Мешиња, поздрав до сите. Редовно ве читам на оваа тема и најмалку би сакала да почуствувате некаква нелагодност или било каков стрес поради истата, а најмалку поради модераторскиот тим на фемина. Не, не сум трудна. Трудничкиот стаж од 9 месеци ми заврши, иако во моментот на пријавување за модераторкиот тим сеуште имав меше. Верувајте дека после две бремености, од кои едната е прилично пресна, многу добро знам низ што мине секоја од вас и сеуште ми се во сеќавање истите прашање, недоумици и стравови. Покрај брзиот одговор кој некогаш и те како им е потребен на девојките тука, мене од огромна важност ми беше да прочитам и искуства на девојките кои веќе се соочила со истата проблематика а и прашањето да не биде веќе заборавено на наредната страна. Конкретно, @Black girl веднаш доби одговори и во соодветната тема, на моја, а се надевам и на нејзина радост не само поради заживување на истата и можност да се помогне на други девојки кои ги имаат истите недоумици, туку она веднаш да добие на прашењето кое во моментов ја мачи. Ова е една од најубавите теми и се надевам дека ќе биде место за радост, утеха, советување и многу повеќе, но не и место за негативности предизвикани од наша страна. Ве замолувам да не ја полниме со офф топици. Целта на формирање на нов модераторски тим беше токму воведување на поголема прегледност на темите и некои промени, па ќе се обидеме да го извршиме тоа на најдобар можен начин. Ќе се потрудиме подобро да проценуваме кој пост евентуално би бил поадекватен за во некоја постоечка тема а кој е можеби подобро да биде запишан на овие страни. Уште еднаш поздрав до сите.
@danichap верувам дека добро си упатена во темава како некој кој до скоро споделувал мислења во неа. Незнам дали си ти модератор на оваа тема конкретно , но ете наместо да направи прегледност модераторов направи мал хаос и нервоза кај трудниците кои се навикнати да комуницираат овде. А нервоза кај трудница никој не би сакал да предизвика Зошто не ја оставите оваа тема на мира да не речам.Како што била до сега нека си остане така. Замислете модератор во темата 40 плус да почне да ги става мислењата во соодветни теми.Тогаш таа тема ќе ја снема, исто како и оваа која функционира на истиот начин.
I jas mislam deka ova ne e vo red. Eve primer jas za folna napisav najopst komentar i gledam oidma staven vo druga tema a mnofu pati nanazad se komentirase za folna pa nikoj ne se bunese site si bea zadovolni. Sega stvarno ne mi e jasno sto treba da pisuvam vo ovaa tema. Ostavete kako sto si bese do sega.
No nemozeme sekoja tema poedinecno da ja otvarame. Eve na primer nema da ja otvoram nekoja tema sto vo momentot ne me zasega, a mojot odgovor bi I bil od golema korist na nekoja clenka sto postavila prasanje vo taa tema. Jas koga sakam da najdam nesto si go koristam prebaruvacot. P.s. se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam.
I koga ima tolku mnogu clenki sto ja sakat ovaa tema takva kakva sto e treba da razmislite zaso mnogu ke se otkazat od bilo kakvo komentitranje a ne e toa poentata.
Се дружевме и дур беше трудна. Самата знаеш како функционираше темава и темава секад била супер. Но, за два дена се створи нервоза и направија хаос. Ништо лично, но некоја што не е трудна и не била не е компетентна да се меша со и во тема со трудници. Како што јас неможам да ги сфатам оние кој имаат по 2деца какво им е темпото на секојдневен живот, што ги мачи и како се осеќаат, така и некоја што не го поминала ова неможе нас да не сфати. Ова е општа тема. Тема има 1во, 2ро, 3то тромесечие и таму се дружиме. Тема има за имиња и таму се дружиме, во темата со стомачиња, породилни приказни, царски рез, што да се спакува за во болница, што е потребно за новороденче итн. Значи срцко во сите теми си се дружиме и пишуваме и читаме ако нешто сакаме. Ноооо, оваа е општа тема кај што ни е издувен вентил и функционира исто 2820страни и оставете го топ си е. Си била трудна и знаеш сама, оваа кавга и нервоза најмалце ни треба. Место да си дискутиравме денес како и до сега, се напнавме и се вртиме у круг. На ниедна не ни одговара ова бришење и преместување. Не ни одговара 2 дена по пп си пишуваме од нервоза.
Ајде смирете ја топката малку. Дали некоја била трудна или не, не е релевантно во случајов и бидете повнимателни дали можеби би повредиле нечии чувства со такви изјави. Модерирањето е чисто техничка работа. Модераторките се водат по правилата. Темата првично беше отворена за секојдневни муабети, баш онакви обични, денес мака ми е, денес не ми е, бев на скрининг бебе е супер, па за некои побанални прашања за кои нема тема. Ама поентата на еден форум е да има најразлични теми за да биде прегледно. На пример сакам да прочитам за д димери искуства, сигурно нема да скролам низ куп страници тука, одам во конкретна тема и читам стриктно за тоа. Сакам да знам што да спакувам за пораѓај читам кај што треба. Оваа тема го конзумира цел подфорум и мора малку да се растерети. Не значи дека секое едно мислење ќе биде преместено, ама ред треба да се има. Мајчински муабети перфектно функционира, совети се бара кај што треба, секојдневие се споделува кај што треба. Бидете поздравени и галете мешињата.
Togas treba da razmislite i dali nekoja od temite voopsto treba da postoi zaso ima nekolku temi koi se odnesuvaat na isto a stojat kako posebni temi, temi eden kup od koi nekolku stvarno moze sa se spojat vo edno. A ovaa tema e opsta znaci muabeti za bilo sto sakame povrzano za bremenosta I kako takva treba da ostane kako sto e do sega. Mislam deka mislenjeto I na drugi clenki e vazno neli?
Ај да сме 30+ како во мајчински муабети, па да не карате зашто не прашуваме во соодветни теми... ама вака сме помалку и јас ако прашам во соодветната тема ми враќаат по 2 дена, а може ми треба итно. Освен трудници во тие теми ретко да влезе некој друг... а има трудници кои немаат искуство да кажат нешто +, само ке го видат прашањето и ке си отидат од темата. А оваа тема има многу повеќе членки кои ја надгледуваат (трудни, породени, мајки со искуство, па и други женички) и многу побрзо ке одговорат на прашањето. Така функционира темава одамна, баш тие теми за совети (прво, второ, трето тромесечие) се непотребни (што е до мене може и да се избришат) Оваа тема е од поголема помош за секој наш проблем и брз одговор на прашање...
Пред некој ден една членка пиша дека крварела и баш сите и дадовме совет. Значи таа членка требаше во посебна тема за крварење да пише? А таму сигурно ќе добиеше одговор по 10 дена. Ама ајде.
И во врска со пишаното: ако ме интересира нешто треба да се скролаат 100 страни за да најдам одговор. Хммммм не се слагам Доволно е секоја едуцирана и има познавање дека на лупата горе, ќе си пише што ја занима и ќе излезат постови во врска со тоа што не занима. Немојте да барате игла во сеното за да се оправда оваа напнатост, незадоволство и нервоза од нас членки тридници кој си функциониравме многу убаво. Во однос на муабетот : дали е трудна некоја од оние кој го направија хаосов.... пишав ништо лично. Без намера да навредам некоја зашто сум една од ретките кој 13ипол год сум без дете и со инвитра премногу зад мене. И тие 13ипол години ниеднаш не влегов да читам вакви теми, не давав мислења и совети зашто тоа го немав доживеано и неможев да знам како е. И сега од оваа гледна точка : нај нефер, грев и подло е да ремети некој и да нервира трудни жени. Тоа би било како сега ние кој сеуште не сме се породиле и немаме дечиња, да коментираме, читаме и паметуваме на теми или пријателки кој се со деца. И пак ќе пишам : ништо лично, но ако се сака може да се разбере што сакавме да кажеме ние кој сме во темава. И место денов да ни функционираше нормално на нас, на дел од нас кој сме пред крај да сме опуштени и да си дискутиравме што и како..... се изремети све и денов отиде во неповрат. Темава ептен супер 2819 страни си функционираше и поминаа некој и 3 бремености во неа. За 2 дена темава се уориоасти и се створи непотребен револт кај нас трудници на кој најмалце ни требаше нервоза и напнатост. Али штета тоа неможе секој да го разбере и сфати. Се извинувам ако имам печатни грешки од друг мов пишувам
Хаххахахаа ме изнасмеа за цел ден срце мое Немаше ни за 10дена да добие одговор... зашто која ај реално од нас би отворила на таа тема и зашто би отворила? Ја никад не сум отворила нит би отворила, а верувам ни 90% од мешковци не би отвориле Прв пат лани во август кога прокрварев одма тука си пишав и добив многу совети кој ме смирија и помогнаа. Замисли таму да пишеш....дур добиеш одговор психички ќе паднеш и ќе заврши све неубаво.
Доаѓаат нови модератори па ставаат нови правила.Ми поставуваат прашање во тема ин витро,враќам а админите ми местат одговори бришат.Со кое право?!Сега и ова ке биде избришано 100%.Пореметија се живо.Нека ја затворат тогаш темава и сличните на неа.Ке бркаме одговори низ форумов
Ајде доста беше, дај да си ја разубавиме темава пак @stevemila баш би ми било мило да останеш тука и да не дружиш повеќе Јас и ти ке се бркаме ептен до крај Како си, мешкото видов пораснал, пркна и мојов.. дури веќе може да приметат и другите дека не е ова најаден стомак, туку труден Него сакам да прашам за фарба за коса, сакам да се фарбам костен темна... слушнав треба некоја посебна безбедна (без амонијак мислам беше?) Кои фарби се такви? Да не има посебна тема за фарба во бременост, да прашам таму
И ние вчера го видовме бебчо...сме пораснале...мајкино многу беше немирно и едвај измери се. Прво си седеше на газе после почна да скока. Денес сме полни 13 од утре 13+ значи влегов во 4 месец. Секое ехо ми е ново доживување. Ми рече да паузирам со витамини до наредна контрола, зошто железото ми е јако, па да не ми створи дополнителни мачнини, да се смирам малце. Сега кога видов се, главче рачиња ноџиња, рбет се освестив дека не сонувам. Ах уште сум возбудена.
@stevemila ни беше малку подналутена кога ја каравме дека многуууу паничи И реков тогаш ќе види дека ќе се смее еден ден на све тоа. Ја оставив да се издува во темата 1во тромесечие и сакала нејкела ќе се врати тука, зашто таму имаат 2-3 поста у ден Ајдееее М...а убава таа добро ни дојде пак @mariz најискрено од суѓестија првиот пат со таа вез амонијак се исфарбав. Али еве до 9ти месец си се фарбам со нормална фарба. И се фарбаат, лакираат и ништо лошо нема да биде уживајјј. Треба да сме убави, средени и миризливи трудници Јас 2рата Бетахцг на 14ти ден ја чекав у салон си правев надградба на нокти кога ми се јавија