Mbonogu sum zadovolna. Plativ kako I za redovna kontrola koga odev. Ne znam kolku tocno bese dali 1300 ili 1600 iskreno ne se sekavam zasto kaj poveke doktori sum bila za se I sesto I zaboraviv. No nisto ne bese porazlicno vo cenata od kako za obicna kpntrola sto mi zemale. Priska ne pravev.
Да се надоврзам и јас на муабетот за тие прости луѓе што само паметуваат. Уф, колку ми одат на нерви. Ќе се најсе некој и ќе ми попува: не скрстувај нозе кога седиш, и нелои бабини деверини, па јади ова, не пиј многу кока-кола, зошто одиш приватно на прегледи и слично. Ми иде да им се испоразвикам да си гледаат своја работа ако ја имаат воопшто . Ама тоа е, прост народ има и ќе има.
Јас па немам буквално ништо купено за бебе ни една работка. Не поради суеверие, воопшто не сум суеверна јас на половина од луѓето им кажав дека сум бремена после успешното инвитро а на другата половина после срцева реакција од пусти мерак. Вчера видов преубава количка во baby center ама се си лежам на уво дека е рано
На контрола треба да одам на 10-ти април...сега еве растеме со синко ..од ден на ден,се поголеми и поголеми сме Аууу и тебе ти се појавија отоци сега на стапалата, мене пред 5 дена ми се случи истото...нозете слаби нагоре,а стапалата ко на слонче Навистина смешно изгледаат...отечени стапала,глуждовите не ми се познаваат...си купив еспадрили меки ко демек за полесно да ги облакам и да ми бидат удобни за носење,ама тоа бетер...нозеве бумбари ми стануваат Ми викаат не јади сол, а јас па воопшто не јадам, матичната ми вика ништо не е имаш среќа сегапри крај ти отекуваат, кај некои дури од 6ти месец си го имаат овој проблем ..така да со ова се тешам Ајде при крај сме ќе издржиме Инаку сигурно од водата исто што ни се задржува во организмот и од тежината на бебчињата зашто сега растат се поголеми и од тоа отекуваат нашите нозе ... Ајде Софи мисли само на гушкање на бебчо и се ќе помине за миг
Мене сега во последните недели почнаа да ми отекуваат нозете претходно немаше никаки отоци. п.с Ти го видов мешулето што ги имаше прикачено сликите во темата за како изгледаме како трудници и искрено ти завидувам колку си слабечка и фит а мешулето ти е преубаво, баш убава форма јас сум поправена +23 и мешево дури и од страниве ми штрчи Во врска со алиштенца и ја во деветти си почнав и стварно е напорно али уште некој ситен детал ми остана. И си останува да чекам, по термин уште 9 дена.Едвај чекам
Фала ти срцко за убавите зборови Јас сум +14кг до сега, а искрено све јадам скоро секоја вечер сум со сендвичи, пици или пастрмајлии. Истата исхрана како и пред бременост. Ама верувам е све до генетика и метаболизам. Јас сум хиперактивна, буквално и дур јадам се движам Можеби и тоа игра улога. Али стомаков ми е огромен па дури некад ме прашуваат близнаци дали носам хаха. Мене од позади човек нема шанси да каже дека сум 9ти месец. Ама не ми завидувај верувај дека е вака многу потешко и полошо најискрено ти кажувам, самите доктори ќе ти го кажат тоа. Точно дека вака изгледаш ваууу секој ден на улица комплименти, а мене ми се плаче. Немаш поима која оптеретеност е на кичма и карлица, на мочен меур, јајници и буквално на све. Во вц сум буквално на 15мин, нозе ме болат како да сум го трчала Водно Сестрами како тебе беше +20 и како топче супер се осекаше. Еве и @gjoker4e тера 37+ топ се осеќа цел ден низ град. Јас преска до Капитол и Бисер и ми идеше да легнам на сред асфалт да плачам хахахха. Во среда се надевам докторкава ќе ми го закаже царскиот за викендов ќе ја молам ако треба Ајде и ти уште малце ќе се гушкаш со бебуле Мене све ми е спремно и купено, уште количката остана преска ја нарачавме па ќе чекаме да ја добијат.
https://forum.femina.mk/threads/Какви-сме-бевме-како-трудници-слики.14707/page-37 Тоа е во темата скриено катче...таму имаш неколку подтеми. Ама за да можеш да отвориш мора да имаш најмалце 100мислења т.е. постови пишано. Едит: Гледам имаш 83 мислења.... распишувајсе по Феминава и стигни над 100+ и ќе ти отвори
Мамички едно прашање до вас... како сте задоволни од Proven Probiotics? Од денес почнав нив да ги пијам, матичната нив ми ги препиша во замена за Премама кои до сега еве 6 месеци ги пијам ... Овие Proven некако чуден мирис ми имаат за разлика од Премама ...или само мене ми мирисаат Дали после пораѓај истиве треба да се пијат? Зашто читам дека биле добри и за мајки кои дојат ...
Zenski zdravo, mene me interesiraat cenite za spihozni, bodinja od triteks i kimiko, ako ne vi e tesko ds pisete. Jas ovde okaidi go imam i postojano imaat popusti, pa kupuvam od tamu. Ne deka imam visok pari, tuku se na popusti nacekuvam kompleti spihozni so bodi za 10 evra, maicki po 3-4 evra itn. H&m veke se edno te isto za maski bebinja, za zenski ima sekogas razlicno. Lidl i Hofer isto nosat super garderoba, pa i tamu se naogaat preubavi raboti. Namenski ednas ne izlegov da kupuvam za bebus, a od sekoe izleguvanje od doma, obavezno so nekolku stvari za nego se vrakjam. Tuku ke vi recev, od SK sto mi pratija spihozni i nekoi rab, znam deka se kupeni od Pamuk pale vo Beverli. Ima i strana na Fb i bas super raboti nosi, a i cenite i se normalni.
Срц а зашто не си ги пиеш Фемибионот. Според нене и сите истражувања се едни од најдобрите. Читни за нив по сите странски сајтови. Јас сега ги пијам Фемибион 2 и се пијат и за време на доење. 960ден се. Во нив имаш буквално све што е потребно од витамини. 2јкава се пијат по 2 (едно е апчето со витамини како во 1цот + капсула ДХА омегата).
Мила еве ти ја веб страната на Тритекс...има и цени и се за се што те интересира... http://www.triteks.mk/
E web strana ne mi teknalo nikogas ds proveram dali imaat fala ti! Na brzina sto poglednav, bodi benkici po 300 den vidov, pa da vi kazam deka vo mk na bit pazar prodavnicka vo zenskiot pazar, po 150 denari se, pamuk cist, debelki, preubavi bodenca. I vo bebetto ima isto mn ubavi rab, ma da cenite im se kako vo Gap da si vlegol... Bodinja obicni po dolgi ovde kupuvam 5 za 14 evra, a i uste nekoj popust ako nacekam za vikend uste pomalce me cinat. Skapo be nekako mi izgleda tritex... @sofi2107 @Sandrichka 89
Од Тритекс и Кимико цените им се доста прифатливи. Во Тритекс шпикозни кога имаат попуст па и да немаат од 200ден па нагоре исто и бодиња. Во глобала имаат супер цени. Не се како во Крш да ти се заврти памет од цените
Епа веќе овие ги земав и Proven се 900 ден. Ги имаат сите витамини и баш ДХА омега...сега не знам дали да заменам со Фемибион Јас мислев да не има некоја од вас штоги пие веќе, па да ми каже позитивни или негативни страни...знаеш ние мајкиве сакаме за се да си чуеме Фала ти мила сепак Нема за што..провери си ..ги имаат ставено на страната и новите парчиња облека..ќе се заборавиш од гледање и нема да знаеш што попрво да земеш хехе Остај јас еднаш влегов во Крш и со брзина на светлината излегов надвор хахаха
@Sandrichka 89 jas gi piev provenot pred da ostanam bremena, odlicni se. Ispij gi niv pa posle mozes femibion da zemes. Provenot isto imaat se sto ti treba. Otvori na net sostav i na edni i na dr i ke vidis deka se gore dole isti.
Хахаххахаа јас од мерак купив боди и незнам уште што, а маж ми ме чекаше надвор. Кога ја виде сметката фацата што ја направи неможам да му ја заборавам хахахаха. Цел пат ме пцуеше дали сум нормална и дека не е Бил Гејтц хахахаха. Искрено се покајав и криво ми е за тие пари ќе изнакупев свашта . Ама знаеш пусти мерак и непромисленост. Веќе не влеговме таму А за витаминиве искрено незнам. Еве некоја која ги пиела и доела нека ти каже. За Фемибионот знам од другарки кој го пиеле за време доење.
Фала ти мила, сега баш гледам...горе доле се слични Кој знае дали ќе имам време до пред пораѓај да ги испијам...кај и да е за две и пол недели синко ќе дојде на свет Ама сигурно и после тоа може да си ги допијам ... хахахаха ме изнасмеа слатко... убаво кажал маж ти...ама знаеш ние мајките полудуваме некогаш..хормоните ни вријат ...имаме оправдување Фала ти сепак мила Нема гајле ете има и други мамички што споделуваат мислења, па ќе видиме