Потполно те рабирам. Додека лежев дома до 15 недела, сешто ми поминуваше низ глава. Сега дека на работа, мислам се препородив. Нов човек сум и посреќна и поубаво се осеќам.
@kiki_riki На некои им е спуштен уште од сам почеток така да нема проблем уживај си. Имам читано на форумов дека ако ти е спуштен и ти смета поради тоа при одење, седење... дека имало некој појас кој помагал ако сакаш. Јас сум 38ма ептен ми се спушти и ми смета само при седење.
Не засега воопшто не ми смета само се уплашив мислев во 9 се спушта па реков зошто толку рано. Знаеш прва бременост па за секоја промена паничам
Ау мислев родено е. Е па да уживате. И јас ќе одев сама да не беше малово толку мало, уште е зависно од мене ајде, здравје.
После 3 месеци отсуство сега ме чуваат како бубреже во лој. Имаат потреба да завршам одредени битни работи пред да одам на породилно и многу внимателно постапуваат. А јас работата си ја сакам и ме исполнува, се додека немам притисоци. Плус еве почнав планови со одморите. Сега си планирам продолжен велигден покрај нашиот бисер.
Си го фатив бебчето кај со мрда на камера Никој не ми верва дека го осеќам, докторот ми вели рано е, мм никако да го осети, се крие пред него, а јас ептен го осеќам последните дена и еве денес го снимив стомакот кај шо се поткрева конечно да ги убедам луѓево дека тоа е тоа
Јас кога бев сама дома бебе само мрдаше, а дојде мм никаде го нема и не ми верува кога му кажувам. Еден ден си викам е сега ќе те снимам да види татко ти што правиш додека не е дома. Кога го виде мм видеото се чудеше вика не е можно. Мм секој ден и збори и ја галка принцезата па еве 8ми - 9ми месец почна да му возвраќа со удари, а претходно ептен се срамеше и беше повлечена. А штом и прозбори веднаш се стишува и ја замислувам како седи замислена и го слуша, душа малечка ја чекаме со нетрпение. Верувајте не е верно како брзо поминуваат 9 месеци. Затоа уживајте максимално секој ден, галете меше, зборувајте му. Еве во 9ти гледајќи наназад бременоста е прекрасна. Сите мачнини, гадења, киселини, болки, прашања, паники, неспиење не се битни веќе, едноставно како да не постоело ништо од тоа. И не се плашете од пораѓај. Јас цел живот сум се плашела ама еве во 9ти немам апсолутно никаков страв и да биде природно и со царски да биде или било и како да биде. Не знам дали Господ помага или едноставно телото и психата сами се спремаат пред пораѓај. Ве гушкам сите и ви испраќам позитивни мисли и расположение на овој тмурен ден.
Кога одев на работа, немав време за анализирање. Работата ми е турбо , доаѓам дома легнувам, ќе дремнам, јадење, туш, кревет. Одев со сукрвица, со болки на почеток. Цело време во движење. Матичната ме караше дека морам на боледување. Не земав. Ама сега , пак раговаравме. Вика напредува бременоста, цервикс почнал да се крати , неможеш со тоа темпо. Истото ми го кажаа и во ремедика. И заради мојата историја со спонтани.... Дома ме заболува се нешто. Еве денес, лежам и ме штрека само. Прошетав со маж ми и ми пријаше,свежо време, и болките ги снема. Сега пак залегнав, пак ме штрека. Јас си ја сакам работата и тешко ми е што сум дома. Ама пак, ова ми е побитно. Може утре би се каела што не сум искористила боледување Јас никогаш немам искористено целосно стар одмор, за овие 4,и пол ,5 год. колку што сум во фирмава. Друго, фала никој нема да ти каже.
Мене на вториот скрининг вагинално ме гледаше, а на третиов во 28 недела рече нема повеќе вагинално, само абдоменално мерење.
A na prviot skrining go merat li?Deka jas sum so skrateno grlo.Vaginalno li e prviot skrining? Edit:Zakazav na 18ti skrining
Не, на првиот не ми мереа. Само на вториот и сега на третиов. Последниот како што реков, само абдоменално. Останатите и вагинално и абдоменално ме гледаше.
Не е вагинален 1-от скрининг. После 10та недела мене ме гледаше абдоминално. Ако си со скратено грло прашај. Мене првпат ми го мереа во 16-та недела.
За во врска со цервикс мерење, кога бев во 16 недела - докторов прво ме гледаше на стомак и после ми вели соблечи се вагинално да те прегледам, јас се спротивставив несакав вагинален преглед ама тој рече мора бидејќи со вагинален преглед точно се утврдува должината на цервиксот а со ехо на стомак не можело да се измери точно. Е сега колку е ова вака незнам само споделувам што ми кажа тогаш докторот.
Исто и мене ми рекоа за мерењето, макар што мојот доктор целосно ја ужива мојата доверба и ако рече дека треба и вагинално да ме види, не би имала ниту сомнеж ниту нешто против.