Нагони на повраќање немав многу, генерално беа мислам во нормала од време на време, ама пак за тоа имав страшни главоболки, секој ден ме болеше главата по 4-5 часа. Сега веќе кога влегов во 4ти месец ми се намалија. Сестра ми со првото машко се утепа од повраќање, пред да се качи на бокс поврати па после се породи нема правило
Во врска со перницата, јас сум многу задоволна, имав проблем со спиењето уште во 5ти месец кога почна така повеќе да ми расте стомакот. Сопругот ми ја купи за роденден од овие што имаа огласено на Grouper, ама преку ФБ. Кога се јави му кажаа дека може и сам да ја подигне, мислам дека ја плати 1650 ден, а видов дека си пишува редовна цена 1750 на ФБ. Негде позади Универзална ја подигна, таму се нашле со типката. Е сега сум веќе 8ми месец и малку ми се сплеска од што тежам повеќе. Навлаката се вади за перење. Се надевам ќе ја користам и за доење и да правам барикада за бебето
Јас направив сама крема од павловичева, бадемово масло и ад капки. Еднаш дневно ставам, а ми ја одржува кожата мрсна и еластична.
Е ајде де. Мислам се за бебчо, ама не се малку пари. Клексани месечно 8000, фемибион 1000 ка, метилирана фолна иде маж ми у Србија по неа, утрогестан секоја недела купувам, и плус прегледите во Ремедика и имам скрининг месецов. Ама не купувам веќе ништо за мене си реков за бебчо нека оди се Сега ги чекав парите оти на маж ми му е роденден па сакав нешто убаво да му купам. Е , и плус да додадам морав да купувам нешто трудничка облека. Сега ќе морам и долен веш, сите долни маици ми се креваат горе оти мешко порасна.
А тие таблетки за грло Пантенол кој треба да ми ги препише општиот матичен или со гинекологот да се консултирам? @LanaDelR , @LadyC ?
@V.odolija За грло мене ми помогна топла лимонада со лажичка мед и исла пастили за шмукање, дозволени за трудници. Пантенолот ги имав од мк донесено, сите ги потрошив и не ми помогнаа, после па ова се најде како поефективно. Пробај, од нешто ќе помине сигурно
Прашува пријателка, но и мене ме интересира. Јога за трудници дали има некаде? Едно време имаше и бесплатни часови, оди некоја од вас некаде на вежби?
@Mari-Ja пијам лимонада со мед цел ден, само не е топла.Незнам дали ќе ми помогне домашно нешто затоа што од искуство ако сега не спречам за два три дена ќе стигнам до антибиотици.Јас имам едни бонбони ТАНТУМ ВЕРДЕ од Бг ги купуваме и многу се добри и ефикасни ама ете на упатството пишува дека не треба да се користи во бременост освен ако не е "наложително" , претпоставувам дека тоа наложително е нешто како дадено од лекар или штознам.
таблетките се за шмукање и се околу 120 денари, нема потреба од рецепта , потполно се безбедни за трудници и доилки, впрочем јас кога бев бремена ми рекоа дека само овие и се дозволени во бременост.
Женчиња, да ве прашам. Има ли некоја од вас што следела бременост само во приватна клиника, а не одела кај матичен или немала воопшто?
Перницата за трудници ја има на групер 1690 ден. Овие изгледа не прочитале дека сакаме да купиме , па ајде