Кај тебе мила колку беше? Мене 90 со 60,70 обично. Вчера само ми беше 100 со 70 што е реткост. Јас не памтам да сум имала 110 или 120 никогаш
Мене и сега ми е стандард 90 со 70-60 а тогаш имав во три наврати јака хипотензија со 60-40 Мора контрола редовна, иако од висок се плашат повеќе. Ти добра си, ајде релакс, кока кола и .
Јас сум денеска со болно грло и се плашам да не се влоши ептен.Незнам што да се напијам, имам едни многу ефикасни бонбони ама на нив пишува не е препорачливо во бременост освен ако мора, така нешто.На бугарски пишува.
Идни мамички во еден ден ги поминав сите емоции од среќа, возбуда, тага и на крај завршив со плачење. Ако ме праша некој зошто немам конкретна причина. Дали хормониве ме зезаат или....
Јас имав низок притисок цела бременост зашто и онака ми е низок. Мислам не е за паника, ама ако сакаш исконсултирај се со гинеколог.
Пантенол ќе ти помогнат. Јас ги пиев додека доев. И за бремени и за доилки е. Мн ми помогна за грлото.
Не е поразлично од компјутер. Се одбира прикачи фајл, choose file и ќе ти даде да вираш од каде сакаш да одбереш слика. Може финеси да се разликуваат во зависност од телефонот
За грло земав од др. Тајс ангисепт од жалфија. Деновиве имам друга мака, носот ми е затнат многу навечер не можам да спијам. Цела бременост ми е така, ама сега мислам од настинка е Што може да користам? И уште нешто, овие 2,3 дена како да ме пецка, скокотка папокот, нз како да објаснам.... Порано немав , 19+2 сум
И јас сум со низок притисок - 90 со 50, 100 со 60, пред бременоста без кафе не можев да функционирам од главоболки, а сега не поднесвам кафе, а ни главоболки немам. А притисокот си е ист, и јас не знаев дека не било ок
И јас имам константно низок притисок, и пред бременоста, на секоја промена на времето ме боли глава, омалаксаност и сл. И сега ми е низок, мене на секој преглед ми мерат притисок, и првите пати ме прашуваше сестрата дали сум јадела .. но тогаш се чувствував добро и баш ми беше чудно, а притисокот низок. Последниот пат само ми рече е сега е добро (90-60) Д-р ми рече нема опасност, не ми е толку низок, а и да си следам по тоа како се чувствувам, ми рече да си каснам парче сирење, или нешто друго солено, да се напијам вода, или кафе (но јас не пијам баш) и така. Мислам дека се додека е во некои граници нема проблем, а и општо може само да ти се спие, да те боли глава, и да ти се врти. Сепак консултирај се нареден пат, мерете и види што ќе ти кажат.
Исто, ја мислев пак лошо е висок. И ете чепкам по нет за низок притисок и бременост и се извадив од памет
Pantenol таблети за шмукање се еднаш во текот на бременоста многу настинав грлото ми беше ужас освен чајчиња што ме умируваа кога ги пијам само овие таблетки многу ми ја смирија болката во грлото. Матичниот ми ги препиша.Прашај во аптека.
И јас да се пријавам дека сум со низок притисок. Особено летно време имам, а сега како што идат жештините страв ме фаќа. Страшно омалаксана сум, млитава, со главоболка, вратоглавица и постојано ми се спие. Два пати само мерев во бременоста, првиот пат кај докторот и ми беше супер, а после патронажните ми го мереа и ми беше низок, не знам колку. Кога ќе осетам дека ми е низок газиран сок пијам и кафе, ама сега кафе не можам да пијам, солено многу не јадам за да пијам повеќе течности. Не знам како ќе издржам цело лето.
Мене притисокот пред бременост ми беше 80/120 70/110 во бременост цело време 60/90 ама никој и мене ми нема спомнато дека е лошо низок притисок ми велеа повеке течности само кафе да си пинувам ако можам и дали ме бутка ме прашаа еднаш, ни реков не и добив одговор па ок е тогаш можеш да го подносиш. Сега последен пат ми беше пак по старо 70/110
Јас и ти мила повторно со иста приказна, и мене ме фатија привремени бодежи и сечења баш во долниот дел на стомакот, една паника што да ти кажам само да не биде нешто пред време си викам...ама за среќа не беше...ја прашав и матичната и она ми кажа ако нејќеш пред време да се породиш малце повеќе ќе мируваш,а јас ко црвец место не ме фаќа Е сега јас и ти мора да мируваме ако сакаме и породилно да фатиме...и таа приказна ни е иста...јас на ова работно место правам 6 месеци сега во април и мора да издржам да не се породам...ама ако напне малиов ќе баталам и породилно и се ..нема бегање тука Ајде мирувај сега, пиј магнезиум и мислам дека ќе го фатиш терминот....со лесно
Не си правете паника џабе со нискиот притисок, 90 со 60 не се смета воопшто за многу низок во бременост. Мене ни еднаш во бременоста не ми бил над 95. Членката кажа дека и бил 60 со 40 и на тоа сакаше да предупреди. На сестра ми долниот и беше наметлив во бременост. Тоа се ретки случаи. Уживајте
Да ти кажам право не ни планирам да отворам да читам, веќе од памет сум извадена од се досега шо имам прочитано, доста е
Не е опасен нискиот, нели подобро низок отколку висок. Ама, многу смета, едноствно не можеш да функционираш како што треба, особено ако ве бута како мене. Јас зошто не сакам многу жешко време, од дека ми е жешко па и низок притисокот. Поладничко поубаво.
И јас сум цел живот со низок притисок. Ние сме навикнати на некој начин на тој притисок и не верувам дека ќе ни прави којзнае какви проблеми. Валјда проблем е ако предходно некоја имала висок и сега нагло во бременост мн. низок па самиот организам неможе да го поднесе тоа, а и обратно... ако некоја имала низок па и се качи притисокот во бременост. Исто проблем е и ако се зближат двата притисоци, а вака со низок, ќе си каснеме соленко, малку кока кола или кафе и ќе ни се качи малку. Убав ден на сите
Ahhahaa bivashe li sve isto da ni se poklopi. Ushte cimerki u soba da sme ostana shto moze i toa da se desi, ke ni bide zabavno Ostanuva sega da namalime so nashava aktivnost i brzo tempo, zdravje Boze ja vikam barem sinko do 38ma nedela da si sedi vo meshe. Posle sum na kontrola pa ke vidime shto ke kaze doktorkava. Ajde ushte malku pa ke si se gushkame so bebulinjata za Veligden