Па и со првото така одев, исто и со ова... што знам едно боцкање не ми е проблем (знам дека е статистички резултат) но сепак ке правам
Жени, дали ви се случило од клоцање на бебето да почувствувате болки? Ми се расклоца јако бебуш и доле ме заболува дури.
@Black girl ми се случило во првата бременост доста пати на одредени места да ме заболи (ваљда упорно притиска и удира таму и заболува).
Избришани се мислења кои воопшто не се за темава и се целосни оф топици. Мислам, да бидеме реални, дали мажот можел да цица од градата нема поврзаност со труднички муабети, а кога се брише такво мислење не може тоа едно да биде избришано, а другите(вашите) да стојат, нема смисла едноставно.
Se toa e ok.No koleskata tvoja brisese nesto isto taka i ostavase.Koga se oftopici se brise po red.Taa go postavi prasanjeto,sekako ne bese za ovde.Nie samo i odgovorivme
Мене вчера и денеска кога ќе клоцне како нешто да ме штрекнува на тоа место. Ама незнам дали е од тоа. И јас сакав да прашам. Некоја поискусна да ни каже? Јас сум 21+3 има 450 грама шо знам дали е од клоцање или си мислам.... Инаку денес првпат приметив кога ќе мртка ми подрипнува мешето
@eli25 @Black girl Од тоа е сигурно. И мене цело време на исто место ме клоца и тоа многу силно дури од болка потскокнувам. Дури и мм денес се зачуди колку силно клоца. Пред некој ден кога бев на редовен преглед докторот ми рече дека бебето е поставено карлично и на тоа место му се колениците и со нив клоца па затоа толку се болни ударите.
Во брзање била и од телефон сакала да среди, па останало нешто пропуштено, се случува, ќе ви бидеме благодарни ако пријавите и ќе биде средено. Извинување од нас за недоразбирањето.
Мешковци, неколку пати ве замоливме да не пишувате офф топик мислења. Сите такви мислења ќе бидат бришени. Ве молам да се држиме до темата. Има толку убави работи за кои може да се зборува во бременоста. Зошто да дискутираме за небитни теми? Фала и имајте убава ноќ.
@eli25 машала , нека растат само Незнам веќе дали ќе сум оф топик .Сакав да прашам 3 скриниг кога се прави ? После 2 скрининг кои прегледи следуваат? Да не испуштам нешто
@eli25 Да исто и мене ама не ми кажа скрининг ,туку контрола за 8 недели . Па се мислам ваљда исто ќе биде како сега .А секако 8 недели мн ми се гледат па ќе одам на контрола и порано кај матичната.