Може , ама прво сакам скринингот да го направам, да чујам дека се е во ред, и тоа не можам да го дочекам уффф, тек во 12 недела и 6 дена ми закажаа А вие што сте понапред можете веќе да се фалите со слики
Здраво мамички, како го започнавте празничниот викенд. Јас од денес сум во 9 ти месец, на нозе станата уште од 5 часот, јајца да вапцам, мм на работа да го испратам, бебо разбуден уште пред да се раздени, мава со што му дојде де со рака де со нога те во желудникот и така. Активно ми е уште од сабајле. Мами вие што сте поискусни совет да ми дадете да почнам ли со очекувањата или рано ми е уште имајте убав празник и убав ден
Фала ви од срце мамички, да сте живи и здрави и најсреќни со бебушите што треба да дојдат на свет п.с. Фала @karibian , тортата ја правеше мајка ми
Јас морам да ве прашам , 22 недели сум од утре 23 ја започнувам и до сега сум качила 5,5 кг некако како многу да е , од кои последната недела само 2 кг. Вие како сте со килограмите ?
Лелеееее многу се сеќирате за тие килограми, мнооогу. 5кг до пола пат бременост дури би ги ставила во категорија малку Имаш тема за килограмите, не се многу да знаеш После и тоа како се слабее... чим јас до 1год од пораѓај -30 успеав без страшни диети, верувај дека се слабее брзо неприметливо.
Многу повеќе ама нема дебели трудници да се разбереме. Колку и да ставиш секако убаво ќе изгледаат зошто нели трудниците имаат некој посебен сјај. Сите трудници се убави дали ќе качат 5 или 35кг.
Se vidovme Dene's so sinko moj nesto bese miren oti mama ne bila jadena . Inace bebe masala raste 326gr. 20 nedela sme a mama samo 1kg popravena. I na kraj slag na tortata pred da zavrsi doktorot so pregled sinko ni se prozevase I istegase se iznenaduvme I iznasmeavme . Imajte ubav den
Здраво мешиња. Имам едно прашање, дали некогаш сте почуствувале пуцкање во стомакот? Дури и маж ми го слушна. Сега сум 33+3, ова пуцкање почна пред околу 2-3 недели, не е често и не е секојдневно, се случува кога бебето е многу активно.
@mariz не да се замарам дека ќе сум дебела или слично туку дали е во ред да не ми се качи притисок од нагло поправање затоа прашав. А темата не сум ја сретнала сега ќе проверам баш @Среќа фала ви за утехата
@*Mila24* sega si 19+ ili 20+? Jas slednata nedela koga ke odam za Skopje ke bidam 19+1 pa neznam dali moze togas da se napravi skriningot ili da cekam uste edna nedela?
Синко мој е мн еластичен се врти на секој преглед , еднаш е карлично нареден пат главично, и др се чуди како е можно 38недела толку да се врти Таман се решивме за царски во среда ама ако остане главично незнам што да правам дали да одам царски или да си чекам , др остава на мене и мм да се одлучиме, а јас сум нестрплива сакам побрзо да се породам и да си го гушнам или пак во вторник ќе се сврти карлично не се знае, а имам болки кога мрда а изгледа тогаш и се врти цтг почува да покажува слаби контракции и затоа за празников два пати треба да одам
Дали имате користено Космодиск во бременост? Може е глупо прашање, но ме интересира дали е безбеден бидејќи сакам да го носам. Имам огромни болки во половината, уште пред да останам бремена.
Здраво мешиња Офф топик мислењата се избришани од темата. Најдобро да се продолжи со секојдневните муабети како и секогаш. Поздрав до сите