За една недела сум се поправила 3кг Си сфатив здраво за готово дека мора и вечера и крај. Обично правам шопска, плазма и млеко а често мм оди по бели пецива ( одма до зградата имаме и после 20 часот излегуваат првите). Вчера рекорд. За доручек мм печеше лиснати и тоа големи од стокомак, изедов две и после пола саат дојде сестра ми и донесе симит. Го изедов цел. Симит јадам секој втор ден. Паштети и маргарин, нешто најслатко ( не јадев со години) . Навечер во 2,3 станувам и ќе си каснам пак нешто И сега ми се пријаде од се по нешто
Хелоу Деновиве не сум за ништо Мачнини,повраќање а умирам од глад Се нешто ми се јаде а неможам ништо едвај една салата ако јадам Се имам доста ослабено,досега 5кг Матичниот ми вели дека е нормално Грбот ме убива,некогаш болките се неподносливи Намалив со кревање дете враце ама пак душа сака кај мама Него да ве прашам дали е дозволена масажа,да го запослам маже Оние биволски,коњски масти? @Вереничка а со првото и јас имав колострум на 3 месеци,сега од самиот почеток Ваљда нормално е
Луѓе, дали многу одите во веце? Јас сум седми месец, абе дежурам, само мочам. На 5 минути ме тера. Претходниот месец испитав урина, беше ок, сега овие денови пак ќе испитам. Само се плашам да не е некоја бактерија А не ме пече ништо.
Јас одев премногу со првото... еве ме и сега станувам ноќе по еднаш од сам старт... Ваљда те притиска убаво на бешиката, па неможе да се наполни цела и затоа си мочкаш нонстоп
Извини што дури сега ти одговарам,меѓутоа ме немаше некој ден на форумов од оправдани причини Инаку средена работа, бев во социјално,поднесов барање само, ги предадов документоте и ми рекоа да си проверувам на трансакциска сметка,најдоцна за еден месец требало да бидат префрлени средствата
Добро утро мешиња! Лежам со бебуш во прегратка и листајќи низ странициве се потсетив на најубавите времиња кога галев меше и ме дрмаа возбуда, страв, трепет, очекување... Тоа е нормално, припрема на градите за идното доење, стимулирани се и жлездите од наливот на хормони Кај секоја е различно, и сосем нормална појава и пред породување да се јави колострум и такви грутчиња и општо како љупење на брадавиците.. Ве читав погоре за желбата за јадење Какви промени во исхраната имав во бременостите, сите три ко друга личност да бев, и буквално бев опуштена и јадев тоа што ми бараше душата. Првата бременост се давев во млеко и банани, втората бев ненаситна од бурек, во третава бев зависник од кока кола... Убави времиња беа, дефинитивно најубавите во животот на една жена Уживајте максимално во бременоста и да се дружиме во мајчинските муабети
Мамички добро утро Се мачев неколку дена со чаеви, супи, мед, лимон... Но од утрово почнав и да кашлам и тоа убаво Не можам да се сетам некоја од вас пред некое време пишуваше дека земала некои пастили за лижење што биле дозволени? Дека знам стрепсилс и сл не смее. Може да ми кажете што да земам за грлово, без разлика пастили, сируп нешто?
За кашлица и грло немам земано лек и не знам да те советувам, а имав таков грип уште на почетокот на бременоста. Мене ми помагаше салеп и горен шеќер со млеко. Пробај и со нив, вервам дека ќе ти олесни
Софи пијам цела недела прегорен шеќер со млеко почнав да мирисам на млеко ама бев така така, но сабајлево кога станав веќе кашлам убо
Јас сум уште рука. Денес ми е дју деј ама немам никакив симптом за пораѓање. Одам секој ден на цтг и очекувам денес да се договорам со докторот да ме задежи за провокации. Иначе психички сум крш, негативни мисли, сафра ид по дома седење и 20кг плус тежина. Депрето пак ме фаќа изгледа. Не мижам друготп дете да го гледам, маж ми го мрзам...себе се мрзам...тоа. уште ко ќе ми текне дека ме чека пеколното мачење - породување шта да вам причам...
Имаше едни што смее,во Зегин ги земав ќе знаат фармацевтите. Инаку, подобро да не чекаш да ти се влоши, оди на преглед кај матичен. Јас во бремености и амоксиклав сум пиела, а третиот пат и зинат и три дози атб, каква затната отидов и на пораѓај. Со помин да е
Знам дека има некои пишуваше некоја мамичка, имаш право во Зегин сигурно ќе знаат. До пред некој ден бев омалаксана, како настинка, ама не кашлав, само ме гребеше грлото. Сега сум добра, ама па кашлам цело сабајле. Ти благодарам Понекогаш така многу ве сакам! Ама понекогаш
@Вереничка апчињата се викаат пантанол некако не знам точно ама прашај во аптека ќе ти кажат. Јас ги пиев но искрено од нив не видов некое подобрување па неколку пати се нспив парацетамол. @Mari-Ja со лесно да поминеш и што побргу да ни се пофалиш за новиот член
Вчера бев до сити мол да разгледам колички, седиште за во кола и креветче, во baby center, baby blu и во енци менци и една од продавачките ми рече да не избрзувам со купување бидејќи се спремал БЕБЕ саем на кој ќе има попусти по 20тина %. Проверував по нет ама никаде не пишува кој датум ќе биде точно, можеби уште не е закажан. Ако некој има дополнително инфо нека сподели.
Е сега вака, излегува дека ова- ве сакам, како само за Бубале и за Софи да е.. нели? А за сите беше наменето, посебен пост си беше тоа. п.с Речиси за сите..
Uste prviot den od transfer ne fati jaka kaslica.Nisto ne mi pomogna.Ni caevi,ni supi,ni oblogi so rakija.Edinstevno mi pomogna zvakanje na crn biber vo zrna.Gadno e ,no pomaga.Se zatopluva grloto.Ova mi go kaza Trajkovski.Ako sakas probaj.Ne e stetno
јас си користев ангал спреј и помага... секако со дозвола од докторот бидејќи не бев сигурна дали смеам... и има пастили едни што многу си ги сакам и имаат убав вкус isla moos