Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Пратими во порука ако не ти е мака линк од тој селер проверен за да разгледам.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.251
    Пол:
    Женски
    Како порачана хахахаха
    Еве за сите ако сака и некој др :)
    Имам 2 пати по 3 порачано, преубави се :)
     

    Прикачени фајлови:

    На iki26, stevemila, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    17.643
    Девојки а комплетите за новороденче од Стружанка што содржат и како се движат цените?
     
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Ќе разгледам баш, ама некако шубе ми е кога у живо не го гледам ;) И нај мака ми е да отворам Алиекспрес зашто знам картицава ке е на 0ден ќе немам ни за цигари ;) Да одморам и до Стружанка мора да тркнам да видам што имаат.
     
  5. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Nie posle vtoriot skrining si napravivme sefte, togas go kupivme prvoto bodi za bebuska. Sega sme vo 29ta nedela, i recisi se mi e iznakupeno. Uste krevtceto ni ostana .. rekovme posledno toa da bide. I mene mi zborea deka "ne bilo ubavo" unapred da se kupuva, neznam sto.. no i jas kako tebe, sakav da uzivam vo bremenosta, da se raduvam. Tolku mnogu se borevme za ova bebence, nemam namera nikomu da mu dozvolam da mi go unisti raspolozenieto. 8) Osobeno ne na nekoj babini devetini, neumesni prasanja od komsii, prijateli, rodnini... se e toa nebitno. :sun: Pa i vremevo e tolku prekrasno, soncevo, pozitivno, se e razbudeno, zeleno, a tebe telefonot te iznerviral.. iskluci go duso, zemi si semki i sedni si na klupa vo park, ostanatoto pomnozi go so nula :hug: :f:
     
    На forumce, barby, stevemila и 5 други им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас за изнесување од болница сакав некое комплетче од тила да купам. Ама ме нервираат не можам во живо да ги видам. Плус достава да им платам. А шубе ми е на невидено да купам. Викаат дека се квалитетни, ама јас каков малер сум ако не го прегледам на лице место гарант со фелер ќе биде, кој ќе се расправа и кара после :D
    Инаку имам облека на тони од првото, ама ете од мерак сакам нешто да купам. Мм од H&М изнакупи бодиња во сите големини и шари, сега ми фалат некои штосни шпикозни за изнесување од болница.
    Инаку интересни и меки бодиња и комплетчиња со мики маус видов во ЕЛВА во рамстор. И купив две за поклон. Ама какви се во квалитет и издржливост незнам.
     
    На stevemila, kukla21 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам и јас во муабетот :) Околу 14 недела го дознавме полот и оттогаш сме постојано во шопинг хаха Тогаш баш се погоди попустот во Солун и изнакупивме еден куп алишта и помали и поголеми за на есен. Сите ми велеја дека е рано но искрено не им обрнувам внимание. Битно ми беше како јас се осеќам. Оттогаш имам уште еден куп др работи изнакупено мм само вика доста е ама кога ќе видам нешто преслатко ми е неможам да одолеам.:) Сега полека полека да почнеме со големите работи иако можеби е рано ама да не ни дојде наеднаш се па да останиме со празна сметка хахаха
     
    На iki26, forumce, stevemila и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас ги порачав овие 5 во комплет ама сеуште ги немам добиено не знам каков квалитет се.
    5pc/lot Baby Bibs 100% Cotton Triangle Head Scarf Boy Kerchief Girl Babador Bandana Dribble Bib
    http://s.aliexpress.com/BNrYj6Vz
    (from AliExpress Android)
     
    На stevemila, mariz и sofi2107 им се допаѓа ова.
  9. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Никад не ги ни принципиерав, нит пак се нервирав на тие според мене селски и малограѓански муабети од типот : Не купувај не е убаво, не прај ова, не прај она, не се пружало навечер и дрн дрн. Па муабет ауууу царски ќе идеш, па знаеш ли дека имаше една не се разбуди и дрн дрн. Тоа се за мене ситни, завидливи и љубоморни душички на мали луѓенца. И секад викам : Што ќе ми помислиш и мислиш дупло да ти се враќа - некад и на глас им кажувам ;) И оппп молк имаш одма ;) Маограѓанштина и затуцани кога ќе ми промрмореа ја одма им затварав уста. Па ако не од дома да не узлагаме може авион да ни падне ;) пешачки да не поминуваме кола ќе не згази, во трговскиве центри да не влагаме мпже ќе се срушат хаххахаа. Каква ти е мислата таков ќе е жовотот. Позитивна мисла позитувен жовот и обратно. Ако треба да се деси нешто ќе се деси. Кога се купува енергијата е на високо ниво и самата позитивна мисла е најбитна. Кога ќе ми кажеше некој : па дали си нормална со Ивф толку чекано дете и не мируваш.... хмммм доктор кога не ми рекол ништо што има некој да ми се прави паметен. Од прв скрининг кога се виде дека е све океј, не застанав. Еве со стомак до зуби секој втор ден сум со правосмукалка и чистам цел стан. После ќе си поплачам од болка у кичма и стапала отечени и така секој ден хахахаха. Уште пред трансвер си зацртав дека све ќе е супер и ќе сум трудна, кога крварев реков све че е супер, ден денес со таа мисла дека све ќе е суоер и еве све е супер. Не дека некад црни мисли недоаѓаат хммм таман работа не постои трудница што не и отишол памет сегде, еве и сега некад ми иде што и како ќе е на царскиот....ама одма нешто оравам за мислите да се вратат во позитивен правец.
    Купувајте и уживајте во тоа! Па ако за ова се нервирате и ги слушате тие малограѓанштини.....што ќе правите кога ќе се роди бебе бре мешковци? Со оние приказни да не го носите 40дена надвор, да не се прижа навечер, да не доаѓаат гости навечер и дрн ден ;) Другар ми е поп во црквава св.Никола позади зграда кај мене у Аеродром. Кога му го спомнав ова и го прашував ми се изнасмеа и ме напраи мрдната ;) Вика ни у библија стојат такви бабини деветини, нит е христијански, нот црква одобрува такви обичаи бабински. Така да ај да си уживаме и да ни е нас најубаво и здравје на нашите најмили :inlove::hug::l: Доста е со рефератов хаххаха

    Фала ти :) Ептен се фраерски и не се ни 300ден смешна цена за 5 парчиња. Пред колку време ги нарача?
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2017
    На forumce, stevemila, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Ги порачав на 22 февруари. Истиот ден порачав и неколку рала чевличиња едни ми пристигнаа така да чекам кај да е и овие да стигнат :)

    Исто така доколку си симнеш апликација али експрес на мобилен и порачаш преку апликацијата поефтини се. Не којзнае колку но некои работи за долар два се пофтини.
     
    На stevemila и sofi2107 им се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Ако ти стигнат набрзо обавезно да не известиш за квалитет и дали се со лепенка или нитни. ;)
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.473
    Има убави работи во х&м, штосни се ептен. Ако имате кој да ви ги донесе од соседството, зошто овие што прават нарачки земаат плус 400 денари за услуга. Разгледајте на страната има комплети и по 6 бодиња.
     
    На Seduction и sofi2107 им се допаѓа ова.
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Договорено :)
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да купувам дури во 36та недела, цело време викав рано е има време и оп 9ти месец чукна на врата многу брзо времето летна па деновиве купив 99% ама јас не со стомакот до заби туку со стомакот до колена хахахаха по цел ден сум низ град добро е што имам енергија. Купив и торба од Локо Кроко. Сега мирно можам да чекам болки, прскање на водењак, чепот хахах се е добредојдено Купував од Стружанка Локо Кроко Ваикики Зегин Еурофарм од секаде по нешто и така поздрав да залади па пак излегувам да се опуштам можам сега на раат Совет купувајте уште од прв скрининг слушајте го срцето следете го инстинктот и модерната медицина.
     
    На iki26, stevemila, LanaDelR и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Ова ми е омилена тема и многу ми е убаво кога читам дека пазарувате за вашите најмили :)
    И јас едвај чекам да почнам да купувам по нешто за синко, но мм се ми вика дека е рано уште..има време. Кога го дознавме полот во 17та недела ги купив првите шпикозни од мерак и добивме неколку поклончиња од тетички кои мн. ни се радуваат.
    После вториот скрининг сакам да тркнеме до Солун, дека ни е блиско, а и може мн. работи да се најдат по намалени цени, но здравје само. Малку ми е и страв да се преморувам, да патувам, да не направам белја. Никако да се опуштам скрос, изгледа до крај ќе си бидам ваква плашливка.
     
    На gjoker4e, forumce, stevemila и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Сигурно мислиш на продавницата Амика ... тие се истите сега ги има и во city mall се проширија welcomebaby.com ... дефинитивно има се таму,а и нудат многу добар квалитет. :)
     
    На Nat88, mariz и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти помогнам со ќошот. :lol:..дефинитивно мислиш на продавницата Амика..се наоѓа веднаш до NLB Тутунска банка .... предобри се :D:)
     
    На Вереничка, mariz и sofi2107 им се допаѓа ова.
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    @Sandrichka 89 како си ;) Кога си на контрола на Гак и кажи ми дали ти отекуваат стапалата-глуждовите ?
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.251
    Пол:
    Женски
    Можно е, не сум била 1ипол година.. купував додека беше бебче мало првово :) А и за второ ке си одам таму за докупување ако е машко, ако е девојче малку повеќе купување :D
     
    На stevemila, Sandrichka 89 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.023
    Допаѓања:
    40.353
    Пол:
    Женски
    Немој да се нервираш за други. некогаш добро намерно демек да не опуштат, а некогаш од незнаење го прават тоа. Јас не им замерам за вакви работи.
    Ама јас па се нервирав обратно од тебе. Кога решив да одам на работа, кога сите се правеа доктори и ми викаа абе што бараш да одиш, седи си дома и триста глупости. Не сум човек кој е научен дома да седи и да глуми болен со сила. Јас реков, дека ако доктор нема сомнеж и ми рече да одам, ќе одам. Додека препорачуваа да седам дома, седев. На крајот на краиштата има одмор и има повторно боледување за не дај боже ако треба, а дај боже да не треба.
    На последна контрола дури и ми рекоа дека можам да патувам, па сега едвај чекам во Охрид покрај езеро кафе да пијам за велигден.:inlove:
    Те гушкам и само опуштено. Како се осеќаш, така прави и не им земај за зло на другите што не виделе мака, што кажуваат, а уште помалку ако зборуваат за туќо искуство.:*
     
    На gjoker4e, forumce, stevemila и 4 други им се допаѓа ова.