Crveno krvarenje nemam vise, sega imam kafeno. Primam progesteron inek. Utrogestan, krinone gel, Almatex apcinja,I lezam. Se nadevam skroz ce iscezne.
Ќе исчезне и нема ниедна капка да имаш ни розева, ни кафена, нит црвена. Со терапијата и одморот све че се среди. Одмарај, не го кревај детенцето т.е. некревај ништо и све ќе си е супер и здравје зимава, најубава зима ќе имаш со 3 дечиња Најсреќна мама на 3 дечиња кој ќе те трчаат низ дома Со лесно и имај убава позитивна мисла
Парфемите им сметаат на бебињата, барем еве, моиве двајца не сакаа кога мирисам на парфем. А млекото го добива мирисот на дезодорансите и антиперспирантите кои ги користиш. Што е должно бебето да трпи тешки мириси или да цица хемикалии кои не мора да ги користиш? Имаш избор на средства на природна база кои немаат јаки мириси, или пак се без мирис, ама сепак помагаат во тоа да се чувствуваш убаво и чисто.
Ако мислиш на појас за трудници дали има кај нас Да имаш во Зегин. Можеш на приватно да си го купиш или преку Фонд мислам можеше ( не памтам прашував уште кога бев на почеток трудна, онака сакав да знам како што за ако ми треба). Ќе си прашаш во Зегин ќе ти објаснат како иде за преку фонд да земеш. Или ако сакаш можеш и на приватно. Но, мора да знаеш ширина, бројче и облик и имаше уште некој такви битни раб. Зашто не секоја има иста пропорција,, облик и висина на стомак. И најбитно е ако не ти е одобрено и по препорака од докторот не ти треба. Јас мислев може за секој онака као полесно ќе е нема стомак да тежи и дрн дрн. И докторката ме напраи лом дека не е играчка појасот. Така да убаво разговарај со докторот кој ти ја води бременоста. Извини може имаш некоја мака навистина незнам не паметам дали си пишала. Ако грешам извини.
Јас не мислев на моментот, нит пак се слагам, нит па одобрувам да една доилка се налее со Ангели и Демони и да го стаи на дојка бебето. Или да се нашлака со кило шминка и да го лигави, нокти орловски и да мења пелени итн. Али нема што природно, или она читам со сода бикарбони под пазуви дур дојат...за нене е селски и примитивно во 2017г све тоа. Има стикови и дезедофанси во изобилие од разни фирми, креми за тело и парфеми кој се нежни. А тоа дека преку кожа и жлезди навлага во млекото ..... ви се молам без небулози. Значи сепак да е средена жената, намирисина и убава во нормала. Не да пече на очи јачината на млеко за тело, парфем и стик. Па ја би се угушила а не па бебе. Све умерено е океу. Тоа е исто како да земе мужми да се налее со некој јак парфем и јас да му легнам со лице на гради....би се угушила Нормално како што викаш на дечињата твои им смета, на секое дете би му сметало ќе се онесвести од јакиот мирис. Прошетајте се низ светов, дискутирајте со стручни лица кој се по семинари низ цел свет, со лица кој го равотат тоа низ светот и ќе се изнасмеат на овие будалештини. Ова е 100% кажано од некој педијатар малски кој никад на семинар подалеку од белград не бил.Мајка ми од кога ја знам е наперфемисана и средена жена за пример, така не израсна а јас до 2ипол г сум цицала па и сестрами. Живи здрави сме со тоа млеко. Другарки ми се сите жени на ниво средени и дир биле трудни и дур доеле па ене ги децана им се веќе средношколци и лепотани може зашто парфимирано млеко цицале. Ништо лично нит сакам да навредам некој али со вакви небулози и бесмислици е смешно. Јас лично сум жена па ми се гади кога ќе ми мириса некоја на запршка, на пот, мрсна у коса и несредена и некој трговски, па камоли на децата и мужот како им е. Значи секоја жена, трудница и мајка треба да е пример за мажот, децата и околината. Жена е олицетворение на убавина и раскош. Се изнапишав реферат хахаха не се однесува ова све на твојот пост туку општо на дискусијата т.е. темата за која збориме. И уште еден пример кој е чиста вистина.....ако едно женско дете расте со мајка која не се шминка, не се фарба, дотерува и средува...тоа девојче ќе порасне како својата мајка. И обратно е за машко дете со пример на татко каков ќе има. Еве ме лично јас....ѓубре несредена не сум излегла да фрлам. Ќе се потсредам и ќе идам, сепак незнаеш на кој ќе налеташ. Никад у живот на запршка не сум смрдела. И поубаво е детено да ми цица од града и да ми мириса убаво косата и телото, отколку да му мирисам од запршката од манџата Мој став и мое лично мислење е тоа. Ништо лично спрема никоја. Ме понесе моментот на некогаш по групине на фб кога ќе прочитав нешто, па се ваљавме од смеење со пријателките колку сеуште постои премитивен свет кој сеште никако да почне да живее во 2017г. ВЕ САКАМ МЕШКОВЦИИИ емоцииве за љубов пред крајов ме понесоа со самата помисла дека за бекој ден ќе си се гушкам со синко и ќе му мирисам на Кашмир ( зашто тој парфем го користам) и синко ќе пие млекце со вкус на Кашмир Едит : @Annath не се однесува постов за тебе немој молимте погрешно да ме разбереш. Сега ќе го одделам одговорот на твојот пост. Остатокот е општо поврзан за оваа тема и дискусија.
Такви се и стриите... Особено после раѓање стомакот ми беше мајко мила, незнаеш дали се капилари, стрии, црвени, лилакови, големи, мали. Како да ме поминал со гребло некој неколку пати Среќа ми исчезнаа, избелеа и имам бели некои сега... А јас до 39та,40та немав... ми падна стомакот надоле буквално после 40та, ме чешаше страшно и за рок од недела испукав цела, после пораѓај ми изгледаше страшно (дека по некои пресметки 8 дена го надносив првото)...
Секако дека можат некои состојки од козметичките препарати да навлезат во крвотокот. Сум за негувана и убава жена и трудница, ама не со секакви производи што содржат милион хемикалии кои можат да бидат штетни, да предизвикаат алергија и слично. Да, постојат препарати кои не се препорачуваат во бременост и доење, јас би повеќе користела препарати на природна база, без триста хемикалии кои се штетни не само за мене, туку и за моето бебе. За да бидеш убава и негувана не ти се потребни било какви препарати и триста чуда.
Уфффф сега ме стави во мисла. Зар може еве јас немам ниедна стриа 36+ сум. И може покасно да се појават? Еве мајка ми немала ниедна стриа, нот сестра ми. Па се тешам дека они немале ќе немам ни јас и као генетиката ни е таква. Значи може тоа да ме спопадне некој ден пред пораѓај ?
Vo prethodnata bremenost imav problem I zatoa si se rasprasuvam se nadevam nema da mi treba Sega..ama da si prasam sto kako
Се слагам во потполност. Не треба воопшто непроверени производи да се користат ни кога не сме трудни, а не па во бременост. И како што кажа сепак се знае што е за трудници и доилки а што нее. Не верувам дека постои жена која непроверено нешто би користела во бременоста и без консултација со доктор, како ни за време доење што не би дозволила да му наштети на своето најмило. Па еве јас дур не одберам со која козметика ке ми е бебе, неколку педијатри препрашав, изгуглав све што постоеше од странски па и наши форуми и статии, дури и пишав пред некој ден..... купив и како мрдната прво јас све испробав од шампоните на мене за да видам дали печат на очи, соте креми ги пробав од пусти страф
Мене додека ми беше мешко горе немав... мајка ми немала, каков стомак до ден денес има, мазна кожа мераци. Абе буквално ми се спушти стомакот надоле, под гради цела рака можев да ставам, а и башка големко бебе ми тежеше последните денови страшно многу стомакот, 5мин на нозе неможев... и фати да чешааа корне и испукав 8 дена пред раѓање, но после раѓање бетер се познаваа Може нема да испукаш и ти, шлапај таму мрсни креми
Хаххахха сијам од кокосов буквално. Него како го гледаш тоа спуштен и неспуштен стомак? И тоа што викаат под гради ставаш дланка и мериш? Ај иди во темана Какви сме/бевме како трудници....вчера за прв пат ставив слика и ај види дали е спуштен мојов мешко Да напоменам физички сум иста како пред бременоста само имам голем стомак кој многууу ми тежи. На последнава контрола синко беше 2970кг 36+3 .
Јас веќе 2 месеци го пијам магнезиумот по препорака на докторката така да без гајле сигурно не е штетно воопшто
Па од под градите ако почнел да се спушта значи веќе се спремало за раѓање Се почнува од еден, два, три прсти итн до цела рака. Кај мене баш така беше, можев цела рака да ставам на рамно, па стомакот после раката ми почнуваше а предтоа од гради ми беше топче.. ама сум катастрофа во опишување, се надевам ме разбра а сега ке видам баш мешето твое
Последните мислења со навреди се избришани, ве замолувам во иднина да внимавате на речникот, навредите се против правилата на форумот, а мислам и треба било каква комуникација да се задржи на ниво, со оглед на тоа во каква тема дискутираме. Инаку, не е точно дека не се преместувале никогаш мислења од темава, кога имаше повеќе модераторки често и се заклучуваше за да се преместат мислењата. Откако останав само јас немав толку време, па ги преместував мислењата што требаше да одат во Се породив..., Што да се спакува за во болница, Количка... Сега сакавме пак да го размрдаме малку подфорумот, да биде целиот поактивен и попристапен, да не се чека за одговор во другите теми само зашто сè тука се пишува. Можеби и ние пренагливме малку, требаше прво известување, па ете, ја згрешивме работата. Затоа засега само ќе ве замолиме вие како членки да ги поставувате прашањата и во другите теми, да се активираат и за оние кои не сакаат тука да муабетат, туку имаат само конкретно прашање, и за оние кои можеби само сакаат да прочитаат конкретни одговори... Бидете поздравени и продолжете со трудничките муабети.
Добро утро мешиња. Денеска сме веќе 30 недела . Не ми се верува дека времево толку брзо помина и дека уште малку остана . Знаете ли да ми препорачате некој доктор од Чаир добар , пошто планирам таму да се породам . Имајте убав викенд .
Во Чаир има навистина одлични доктори. Конкретно за породување,слободно одбери го др.Димитар Георгиев.. Мноогу позитивен доктор,пред се човек со големо срце и баш другарски расположен во секое време. Не сум раѓала ама сум се изнаслушала за него. Се надевам не пречи што ви улетав во темава. Поздрав мешиња
@sofi2107 пред се' ќе ти посакам со лесно да поминеш на породувањето, и в раце да си држиш здраво и право бебенце оти знам која радост е, особено затоа што те читав дека си поминала низ многу премрежја во долгата борба. И ти се восхитувам на силата што ја имаш, јас еве не знам дали би издржала толку. Како второ, убаво е сето тоа што го кажуваш, дај Боже да биде така како што велиш, дека нонстоп ќе бидеш средена, дотерана и намирисана. Дај Боже да ти се погоди мирно бебе. Ама, прво породи се, нека поминат првите месеци, после ќе правиме муабет. Како трето, не би ги осудувала тие што во 21 век, 2017 година користат примитивни средства за чистота и хигиена - оти баш тие примитивни средства се основата за она што го имаме денес
@stevemila и првиот и вториот скрининг ги правев во Њу борн кај Тања. И мене ми рекоа да одам на друго место не мора кај нив, но јас сакав таму.