Исто и кај мене, 90-60 стандард. Испаничив, брзо на брза помош. И ми рекоа ништо не ти е, нормално е тоа во бременост.
Јас не знам во бројки колку ми е ама матичниот кога ми мереше ме праша како воопшто сум успевала да стојам на нозе и јас му викам дека ништо не ми е, три пати ми мереа не им се веруваше дека толку низок притисок имам. Ми рече дека не било ништо страшно демек низок притисок долг живот хаха Па откако дознав дека ми е низок пиев почесто кока кола зеро
Дел од бременоста мајка уживај и кулирај Кога ќе ти дојде смеј се кога сакаш плачи што сакаш прави што ти иде од внатре хехех за нас жените и онака е познато дека можеме да се смееме и да плечеме за една иста работа па камоли во бременоста ние жените сме закон и моќ посилниот пол би рекла поиздржливиот
И јас да се пријавам со низок пристисок посебно во лето ,како ќе издржиме незнам . Ќе собереме сила . За перницата видов дека сте пишувале ,прашав јас 1750 ден е плус 80 ден испорака. Планирам да ја порачам и јас . Таа од енци менци 3800 мн е скапа
Мамички да ве прашам и вас, пишав во соодветната тема но во паника сум и не ми се чека .. Пријавена сум на пола работно време, ме пријавија кога дознав дека сум бремена и ќе имам повеќе од 6месеци за таман да фатам услов. Но дали со пола работно време ми следува породилно?? Ако знае некоја ТОЧНО И СИГУРНО да ми каже?
Мамички, трет ден пијам Фемибион 1 и забележувам мокрачата јако ми мириса и сменета ми е бојата. Дали е можно од Фемибионот да е ова.
Здраво мамички ајде да пишам и јас нешто. Големи се 15+5 и уште не знаем дали е машко или женско. Гинекологот ми кажа дека е мало и уште не може да каже какво е. Нормално нели да е живо и здраво само , но искрено ме копка да знам какво е . На вас кога ви кажаа за полот ?? Јас три пати го сонувам дека е машко, дали од преголемата желба не знам . Читав по форуми дека ете какво јадење сакале па по тоа се откривало дали е машко или женско, па не знам дали високо или ниско го носиш- а инаку сум слабичка и мешето малку се познава ... кај мене симптомите се микс комбинасција од двете - има врска тоа или не ?
Јас користам спреј за нос, детски. Од пред да забременам користев за возрасни, затоа пто редовно ми е затнат носот, ама откако забременив, првите 3 месеци не знаев дали смее или не и си го користев. Потоа д-р ме советуваше детски. Јас не можам да дишам без нив, а не сум пробала и ништо. Притисокот ми е 80 со 60, со 50, но не осеќам ништо поразлично од претходно.
Има ли некоја на која и рефундираат пари за клексани? Минатиот пат ми ги рефундираа за 3 недели, а сега месец и нешто нема. Сестрата од матичната ми вика по 2,3 месеци рефундирале, си имала среќа првиот пат. Бре, што држава сме. Кампањи фрчат за многудетно семејство, а каснат и со породилно како што знам. Добро, направија се бесплатно барем за трудници.
Ако не ти се пијат лекови направи си прегорен шеќер со млеко и маргарин. Многу помага за болно грло или гаргара со млака вода и сол.
Можеби паничам без причина но да си прашам Последните два дена бебето многу клоца. Ми се чини дека ќе излези преку стомак од што се силни ударите. Моментално сум 25 недела и дали е тоа нормално за неделите или силните удари ми се поради тоа што овие неколку дена сум цело време вознемирена под стрес поради некои проблеми.
Мешковци кај мене ништо уште... сега си доаѓам од преглед, ни к од контракција ама нели не мора да значи дека ќе е така до вечер збунка сум скроз, од време на време ме доболува ептен, па едни викаат лежи, други шетај. Бебе не престанува да мрда исто како во 6ти и 7 ми мес кога боксираше, а сите викаат сега скоро и да не го осеќаш кога ќе мрда дека нема простор, ма да мене стомакот ми е огромен... За притисокот, ми мерат на секоја контрола, долниот ми е секогаш низок. Колку што знам јас не е проблем никаков нискиот, само висок да не е. Перниците за трудници мн скапи ми се гледаат кај нас... јас мојата за 15 евра ја купив. Да можам некако од тука би ви пратила да не плаќате дупло. Ваква иста имам, си ја местиш како сакаш, не е многу цврста како тие од стружанка преполнети што се, ептен по мерка ми е.
Хехе јас пак мн. сакав девојче и сонував 2пати дека сум родила девојче, но неколку дена пред контролата сонував машко и испадна дека е машко. Иначе мене во 17+0 ми кажаа. Во 12та недела на скринингот неможеше убаво да се види. Јас имав слушено дека ако повраќаш мн. тогаш е девојче но јас еве денес сум 17 +6 и уште повраќам скоро секој ден, па машко бебе носам. Така да јас мн. не верувам во тие работи. Најважно е да е живо и здраво
Мене ми кажаа уште во 12та недела. Зависи од тоа како е поставено бебето. Некои се кријат подолго време. Ти веќе ќе бидеш 16та полна недела и во тој период воопшто не е мало. Може без проблем да се види,пак ќе речам ако е добро поставено. Инаку да се надоврзам и јас на муабетов за притисок. И пред бременост и сега, цело време сум со 90 со 70. Пред некој ден ми се слоши и излезе дека притисокот ми е нормален. Значи мене ми смета нормален притисок.
Генерално јас имам низок притисок и сега мислам дека е таков 110 со 90 а може да иде и надолу. Со повраќање немав проблеми многу , ама со главоболки до 3 месец пукнав. Секој ден ме болеше главата по едно одбри 4-5 часови. Сега веќе се стабилизирав
Супер, на толку трошоци уште да си почекаме. Ја уште не можам да разберам зошто мораме да ги плаќаме приватно па дури после да ни рефундираат.