На колку време одиш кај матичниот и во Ремедика? И јас одам во Ремедика кај Димитров и кај матичниот па некогаш ми се фаќа на две недели па си викам да не му штети на бебето толку многу контроли со ехото
Еднаш месечно одам кај двајцата. Последниот пат ми се погоди во рок од една недела да одам на два прегледи. Ми требаше извештај за боледување. Мислам дека нема штета за бебе
Zdravo zenicki sedimnetacija Na eritrociti pokacena 15, ph Na urina Malku pokacena ima mesto za panika ili ... samo Sto gi zemav rezultatite I eritrociti I leukociti sedament u urina Malku pokaceni ...pozz
Завчева и јас проверив крв и исто како кај тебе. Истите капсули ги зедов, од вчера ги почнав, незнам како ќе делуваат.
Седиментација во бременост е секогаш покачена и матичната ми рече дека не ни треба да ја испитувам. Не ни правев. Консултирај се со др.дали ќе треба и урино култура.
@kukla21 Веќе споделија неколку членки за главоболката. Еве и јас се приклучувам. Кога не можев да издржам пиев парацетамол, инаку пиев секој ден кока кола со цеден лимон, ми помагаше. Така повеќе од 1 месец. Потоа само од себе си помина. А притисокот и тогаш и сега ми е низок, значи не е до тоа. До лудување на хормоните е, до зголемување на крв во нашите тела и потреба од проширување на вените за да ја носат истата, сето тоа прави главоболки. Ќе помине.
Фала ви на сите. Мислев ќе умрам од болка. И тоа во секунда стана интензивна. Бев на боцкање сега, па убаво ми дојде свеж воздух. Сега само ме тушти. Ќе пробам да дремнам.
Еве јас сум 18+2, иста килажа како на почеток - 60 кг. Ама таков ми е организмот, малку да немам апетит, да не јадам доволно и одма слабеам. А последниот месец, повеќе од 2 недели немам апетит. Ослабена бев 2 кг. Стигнав до 58. А бебето си напредува.
Јас и пред бременост и сега во бременост ги имам пиено Фероглобин и никаков ефект. Дури ми се намали хемоглобинот од 11 на 10,2. Како и да е може не делуваат на сите исто, пиј ги може кај тебе ќе има ефект.
и јас го имам истиот проблем, ако може така да се каже. Стартував со 48кг(толку имам последниве 2-3 год), првиот пат кога бев ме мереа и ми рекоа 50кг па на наредна контрола пак 48(две три недели ми беше лошо, повраќав и лежев) и сега последно 49 Не се поправам ич 15та нед сум. А бебето си е добро напредува. Не знам што да мислам искрено
Се дури е се во ред со бебето, нема место за грижи. Па шо ќе ти се килограми плус, за после да се мачиш со нив? Уживај си. Јас му кажав на докторот дека немам апетит, дека ни кило немам качено, тој ми рече ќе качиш не се секирај Има време и за тоа, а бебето ми вели еве супер си напредува. Пред 2 дена бев на преглед.
Уф добро сум се држела јас Почнав со 55кг, па кога изгубив апетит намалив на 54, а сега сум 58кг. Според листат добра ми е килажата Едит: денесмсум полни 18 недели
Jas sum 11 nedela i imam 2 kg. kaceno. Pocnav so 75 kg. sega imam 77 kg. a turbo mi e sekoj den. Sekoj organizam e razlicen. So prvata bremenost kaciv 17 kg. I samo 10 posle uspeav da oslabam Se nadevam sega pomalku ce stavam.
Истото и јас го помислив. Воопшто не е логично. Јас сум полни 23 недели и само бебето ми е 600грама. По една апликација што ја имам симнато пишува во просек 6 ипол кг за овој период е нормално. Јас сум поправена околу 5кг.
Хм според листата и јас сум добра, имам само едно кило помалку за оваа недела Ноо, пресметува дека до крај во 40та нед треба да имам 75 кг. Што ми личи на научна фантастика Ај да не зборувам многу да не бидам мече на крај
Ajde da ne se povtoruvame so mislenjata, devojkite veke napisaa se. Ke pomine.. i mene me drzese okolu dve nedeli. Period e. Neka e so lesno, te guskam