Јас имам мајстор дома ќе пукнам Сите мајстори се исти , кафе, цигари, па за дома да раскаже, едвај чекам да си отиде Јас имам бавен метаболизам и кога ќе се олеснам малку ми се потсмируваат болките, така да сметам дека и тоа ни прави притисок Јадете киви, компот од суви сливи ако не секој ден барем на 2,3 дена одам Исто колешка ми кажуваше и помагало ладно цедено ленено 1 лажичка на гладно , го имало во продавниците за здрава храна . Многу е убав денот ама мора дома да се седи , се за нашите златца
Шо убаво си се изнапишала тие се тие проблеми а решение нема. Тоа е.. ќе си трпиш и ќе си дуваш повремено од мака. И за некоја недела ќе си се породиш па после други маки и се така во круг.
@mariz изгледа во право си дека гасовите претежно се предизвикани од некоја храна. Мене ми се ујачаа откако почнав да јадам само здрава храна (можеби и поради тоа колку е само "здрава") краставици, домати, марула, зелка и такви работи, а претходно си јадев нормално да речам и гасовите беа сведени на минимум. Станав од спиење и стомакот ми се врати во нормален облик, стварно не знам зошто ми е камен цело време кога спијам. А еве седнав да пишам дека од лап топ и пак ми се стврдна. Станувам одма! Од трудничка облека немам купено апсолутно ништо бидејќи цените им се малку врв како којзнае за што да станува збор. Едни хеланки горе со ластик удобни 350 денари купени ги преносев, пери носи, да се породам и за фрлање се веќе иако многу ќе ми фалат мн ми помогнаа во бременоста. Инаку само растеглива или поширока облека имам купено по некое парче што ќе можам да ја носам и после. Едвај чекам да се стемни да прошетаме со мм до Рамстор, Џамбо да купиме нешш за бебе. Велам да се стемни за да нема сонце бидејќи веднаш ми потекуваат прстите на рацете како балончиња. @sofi2107 каде си зошто си толку тивка?
zatishje pred bura Tuka sum, samo nikako da pisham vo haos sme po doma se sreduva, krechi, preureduva i kako zombi sum. Nekako denovive kako shto pisha i ti ..... omalaksano, pospano i bez energija sum. Od utre vlagam vo 37ma nedela, vo sreda sum na kontrola i da go zakazeme konecno carskiot uhhhh edvaj chekam, no i nekako panika me faka. Ova za stvrdnuvanje na stomakot da znaesh normalno e. I mene chesto mi e taka i ne obrakam paznja, samata doktorka kaza normalno e i do 10 pati vo denot da e tvrd. Bashka i bebe ako se svrti ba e so grbot napred normalno e da ti e taka stvrdnat. Posetava na wc me ubi veke psihichki hahhahaa bukvalno na 10-20min, noke nemozam da spijam. Taman se namestam i legnam oppp stani za u wc i sve taka do sabajle i veke se otkazuvam i ne legnuvam . Eve sega pak se fakam so rabota niz doma poleka poleka so pauzi. Ve gushkam site
Јас да ти кажав накај 30та недела уште немав одлучено кај да раѓам и имав страшни болки и стомакот камен ми беше, бев на гак итно во 12 вечер и ме ставија на цтг, цтг мирно без контракции. Ми рекоа дека е проблем некој од храна, да пазам што јадам, зашто и нетолеранција дуе стомак, а замисли тек труднички стомак да се подуе, затоа се тие болки и камен стомакот. А јас јадев многу работи во еден ден, не многу т.е. мешав доста работи. Напиј се 500мг магнезиум, мислам дека таа доза е макс, ако може и повеќе, напиј се. И јади си нормално пак, на крај си како и да е нема да се здебелиш, ако тоа се плашиш
Исто сум и јас.Дома работеме, средуваме се и по цел ден само тоа. Ми се шета многу на ова топло време, ама си се тешам дека уште малку има, и после сами ќе си седеме. Ќе се спремаме за бебенцето и ќе си го чекаме.
Форумче ти која недела си? Јас од понеделник 19 та , на пола, ми се чини дааааалеку, а и се нека биде како што треба. Нели и на боледување сум, минимално се движам, на тераса, до аптека, маркет. А и ова докториве , викам треба ли да мирувам цело време , паааа пожелно е, но нема правило . А работата иако ми е напорна , ми фали Сум се навикнала на брзо темпо . Сепак решив да не се правам фраерка и да се погрижам за баткото во стомакот максимално
@mariz само во 4ти месец бев топка, а сега во 9ти некако и слабичка сум. Не внимавам дали ќе се здебелам или не ама цела бременост сум иста само стомакот расте, таков ми е организмот. Сега во 9ти немам ич апетит и како да ослабнав малку. На контрола во 36та недела бебето 3 100г се чудев како качило толку кога мамичка ептен слабо јаде ама и тоа е генетски изгледа, јас и мм околу 3 300 сме се родиле и тоа ќе биде тука некаде. А според исхранава искрено очекував околу 2 500г дека ќе се роди.
@eli25 Јас за два дена влегувам во 15-та недела. Изгледа и моето е машко, нека се живи и здрави. Не сум вработена јас, ама активна сум колку можам. Им помагам на мм и свекор ми кога им притреба помош при работење на спратот. Ама бргу се уморувам и гледам да не се напрегам многу, ме боли понекогаш стомакот ама со мирување поминува. Ајде ти скоро си на пола, додека трепнеш ќе мине времето ќе видеш, после ќе си се гушкаш со бебушот. За облека гледам се дискутирало овде, мене сите фармерки и панталони веќе ми се тесни. Сакам да си купам хеланка-фармерка, имам едни баш се удобни, барем уште неколку да си купам. Тешам си се оти иде лето, па нема да се стегам во фармерки или панталони, едно фустанче на мене и толку. Не сум љубител на обични хеланки.
Браво за тебе мене искрено апетитот ми е зголемен кркам што ќе стигнам. Јас забележав дека многу ми е тешко кога јадам месени домашни работи пити кифлички.Исто киселини ме убиваат ноќе од ова. Јас мамички сум здебелена многу во бременоста еве пред некој ден ме мереа имам 88 а почнав со 65 порано ми велеа дека сум многу слаба бидејки сум и многу висока скоро 1.80 ама иако качив многу килажа не сум некое буце да речам. Џокерче генетски ако одам кај мене јас водам многу сега за нас смешна но тогаш за мајка ми тешка приказна.Рподена сум 900гр во 7 ми месец, мајка ми кога ми раскажува што се јадната правела искрено сега ја разбирам, но еве сега си зборуваме колкав човек сум А моево го кажуваат дека скоро 4 килца е И мене ми се стега стомакот дури многу незгодно ми стане осекам како грчеви да ме факаат Ама и јас се мислам дека е од јадење.
Истото ми се случува и мене со грчењето на стомакот. Ме тера малку да се истегнам. Ај добар ден на сите.Јас го искористив денот додека не завена за прошетка. Ве поздравувам сите.
Тоа си влече колку му е потребно, нема врска малку, многу јадење. Инаку исто и мене месени работи, кифли ме дуваат и тогаш и ден денес... Јас првата бременост па машала 100кг се напраив, а почнав со 70кг, 180 сум висока, сега оваа бременост морам да пазам. Мада и првата не јадев претерано многу за толку мн да качувам.... не ми беше откриена тироидната и мислам она ме поду....
Девојки смее ли да се користи спреј од прополис за грло во почетна бременост, некако како да ме гребе грло. Упатството го имам фрлено и неможам да прочитам.
@eli25 ми се случува истото со грчењето на мешето уште од самиот почеток на бременоста.Многу се плашев а сега гледам кога ќе се разбудам свесно малку по малку да ги истегнам нозете за да не ми се случи тоа, иако е како некој рефлекс и без моја волја.Гледам и @Ano пишала.
Буквално вака ми се случуваше. Во почетокот ќе се штрекнев, а со тек на време си направив ритуал, да ги истегнам нозете полека додека лежам, пред да станам и така ми се опушта телото и не ме штрека непријатно
Побарај на интернет како се викаат капките и упатството.. Мора даа го има.. Мада мислам дека не штети ама пак провери
Јас на спрејот од Галафарм читав дека не смее прополис. Побарај упатство и прочитај или консултирај се со матичен.
Jas vo 8 nedela koga bev me grebese grloto. Si pregoriv seker dodadov mleko I margarin da vari tri pati se napiv I kako nova. Probaj I vkusno e
е па женски на 15.03.2017 на свет дојдоа нашите ангелчиња.само што влегов 36+1 одма ме породија со царски немаше вода а и плацентата беше премногу зрела.бебуши се супер јас пак заглавив со желудникот.одам секој ден на инфузии зошто што и да касанам повракам па утре ке снимам желудник. на сите ви посакувам лесен порагај.јас поминав прописно ама заглавив после дома.дури бевме на болница супер бевме сите мене дури и ми се јадеше.ама дома заглавив дали од многу апчиња па го оптоварив желудникот не знам.поздрав сите ве гушкам