Мами, а кога почнавте со купување за бебуш, зборам за големите работи. Пример количка. Јас се заљубив, ама па некако рано ми е. А од друга страна баба се загреа и она многу и се допадна хахахах...
Јас сум средина на седми меcец и немам ништо купено. Алишта ќе купам кога ќе влезам во деветти за да си ги исперам. Количка, креветче разгледувам, а тоа може да се купи и кога си во болница зашто кај мене бабите ќе купуваат. Ќе им кажам какви сакам и ќе ги купат Јас не сум за толку рано купување искрено зашто некои и од петти месец купуваат. Ама секој си знае за себе нели.
Абе и јас не сум, ама ете не е само до мене. А сами не ги оставам да купат. Нека купат сами облека и ситници, ја со свои очи и раце да видам, макар и да знам која е. Али коа ќе се заљубиш во нешто....уфф не знам.
Јас не сакам да оставам се на крај. Што ради финансиски причини, што ради мерак. Огромен финансиски оптеретување ќе ни биде ако оставиме се за еден месец. Од друга страна сакам лека полека со мерак да си пазарам по мој вкус, не други на крај да ми бираат. Јас сум 6ти месец, планирам од нареден да почнам да купувам покрупни работи. Сега си земам нешто ситно од ќејф. Ама секој си знае како му е најдобро. Нема правила.
Јас си знам какви сакам, само уште да им кажам да си знаат. А вие штом си сакате, купете си. Пак ќе кажам, секој за себе си знае
Абе супер штом можеш така, блазе тебе. Јас не можам да си дозволам на нив да оставам, иако и јас знам што сакам. Прво ќе ми дојдат со плус уште 1 количка, пошо некоја ќе им се засвиѓа, ко еве денес што ме насска мајка ми. Второ доволно е боја да им се засвиѓа друга,одма ќе сменат нема да прашаат. Ќе кажат ние пари даваме бла бла. Затоа немам доверба да им дозволам нив за тоа. Вака нека ми дадат пари, јас сама ќе си подмирам, они има уште мн работи да бираат...ама за креветче, количка и слично, не не. Ко пример, ете имаш од маж ти креветче, шо ќе купуваш, ќе го исфарбаме бла бла...Мака ќе си имам јас луѓе, не се шалам, единци сме и јас и маж ми...хахахха
И јас како тебе, сакам јас да си пазарам за бебчо. Да помине вториот скрининг и ќе почнам полека да купувам ситници. А количка отприлика знам каква сакам, но не планирам да купувам сега, дека треба здравје крај на август да се породам и сигурно нема да почнам да шетам со толку мало бебе. Таман кога ќе потпорасне накај февруари може да купам за на пролет да се шетаме. Приоритет ќе ни бидат креветче, релаксатор... незнам може ќе сменам мислење или ќе ни затреба.. но тоа сигурно ќе биде од кога ќе се роди здравје
И јас оставив за кога ќе бидам во болница да купат и се заебав. Сум пишувала, купија, ама мене многу брзо ме пуштија, и не успеаа да исперат. Па нервози, карање и плачки имаше, немаше спремна облека за изнесување на бебето. Не мора многу рано да се почне, ама во девети веќе можеш. Кога и да се породиш во девети е навремено. Па основните работи може да бидат стокмени, а друго после ќе се докупува. Иначе бев на ехо. И скроз ме буни др со неделиве. Значи сега сум 29 недела + 2 дена. И како да рачунам 29 или 30 недела. Терминот ми го определи докторката според мерките на бебето зошто не се сеќавам кога сум имала добиено, а сега вика аааа ова бебе е доста поголемо. Правев и кр слика. Имам холестерол, а во живот сум немала. Хемоглобинот на долна граница. Имам и бактерија во урина. Во понеделник ќе направам уринокултура па да видиме која.
@mariz млада сум ама старомодна, носам телефон што не подржува интернет се пуштам од лап топ па затоа 2-3 дена додека добијам пристап до лап топчево што ме дружи цела бременост @irena.1 29+2 е 30та недела, 29 полни недели и 2 дена од 30та недела. Ќе ти препишат нешто за хемоглобинот и за бактеријата ќе ја излечиш не е опасно, не треба да ја има на пораѓај само за да не се пренесе на бебето.
Најдобро кун 8 ми месец. Јас од тогаш почнав лека полека со стварите. А облека после ехото. После 36 та недела гледав се да комплетирам. Обично 29плус 3 е 30 недела ова за пример ама јас кога бев 29 плус 3 пример си сметав дека сум 29 што реално е и така по пресметките за термин.
Овие 3-4 дена хормониве ми се лудница. Секој ден ми се јаде некоја глупост Вчера навечер ми се јаде ќебапи умирам за јадење Се воздржувам да не мислам на нив дека за ручек пица правев да не јадам многу нездрава храна, ама џабе тука ми е паметот. Во 9 часот оди да ми земе ММ кога им навалив за 2 мин ги смачкав 7 комада со лепиње. Утрово само што станав ми се јаде паштета аргета намачкана на леб, и одозгора мајонез. Ми се лоши тоа ми се јаде . Оди ММ зема ја јадење 3 кришки со паштета и мајонез. Не знам што ми станува се глупости ми се јаде. Јадев во 9 часот сега пак ми се јаде и тоа бурек со месо Не знам што ми стана, ММ ме откачи не ми купува бурек,и излезе со малата на кафе и спортска да изиграл.
Dobra si stom si pominala so 7 kebapi.Jas pred dva dena smackav 15.Mozes da zamislis kako mi bese posle
Јас сум 7 месец и имам купено само две боди од што ми беше мерак. Мм вика рано е па ке пазариме на големо наредниот месец. Креветче добивме на поклон минатата недела од баба и дедо, а количка од другите баба и дедо веројатно наредната недела. Облека нема да земам освен за да излеземе од болница затоа што сите тетки купуваат од кеиф и ке одрасти одма а сите се малечки. Се си имам веке одбрано само да речи мм ајде одиме купуваме
Jas uste ne sum kupila nisto,ama zatoa majka mi i snaa mi kupuvaat i za mene.Si imam bendisano kolicka i krevetce.Pocnal veligdenskiot popust vo ch,pa se kupuva na golemo.Duri i cucki ima kupeno.Jas ne sum za tolku rano kupuvanje ama aj so da im praam
Мамички утрово после туширање се мачкав темелно со кокосово и приметив на брадавиците, не знам како да објаснам, буквално како гурелки на очите кога имаме значи жолто зеленки грутченца. Се извадив од памет Кажете ми што е тоа, ви се случило ли, нормално ли е? Дали е тоа можеби таа течност колострум(ама премногу е рано)? Но не сум приметила ништо да тече.. можно ли е да се згрутчила? На едната имав повеќе, ги измачкав убаво со кокосово почекав да омекнат и со памукче неколку излегоа нежно, но некои не сакаа малку ги чепнав и сега ми се чини како да ме боли Се исплашив
Ne veruvam deka e kolostrum.Mislam rano e,ili pak zavisi do zenata.I jas imam takvi.Samo beli.Mnogu boli ako cepkam.Neznam so e stvarno
Истото го имам и јас, на едната града и под брадавицата ми се појави такво жолто. Како грутки се Знае ли некоја што е тоа и дали е нормално?