Многу зависи и од самото ехо, поставеноста на бебе, напредокот на развој (мене ми го водат 1-2 недели понапредно као) и највеќе зависи од стручноста на самиот гинеколог дали ќе може да го види полот. Ние видовме куре буквално ни зумираше и сликичка ни даде Приска некој прават некој не. Најбитно на првиот скрининг е нухлеарниот набор ( имаш на гогле за тоа) се гледа на самото ехо се мери. Јас и приска си направив за секој случај да си го направам редот како што треба Некој неправат не е морален.
Срцко и јас сакав Тања да ме пораѓа и така бевме договорени. Newborn требаше најкасно Март да го отворат делот за операции и пораѓање во дел од болницата Филип 2ри. Ноооо, нели ова е Мк и кај нас е хаос и еве еден потпис го чекаат со месеци и неможат да ја отворат болницата за да почнат таму. Иначе и јас чекав и се надевав, но ете јас сум пред крај и не е уште отворено. Можеби ти ќе ја затекнеш ќе си таа среќа па ќе се отвори и ќе те пораѓа Тања или Влатко А јас здравје за второ кај Тања на пораѓај, зашто пак она ќе ми прави Ивф и за второ дете Фала ти, со лесно и на тебе Најбитно е да си поминеме со лесно и убаво на пораѓајот сите, брзо да застанеме на нозе и да се опоравиме од самиот пораѓај..... и најбитно од све е да ни се родат живи, здрави и најубави бебулиња, кој ќе ни го разубават и дополнат животот. И конечно ќе станеме мајки и ќе ја осетиме таа љубов која ја чекаме со години. Дај Боже секоја да го доживее тоа, а верувам ќе доживее зашто не постои жена која нема да се оствари како мајка. Со напреднава медицина сите ќе сме со бебулиња и ќе сме мајќи.
Мешиња да ве прашам нешто Постојано си читам за секоја недела од бременоста нели, и случајно наидов на реченица, дека бебето сега си прима се од нас, да внимаваме што внесуваме, но не само преку храна, туку и преку кожата(креми лосиони и сл) И сега се замислив. Вие внимавате што користите, си продолживте со вообичаените млека за тела и лосиони како пред бременост? Значи прашувам затоа што пред една недела купив за прв пат еден лосион Гарниер 7 дена интензив за многу сува кожа. И си се мачкам со тој. Ама после ова што прочитав не знам што да правам. Јас не сум земала ништо за стрии, планирав павловичева понатаму и кокосово и онака си се мачкав некогаш. за сите по една
Дааааа само чекаат потпис и започнуваат. Ти верувам ќе си таа среќа и ќе се пораѓаш кај нив, блазе тебе Јас многууу сакав, све бевме договорени и испланирано и кога ми кажаа и фебруари дека ништо нема да биде спремно за да се породам кај нив.... ептен ми се срши мислам светов....али што е тоа е и за ваму ми средија и сум благодарна и мирна знам стојат покрај мене Баш кога ќе идеш прашај ги ќе ти кажат. Ептен ќе биде модерна, средена и професионална болница. Со топ персонал и педијатри.
Не читај глупости. Прашај ја еве мајкати како те родила.Или оние кој раѓаа пред 2008г кога немаше фб, не се читаше по гугле и форуми Билиони деца се изродија и ќе се изродат. Иначе све некој глупости почнаа да се пишуваат во врска со бременост и бебиња и затоа сме напнати. Најтазе глупост што ја прочитав беше као.....да не се користи ништо под мишка дур се дои зашто идело у млекото хахахахахха Аве глупости ќе си смрдиме. Глеам све фалични се децана на мајкине што мирисаа убаво и изгледаа убаво во бременост, па и за време на доење. Све исто си користам. И сите што ми се другарки кој ене имаат некој и по 3 деца изродено све си користеле. Таман раб да е така како што пишува. Ќе треба у карантин да сме, воздухот е загаден, дим од коли итн и све навлага во порите. Не читај уживај, мирисај убаво и изгледај убаво зашто секоја трудница трева да е најубава. Еве ако нешто ти значи еве јас што користам цела бременост, од парфимирано препарфимирано Едит: користам и кокосово органско нерафинирано веќе неколку години.
@gjoker4e кај си те снемаа Него да прашам.... веќе недела дена како станувам од спиење и неможам тупаница со левава дланка да направам. Буквално неможам да помрднам прсти, десната не до толку како левата. После некоја минута движење си е све океј, али во моментот како да ми е укочена дланката. Дали ви се десило?
Извини ама морам да прашам: За што ти е тупаница? Одма за добро утро го "поздравуваш" мажето за да биде мирно цел ден? Ме насмеааа ептен
Во првата бременост наидов на истиве информации и читав на таа тематика и се консултирав со гинекологот. Мене ми препорачаа да одбегнувам средства за белеење заби, гелови против акни, некои серуми и шампон против првут. Значи само препорака но не и некоја забрана. Сепак тоа се толку мали количини па не би си правела стресови околу тоа. Изборот е индивидуален.
Хахаххахааааахахаххаха ме изнасмеа на цел глас се смејам хахаххаа. Македонскиов јазик наш ептен е двосмислен, сега се препрочитав и си викам аууу звучам у стил : станувам праам тупаници со лева и десна и почињам да боксувам Неможам срцко лице ни заби да измијам, дремам у вц 10мин и полека дур не ми пуштат мускули за да почнам да функционирам со раце. А мажуле не го боксувам ме мрзи хахахха само му викам позабавно ми е така, ситна сум јас нема да ме осети и да се залетам и да му мавнам бокс Али имам глас аууууу грми кога викам Да се чудиш од толку мало човече толку пискав и силен глас хахахха
@danichap nemozam da ti pisam lp pa ovde da te prasam,znam deka nosese pojas stegac ili kako I da she vika vo bremenosta .Dali moze da se koristi kako potpora na stomakot da me tezi tolku uste Sega da se sprenam so nego..
Дани се слагам до некаде....и да не си бремена еве јас никад у мои 37скоро години не сум користела такви хемикалии од типот на прашаци и креми за белеење на заби, креми за потемнување, креми за сва и свашта што излегле итн. Али ако збориме за нормални производи и парфеми и козметика, која се користела во животот нема никаква штета од тоа. Све што е во нормални рамки све е тоа нормално како и во бременоста така и кога не сме бремени. Бременоста не е болест за да се понашаме како болни. Поубаво за очи па и за нашите мажи нема поубаво и посекси од : трудна жена, згодна, дотерана, средена во коса, нокти, нашминкана, телото кожата да и мириса фантастично и да е напарфемисана. Тоа е жена и тоа е убава трудница и секоја треба да е таква. Па здравје и кога ќе е мајка. Јас сум таква жена и такви жени, трудници и мајки ме фасцинираат. Да му е кејф на мажот да те прошета и да те зборат и фалат луѓе
Се сложувам. Јас го добив мојот појас поради болките во грбот. Имав некое изместување на дискови кое ми предизвикуваше болки и здрвеност/укоченост на ногата. Најискрено не знам со сигурност дали би бил препорачлив поради мешето иако ме гледам причина зошто не би. Сепак мислам дека гинекологот најдобро би те советувал со конкретен модел. Важно помагаат, и тоа многу.
И јас така читкав, е сега не внимавам до толку. Шампон купив бекутанче исто и млеко за тело. Маска за коса ставам. Хипп путер за стрии. Маска за коса си ставам. Еуцерин за лице, се фарбам со фарба без амонијак, нокти не правам веќе. Сметам дека не треба да претеруваме со толку внимание, ама пак и умерени да бидеме во некои работи Да се има баланс.
@Mama25 користеше појас, иако спомена дека и е од поодамна набавен. Претпоставувам исто од Македонија. Консултирај си се гинекологот но можеби ако го види тагов ќе сподели и она искуство.