     
    На Natasa. P, Bebulleee, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Хаха мила за поголемиот дел како ја да сум пишала. Маж ми кога ми кажуваше дека хрчам не ми се веруваше па со тел ме беше снимал една ноќ да ме увери и си реков ова не сум јас :@
    Гасови исто посебно забележувам навечер кога си легнам (facepalm)
    Спиење многу тешко се препотувам многу ми станува жешко, положба никако да најдам па станувам шетам по соба. Градите ми се најужасни, тоа околу пупката целиот круг ми е црн а и целите се со стрии.Друго ми тече нон стоп некаква прозирна течност и ми ги праи пижамите со кругови :wasntme: Нозете ми отекоа пред некој ден неможам да се движам а неможам ни да седам.Навистина немав баш толку тешкотии како овој месец.Едвај чекам да помине, се надевам побрзо ќе биде.Ајде ќе издржиме уште малку ни остана :hug:
     
    На GretaGarbo, Natasa. P, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    За хеферол ич не се двоумете, одлични се. Најмногу железо содржат од сите суплементи, поточно, само железо е, нема додатни витамини, затоа е толку ефикасен.
    @Seduction ако имаш таласемија, мислам дека ниеден препарат на железо не треба да го земаш на своја рака. Битно е да одржуваш ниво на железо и хемоглобин доволно високи за да ја истераш бременоста. Инаку, препаратите со железо немаат баш ефект кај таласемија.
     
    На Seduction и kukla21 им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Мајка ајде со лесно.
    Брзо ќе се гушкате со бебе. :hug::*

    @gjoker4e јас мене хрчењето и гасовите навечер ми се појавија уште пред една недела, а сум 4ти месец. Ти си среќна што те поштедило до сега :D

    Јас за ова многу се нервирам. Блискиве околу мене само ми зборуваат зошто почнав да одам на работа, не прави ова, не прави она. Неможам да им објаснам дека си го слушам организмот и дека прв момент кога ќе осетам дека нешто неможам сама ќе се повлечам. И нормално ако доктор не ми дадеше дозвола или ми настапеше со малку сомнеж дека не е во ред, сигурно ќе послушав. Ама со сила болна да се првам неможам. Откако почнав на работа се осеќам како препородена и многу поубаво и посреќно.

    Туку да ве прашам, дали на некоја од вас и се има случено кога ќе седне и ќе си го погледне стомакот, како да си го гледа срцето како пулсира?!
     
    Последна измена од модератор: 31 март 2017
    На gjoker4e и podravka им се допаѓа ова.
  9. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Во Бебел исто вакви фармерки имаше..јас си купив 750 ден. беа ...предобри се ..еве баш јас денес си ги носев ;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.323
    Пол:
    Женски
    @Ano јас сега во 9ти месец го приметив тоа, ми пулсира стомакот и се прашував дали е моето срце или срцето на бебето и се обидував да споредам дали пулсира во ритамот на чукањето на моето срце. А пред да бидам бремена сум приметувала дека стомакот ми пулсира во ритамот на чукање на моето срце.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Имав мн. лоша крвна слика но фала му на Бог пред бременост ми се подобри, хемоглобин 12ка и железо 17. Пиев Хемовит и супер ми беа и ептен ми ја подобрија крвната слика, но откако дознав дека сум бремена ги прекинав бидејки незнам дали се за во бременост. Точно е дека потешко ни се качува железото, но еве кај мене имаше резултати. Секако од доктор ми беа препорачани таблетите. Ќе го прашам матичниот за Фортикс и за Хемовит ако смеам да ги пијам. Досега само на Хеферолот сум прочитала дека не се зема ако имаш таласемија, како и да е ќе се консултирам обавезно пред било што да купам. :hug:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.323
    Пол:
    Женски
    Ако се стврдне стомакот на неколку минути нели е контракција? Мене цела ноќ ми е стрднат како камен станував пиев вода се напив и магнезиум еве сега и кока кола малку не знам што да правам.... Ве молам за помош зошто ми е камен и бебето не мрда вака туку го чувствувам и него тврдо кај е и згрчено....
     
  13. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Hahaha...izvini vaka, ama me iznasmea. Kako sto ti pisala Lana pogore, kako mene da me opisuvas vo golem del od postov. Ajde...izdrzi usti malku. Za kratko ke mu se vrati starata "gjoker4e" na tvojot sakan. Poleka ke si dojdis vo normala. Prdnuvaj si, hrci si i nemaj si gajle. Kaj site e taka. Za tie sto izleguvaat na kozata, mnogu zenicki velat deka posle poragaj golem del ke se povlecat. Isto imam slusano deka bilo ubavo so jabolkov ocet da se premackuvaat. A za bubulicite tie kako so gnojcinja, premackuvaj so kantarion, vednas ke potsusat i ke isceznat. tie ne se strasni. Ne se sekiraj, na samiot kraj si stignala do celta. I kazi mu na mt. deka treba blagodaren da ti bide bidejki si go stavila vo kondicija sega so nespienje. Doprva nema da spiete i dvajcata :lol: :hug::sun:
     
    На Ano, Bebulleee и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.331
    Пол:
    Женски
    Се стврднува и опушта? Мери си дали е на ист интервал... Инаку контракциите траат макс по 30 секунди и опуштаат, па по некое време пак полека полека доаѓа контракцијата и кога е на највисоко ниво стомакот е стврднат и трае тоа 30 секунди и пак опушта. Може се лажни контракции кај тебе, се спрема матката :) Како си сега?
     
    На Butterfly87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Дали ви се случува во спиење, спијам на страна со згрчени нозе, кога ќе ги исправам да се истргнам и свртам на друга страна ми се грчи стомакот на 2,3 пати како да игра нерв.... Незнам како да спијам веќе :sweat: За хрчење, сум хрчела јако , (facepalm) среќа што не му смета на мм ( или така ми вика :D)
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    И јас вчера денес имам проблеми со гасови и тешко одам во wc. Гасовите ми предизвикуваат болки долу ниско во стомакот и не знам дали е нормално.
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.331
    Пол:
    Женски
    Тие гасови ви се можеби од некоја храна што не ви прија, не се вари како што треба. Исто така гледајте да не мешате многу работи во денот... Приметете баш што ви прави проблем, бидете ден, два на лесна храна. Јас приметив краставица ми смета, еве вчера приметив и вишни ми сметаат, јадев колач со вишни и ми беше тешко, истовремено ми се повраќаше и ме тераше да одам во вц, гасови мн.... стомак ме болеше, абе како стомачен вирус да сум фатила, денес супер сум.
     
    На *Mila24* и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.323
    Пол:
    Женски
    Не се опушта тоа ме мачи цело време е тврд еве уште тврд е не знам зошто не знам што да правам...
     
  19. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Здраво идни мами :hai:
    Да си кажам и јас за облеката, еве 21 недела сум од утре и до сега немам купено трудничка облека, засега немам ни потреба, кога купувам нешто гледам да е пошироко и еден број поголемо,
    За надолу си носам хеланки со ластика што не ме стегаат,
    Баш гледав има и доста фустанчина широки од под гради кои сигурно ќе ми чинат и ќе си купам неколку да затопли уште времево, а и ко за 21 недела немам баш голем стомак.

    Се уште си спијам до кај 9 на сабајле, за до вц некогаш станувам по еднаш некогаш не, за ова барем уште се радувам^_^

    Кога сме кај интима никогаш не сум се депилирала, тоа не е за мене, само со брич.

    Со лесно да ви е на тие што сте пред самиот крај од бременоста, уште малку ви остана до средбата со највредното нешто во животот :l:

    И не заборавајте да ни напишете породилни приказни, обожавам да ги читам, размрдајте ја и таа тема.

    Имајте убав ден :*
     
    На Ano, 2ndLuck, Bebulleee и 7 други им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Od trudnicka obleka imam nesto ostanato od prethodnata bremenost no pretezno debeli helanki i farmerki :( bidejki malata e proletno dete. Kupiv vo Waikiki pred mesec dena tenki trudnicki pantaloni crni na popust 500 den, no uste mi se golemi,ce pocekam nekoja nedela pokasno da pocnam da gi nosam.
    Planiram letovo pretezno tenki fustancinja da nosam, toplo ce mi bide so helanki i maicka. Fustancinjata mozam da gi iskoristam ponatamu za na odmor.

    Sega mm mi donese jagodi.Njammmm, iako se oranzeriski ima edno smuti so banana i mraz da napravam za merak.
     
    На Ano, podravka, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.