Голтни малку кока кола или цеден лимон- во зависност дали ти е висок/низок притисокот, во краен случај парацетамол. И многу вода.
Уф и јас мака мачам со главоболки. Имам низок притисок и времево и бременост и се добива ужасна главоболка. Тука ме советуваа кока кола со лимон, па некогаш ми помага. Чаша вода, ако ти е низок притисокот нешто солено, сиренце. Масажа, туширање и мирување.
незнам за шеќер, а притисокот нормално ми е низок. Леле ако сабајле боли, како ли ќе биде до после. Едит. Ќе пробам со кока кола.
Jas na pocetok imav neizdrzlivi bolki.Ne piev nisto.Mi pomagase tisina i temna ptostorija.I jas sum so nizok pritisok.Pij poveke tecnosti.Sega imam glavobolki sekoj den,od 4,5porucek pocnuvaat pa moram da spijam i taka mi se smiruvaat.
Ретки се тие. Не дека нема, ама пример на матичен треба се да прашуваш и да му спомнуваш. А еве и ремедика плаќам прегледи, горе, доле иста приказна. Јас кога одам на прегледи, почнав да си запишувам прашања да не заборавам нешто, во мобилниот. И им викам чекајте сеа имам прашања вадам мобилниот и едно по едно
Здраво, пред некое време имаше дискусија тука во врска со њу борн и филип втори...Дали некоја има повеќе инфо...почнале со пораѓај таму или сеуште не ?
Сеуште не се почнати. Чекаат потписче Требаше Март да започнатда ја отворат болницата, но во чудесната наша државичка све е можно се удоговлечува процедурата Кога ќе започнат верувам дека одма на нивната фб страна ќе објават.
А со колку кила ја започна бременоста? Еве добра страна, калкулатор според BMI колку килограми е здраво да качиш по недели и вкупно до крај. http://www.calculator.net/pregnancy-weight-gain-calculator.html
Кики јас искрено да ти кажам не ни знам што е цервикс ниту пак знам дали мене гинекологот ми има менерно. Мојот е постар би требало да знае, ама ми нема ништо до сега кажано а еве 16+5 сме Земи ако можеш да спиеш, мене само тоа ми помагаше и ептен во краен случај ако си на работа како мене, испи параетамол. Мене главата ме скина привите три месеци, па имав пауза од две недели па после тоа пак два дена едно по друго имав главоболки. Која недела си ?? Јас сум 16+5 и за сега така ми беше
Сигурна сум дека секој доктор внимава на цервиксот, само не споделува. Смета дека не ни се потребни толку информации.
Правев пон. крвна слика. Еритроцити, хематокрит и хемоглобин се под нивото. Хемоглобинот ми е 10 а од 11.5 почнува нагоре. Железо супер , 20. Матичната му дала на мм фероглобин и он го купил одма. Шознам дали да го пијам. Има и б6,б12 , фолна кои веќе ги внесувам преку фемибионот и кардиовитаминот. Ќе ми дојдат многу витамини . Цвекло јадам, брокула, спанаќ, цедам сокови . Некој случај како мене има?
@kukla21 И јас на почетокот имав јаки главоболки. Во еден филџан кафе исцеди едно резенче лимон. Мене само тоа ми помагаше. @eli25 еве и јас. Хемоглобинот под граница, а железото супер. И јас го пијам фероглобинот. Една рака апчиња како пензионерки. Може срамота вака што прашувам, ама од ко почнав со нив многу црн изметот некако. Нормално е?
Да така е, на извештајот кој ми го дава Петановски имам прочитано многу информации кои тој воопшто не ми ги ни спомнал, како: постелка на заден ѕид, степен за зрелост итн, Смета дека нема потреба да ме оптеретува со непотребни податоци. Исто и матичниот, минатиот пат го потпрашав дали има доволно плодова вода, ми вика ти не се грижи за ништо ако нешто е надвор од нормала секако ќе те известам
@Luna91 како се пие на гладно? Имам слушано дека сите препарати кои содржат железо даваат црна столица. Инаку, стварно сме како пензионерки. Јас само се прашувам да не заборавив нешто. Прво аспирин,ќе јадам па кардио витамин, па магнезиум, фемибион, клексан, утрогестан. Сега уште ова фалеше
Внеси си во калкулаторот висина и ќе имаш ориентација цела бременост дали си на прав пат со внес на калории