Јас па се прашвам дали е можно вакви турбуленции да имам во бременоста: дури ги пиев антибиотиците бев болна, в кревет легната со гадење и повраќање, без ни малку апетит. После тоа 2 недели супер енергија, никакво гадење, апетит петка...се до вчера, кога од цел ден шетање и се во најдобар ред, вечерта ми се слоши и повратив и еве денес сум пак како со гадење и без апетит. Нормално е вака? Како да си поможам мешиња?
Се сложувам, мила. И јас си терам. Не кревам вреќи на пример ама си чистам, си ги вршам сите домашни обврски. Зашто претходните пати многу се пазев што се вика, па бременостите ми завршија лошо. Како што е Господ никој не е. И сега се пазам, не викам не, и мислам и имам страв, ама што треба си кревам и малку потешко зашто нема кој да ми средува, сами си живееме со мм.
Уф. Јас па од пусти страв се пазам. Што сама што другите околу мене што викаат по мене. До пред скоро ни машина за садови не ми дозволуваа да раскренам. Знам дека е претерано и ова ама полека почнуван да се опуштам и да потфаќам, колку што ми дозволуваат
Se pazam i jas zaso mm mi estrav. No pak doma si mijam sadovi pruzam alista jadenje se po doma osven majka mi doaga da ukluci pravosmukalka I wc zaradi sredstvata mm mi se jaki sega. Stom ke osetam zamor si legnuvam i gledam tv igram igri na FB malku i taka. Ijas sum sama po cel den maz mi nakaj 6 si doaga doma pa se druzam so vas I tv
2700 машкото 2400 женското.јас дури сега открив зошто не можам да јадам од кога бев 6 месец до денес.никој не ми кажа дека кога се прима клексан ОБАВЕЗНО треба да се зема терапија за желудник.сега дур се опоравам ќе си прима инекции секој ден. кај десет доктори бев и никој да не ми кажит за последиците од клексан?
Iki duso, sledi gi upatstvata sto ti gi dale i ne se voznemiruvaj. Obidi se da se opustis, i kako sto ti rekle, lezi i ne mrdaj navamu-natamu. Isklucivo za do wc samo. Ima zenicki od razni pricini trebalo i celi 9meseci da gi lezat, pa na kraj si rodile zdravi i pravi bebusi. Samo opusteno, bez nervozi, i strogo horizontala. Se ke bidi vo red. Te guskam
Мене истото ми се случи во 13 недела и лежев скоро 5 недели, фала му на Бога сега сум 25 недела и бебето супер напредува, слушај го докторот, како ќе ти рече така прави и имај верба, гали го стомачето и се ќе биде добро. Ве гушкам
Zivi I zdravi da se bebusite milaa, a tebe ti posakuvam sto pobrgu da oporavis zasto sigurna sum ne e lesno so dve angelcinja Mislis deka od kleksanite ti se loshelo?
Добра вечер женски. Јас си купив на своја рака Магнезиум со Б комплекс прашок. Пред бременоста го користев, ми трепереа некои мускули на телото и лицето, ми беше многу добро од нив, сега пак почнаа да ми треперат и си ги купив. Докторот не ми е кажал да користам, ама секако не се штетни нели, напротив се препорачуваат. Уф едвај чекам да дојде наредната недела, на контрола сум, ќе го видам колку е пораснато и конечно кој пол е, леле многу е ова чекање еден месец.
Направи си раствор од сол и вода и ако имаш капалка стави си во носот, или па во празно шишенце од капки. Малку пече ама го одзатнува носот за брзо. Или па стави си од растворот во дланката и шмркај, непријатно е ама помага, од искуство ти кажувам. Инхалатор смееш да користеш.
Денес бев на преглед, прашував за спреј ми рече може аква марис. @Miami1 јас првпат слушам за клексаните, ај за аспирин да разберам ама ова кој ти го кажа дека мора терапија за желудник ?
Добро вечер женички како сте Ние растеме почнавме и убаво да се познаваме во мешето. Ве читам редовно ама никако да стигнам да ви пишам имавме и смртен случај во блиска фамилија и многу плачев и бев тажна ама издржав ради бебчево во мене. Бев и на преглед се е во ред се развива добро и си расте и се потсмирив малку... Чуствувам некое опуштање и стегање во маткава и страв ме фаќа ама не трае долго а и нажалост немам баш време да си посветувам сама на себе и да лежам и да уживам во бременоста како што замислував,а и имам стресови ама бедоксин пијам и се смирувам... Имам огромни болки во колкот 10тина дена,кога одам кривам и многу често се укочувам ако се навалам,свиткам и сл. Толку од мене за вечерва,чувајте се идни мамички се ќе издржиме за нашите малечки,позз
Најубаво прави си инхалации со физиолошки раствор или доколку немаш инхалатор земи шприц и со него од растворот ставај си...и мене пред два месеци ми беше затнат носот и само тоа ми помогна...изнакупував какви не капки и спрејови ама ништо.
Јас почнав малку со мачнини, но не е страшно. Само најлошото е станувам и не ми се лоши ич, пијам Еутирокс со малку вода и после 10мин одма ми се повраќа Ај си реков чекај ке станам, ке седам повеќе будна да чекам да ми се повраќа, да повратам и после да пијам апче... чекај чекај мене океј ми е, се напив и за 10мин нагони одма доаѓаат.... Може без вода да го пијам тоа апче? Така да го голтнам.. зашто мислам од водата ми се повраќа....
Mamicki nie sme veke polni 4 meseci, bevme vcera na lekar, to samo gi vide rezz od priska deka se dobri i mi kaza da dodjam na pregled za 4 nedeli. Znaci ke bideme togash polni 5 meseci a ushte ne znaeme sto sme prvence mi e i ne znam nekako sum netrpeliva da go doznaam polot na bebeto. Aj ve molam pishete nekoj privaten ginekolog kade ke moze da zakzam termin za da ne vidi porano nekako sum netrpeliva Probaj so Aqua Maris sprejot za nos na baza na morska voda, mene toa mn mi pomogna. Za inhalarot ne znam