Вчера и денес имам болки во препоните, имам чувство како да сум отворена долу, не знам како да опишам. И болки во карлицата имам. Дали поради тоа што вчера не седнав цел ден, не знам. Ама сега и при мирување ги имам истите болки. Не знам што е нормално, а што не. Едвај чекам на доктор да одам утре или во среда.
И јас вчера и денес имав болки долу како наеднаш да ме пресече а и синко како мрда да е жив и здрав мн ме боли, еве и денес на два пати ме пресече така, имам и болки во половината а искрено не ни знам како треба да изгледаат контракциите, дали се како менструални болки или како затегање на матката и стврднување на стомакот Осеќам тежина на мочниот меур и болка во препоните а и градите ме болат како пред добивање циклус Во среда сум кај котларова за протоци а во петок кај матичниот сенадевам ќе издржи бебуш до тогаш И откако влегов во 9 секоја болка ја анализирам си викам ова ли е тоа, кога е прво така е за второ ќе знаеме
И јас имам од време на време такви во препони и не ми поминуваат со лежење. Прошлиот пат 3 дена осеќав и отидов на лекар. Ми го кажа истото како и секогаш примај терапија и лежи. Појачав и магнезиум.
Од премора а плус и времето.. Еве ме и мене, целата како исклинчена. Ќе ти помине за некој ден. Не се форсирај толку во иднина.
Zeni, na poslednata kontrola Trajkovski mi izmeri cerviks 3,1cm I mi kaza dobro e. I bidejki bev vrzana za krevet 3 ipol meseci zaradi krvarenje I hematom, sto sega veke gi nema, mi kaza dvizenje nautro I navecer po polovina cas. No koga procitav posle po internet, taa dimenzija e mala I se preporacuva lezenje. Vashi iskustva?
Опушти се малку и одмарај. Повеќе течности. Само внимавај и мери температура. Ако ептен не бива ако мора и антибиотик ќе ти пишат, ама најубаво да се излечиш природно. Леле, многу ми е жал. Неможам ни да замислам колку ти е тешко под ист кров, две домаќинки, секоја со свои навики, потреби и приоритети. Само не си земај за срце, барем сега додека си трудничко, спакувај се и излези, сигурно ти нема на колена да клекнеш и да бришеш боја од паркет и слични работи. А она нека чури, побитни сте бебето што го носиш и ти, од неа. Тоа си се тешам јас, дека сепак е еден викенд и дека сама си ја викнав и преживеав. Нареден пат ќе размислам пред да ја викнам. Неможеш да имаш штета, слободно измешај и конзумирај го. Јас сега го активирав, за да не ми падне железото. Го направив по препорака на колешките со деца, дека на деца го давале и добри резултати имале.
Женски јас само што се вратив од кај докторот. Ми кажа дека болките во препоните и карлицата се нормални, терапија не ми даде. Ме гледаше на ехо долго време, бебчето е супер, ги прекрстуваше нозете и не можеше да се виде полот, па др. кажа да беше машко ќе се покажеше од некаде, му вели на мм не сакам да те разочарам ама женско е. Јас се израдував ептен.Мм сакаше машко, ама на крај вика само да е живо и здраво, не е битно какво е. Крвната слика ми е супер, Хгб 133, само 1,5 кг сум поправена за разлика од претходниот пат. И тоа е.
Алармантно т.е. за да е паталошка со само лежење е доколку е под 2см. Не читај сва и свашта некогаш од мува слон се прави по форуми. Доколку беше алармантно верувај одма ќе те пратеа на специјалист. Друга најбитна ствар е.... од искуство ти кажувам зашто 3јца гинеколози ми ја следат бременоста : уште на 5 места да идеш ќе ти кажат различна димензија. Мене за 2 дена ми беше 3.9 ; 3.2 ; 3,6 ( отприлика ти кажувам не паметам до милиметар. Зависи Влатко во моментот како паузирал и го направил размерот, значи малку да е поместено и сл. рачунај ова се мм и може да се даде различна димензија. Уживај супер е. Само ќе гледаш да не клекнуваш, да не креваш тешко, да не стоиш мноху на нозе. Не паметам која недела си, но кога е плодот потежок прави поголем притисок да знаеш. И за крај 2+2 никогаш не е 4 во медицина. Има трудници со цервикс по 2 см и го надносуваат бебето и тоа се преактивни цела бременост. Имаш трудници кој се со цервикс 4и нешто па опппп преку ноќ може да се намали на 1см. Ова ќе ти го потврди секој гинеколог специјалист. Биди со убава мисла и уживај во бременоста, верувај за миг поминуваат 40 недели
Исто и јас сум точно 16 недели. Не е рано, 15-16 недела веќе се познава полот. Јас бев во 12 нед. и докторот ми кажа тогаш дека не е сигурен, можеби е машко ама ќе дознаеме нареден пат кога ќе дојдеш, а сега ми вика тогаш нешто не излажало можеби папочната врвца, дека е машко.
М Мене ме гледаше на 14та и тигаш ми кажа дека е мало да каже уште. Сега сум 16та ама имам преглед за 4 недели. Тогаш сиг ќе се види. Одвај чекам
17ta nedela sum I bliznacka bremenost, inaku doma samo vo krevet sum, do wc I ako mi pritreba nesto od kujna. No ova za dvizenjeto me zamisli mnogu.
Јас сум скоро цело време со 3цм цервикс.. Утрогестан ставам уште(34+3 сум),на работа одев до крајот на 32недела. Внимавам да не кревам тешко, нон се случува са морам синко (16кг)...меревме на две недели цервикс за да бидеме сигурни до кај сме... Ако се намалуваше земав боледување (еднаш ми се деси и тоа.. Под 2цм)..опуштисеи релаксирај се.. Се ќе биде во ред
Хелоу мешиња Еве и јас да се пријавам овде 6+6 сме Денес слушнавме срценце и се е во најдобар ред Се надевам до крај ке тераме вака Со лесно бременостите на сите
Не читај сва и свашта и уживај све ќе биде супер нема ништо за што би се грижела. Со лесно и да си мајка на најубави и најздрави бебулиња
Либра не читај форуми и гугл. Ем ќе си наштетиш ем тоа што ќе прочиташ ништо не е како што замислуваш ти. Уживај и лежи си што повеќе можеш ако треба и по цел ден. Мари многу ме израдува официјално честитки.
Јас денеска бев божем на контрола во Чаир бидејќи докторот рече во 38ма да одам пак, со истиот упат кој нели важи цел месец ама ме вратија веќе бил искористен упатот. Не знам дали само мене ова ми се случува. Беше сигурно дека важи цел месец ама ај. И докторот што беше на смена ми рече дека морало кај истиот доктор што сум била претходно. И тоа прв пат го слушам ама ај. Па отидов кај матичната ми напиша нов упат со термин за во четврток кај истиот доктор од минатиот пат. Едвај чекам четврток да дојде. Некако до сега не сум баш задоволна од Чаир некако непрофесионално ми изгледа се. Да прашам и додека сме во болница тие неколку дена после пораѓај се мие коса, се носи фен? Мене секој ден ми се мрси косата и скоро секој ден ја мијам па ако не ја измијам неколку дена кога ќе излезам од болница ќе се исплашат сите. И дали може да си одберам кој доктор да ме пораѓа? Сакам да е овој кај што одам на контроли. Само тој е стабилен. Дали може да се договорам со него на пример? И ваљда со пари ќе биде договорот или како оди тоа? Едвај чекам да се породам. Се ми е океј имам енергија, немам болки, еве веќе неколку дена многу убаво спијам, наспана се будам иако посетувам веце по 3-4 пати, како изминува 9ти месец се подобро ми е. Само што во 9ти неизвесноста е присутна немам појма ни отприлика кога би почнале болките па цело време имам занимација некоја да не мислам на тоа инаку психа убива.
Isto i jas bliznacka bremenost 5 dena lezev, no denes se razdviziv i podobro psihicki se osekam. Na rabota uste edna nedela ne odam, ama ako nemam krvarenje ce pocnam posle veligden. Ako nemas problem razdvizuvaj se podobro za tebe e