Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @iki26 а тоа хамбургерот во здрава храна ли го броиш? :)
     
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Не, ама на работа нема друго што да јадеме. Се некоја junk food се јаде. Важно нема више мајонез салати, сувомеснати производи, купишта месо и сл.
    Дома за вечера ќе си направам житарици потопени во цедени портокали.
     
    На stevemila и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    :*
     
  4. pikacu87

    pikacu87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички ние сме 18+4 на крај на месецов имаме закажано кај гинеколог преглед, најверојатно тогаш ќе се гледаат органите дали се добро и се надевам ќе ни го каже полот. Прва бременост ми е па искрено не знам дали така редоследно идат прегледите. Или тој скрининг што го викате се прави подоцна ?
    Инаку уште не сум сигурна дали бебето ми се клоца, почнаа да ме прашуваат сите, ама не знам со сигурност да кажам. Имам чуство како да ми кркорат цравата , но дали е тоа или сум била гладна :$:D не можам со сигурност да кажам . Поздрав до сите :inlove:
     
    На Ano, Mari*, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.311
    Пол:
    Женски
    И јас не читам повеќе никакви стати и сум по смирена и не се нервирам и јас сум со вештачко и не го имам прашано ни докторот како ке биде има време, затоа помалку читајте повеќе релаксација
     
    На Ano, karibian, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Ниту јас знаев како е мрдањето на бебето, нормално, прва бременост. Кога ќе се интензивира околу 22/23 недела ке разбериш што е :inlove: Тоа што ќе одиш на крај на месец на контрола и што ќе го гледаат развојот на органите на бебето, тоа е скринингот. За полот веќе во 16 недела се гледа што е:)
     
    На Belabelinakinder, stevemila и pikacu87 им се допаѓа ова.
  7. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мамички добар ден :*
    Среќен Велигден, Христос Воскресе, здравје среќа и љубов, и догодина кај сите што повеќе шарени јајца за новите членови :inlove: :hug:

    Јас пак да си се пожалам со подуеност на стомакот :whew: имам сериозен проблем, често ми се подува, огромен ми станува :o тврд, ме стега и често страшно ме боли :( како сечење со нож, грчеви, гасови, шетаат низ стомакот, цревата се мачат. Имала ли некоја од вас сличен проблем? И инаку имав проблематичен систем за варење, не ми собираше многу храна во мешето, но сега е многу лошо. Од денес си реков леб не јадам или многу малку или ќе земам некој специјален. Зеленчук овошје и салати и супи и ќе видам дали ќе има некое подобрување. Ако не,на лекар да видиме што е проблемот. Не знам како инаку да си помогнам, што да јадам што не. :wasntme: Некое решение, совет?
     
    На stevemila, Mari*, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. pikacu87

    pikacu87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Нас не гледаа некаде на 14-15 недела и не сакаше да ни каже гинекологот што сме. Ми даде тогаш приска да правам, следниот пат кога отидов веќе бев 16 недела, ама само ги виде резултатите, кажа дека се супер и ми закажа да дојдам на крај на април за следен прегле, па тогаш ќе не види и ќе ни кажел :) Така да уште не знаеме како да се ословуваме. Ма да мене се на машко ме влече, ама ќе видиме. Нека е живо и здраво само :inlove::inlove::inlove:
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    76.367
    Пол:
    Женски
    Помалку, а почесто јади... јас имам проблем таков и затоа многу пазам.. поради таа причина и ужинки меѓу немам често, чекам да се свари убаво се па да кснам друго... Првата бременост ич не пазев на тоа и често бев со такви страшни бодежи и подуеност. Сега некогаш дури и гладна малку се оставам.. боље така него цел ден да се мачам со стомакот... Јас скроз го исфрлив млекото од мени, па и после тоа ми стана некако многу поубаво на организмот. Јадам млечни производи, но млеко не пијам (па дури и нескафе избегнувам, турско чат пат пијам).... Нешто многу ти смета, откриј што е тоа... да не е и интолеранција на глутен или млеко, пробај прво еден ден глутен не внесувај, нареден млеко... да видиш дали ке имаш подобрување :)
     
    На stevemila, Mari*, Вереничка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мариз дали зборуваме за иста болка? Јака, како со нож, грчеви и внатре гасови, стегање и болка? Затоа што искрено ме плаши :worried:
    Мене млеко ми помага, или барем така мислам. :$ Неколку дена, овие за празнициве кога ми беше најтешко воопшто не пиев млеко, дури синоќа испив две чаши за да ми се смири болката, киселината и мачнините во стомакот. И искрено ми помага. Или барем ќе предизвика одење во тоалет :$ Мислам со лебот имам проблем, ние дома црн јадеме, ама деновиве не можеш да бираш, по гости, натаму наваму неколку дена не јадев таков леб. Од бели пецива имам мака, тоа го приметив и изминатиов месец не јадев. Не знам друго што, не јадам претерано тешка и сува храна, напротив. Слабо јадам и брза храна, скоро ич. :?: Единствено луто многу јадам- јадев :!: сега една недела немам каснато и планирам така да остане затоа што тоа дополнително ја отежнува работата :x хаос. Нешто мора да се направи, а нешто мора и да се јаде. (facepalm)
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.534
    Мешковци од денеска влегуваме во 6-ти месец :inlove:. Не ми се верува, цело време дека со стравови и времето летнало :| Сега немам никакви симптоми, ретко да ми се слоши на некој мирис. Почнаа да ме болат брадавиците, со што да ги мачкам? И јас приметив такви гурелки како кај Вереничка. После скринингот, таа недела мрткаше силно, а веќе 2,3 дена помалку. Некаде читам требало да се бројат мрдањата. Ова од која недела? Како ги осеќате овој период бебушките? Во неделата само 3,4 пати го осетив.Саботата ми беше непријатно од што јако удираше.
     
    На pikacu87, Belabelinakinder, Sandrichka 89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    76.367
    Пол:
    Женски
    Истата болка баш, се дуе стомак тврд камен, боли како со нож да ме боде некој осбено на левата страна од папокот (секаде боли, но таму највеќе), постојана болка е и не ја снемува цел ден (дури кога ке преспијам ноќеска, сабајлето кога ке станам спласнат стомак без болки), дури и како пуцкање некое осеќам, како некои внатрешни гасови кои неможам да ги испуштам. Мм се шали вика оди бе во веце прдни си ако се срамиш :rofl: Имам грчеви во стомак, а гасови немам (дали е некоја неможност да ги испуштам гасовите, па прават проблем внатре незнам :?:). Лебот мене не ми прави, ама месени работи кифли, бели пецива, банички, зелници, буреци.. се се од тоа обавезно ми прави проблем. Оваа бременост кисели краставички и свежа краставица ми прави таков проблем, па нема да јадам додека не родам :D а може и после тоа ако пак ми прави проблем...
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И јас имав вакви маки пред некој ден. Баш прашував тука. Подувана ко балон бев и еден куп гасови. @mariz ми кажа да припазам на храна, па кога не мешам многу не е страшно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Јас сум 24 недела и секој ден го осеќам различно, некогаш ептен е активен синко расклоцан, некогаш 4 -5 пати ќе мрдни во денот и толку.
    Инаку јас не бројам колку пати мрднало, јас знам дека во 9 ти месец се брои треба најмалку 10 пати на ден да изброиш мрдање, од сега е рано.
    На ноќе не го осеќам, кога јас се разбудувам на сабајле и ќе станам од кревет и тоа се размрдува, некогаш одма а некогаш по сат два од ко ќе станам, а навечер кога ќе си легнам си мрда по малку и престанува сигурно и тоа заспива.
     
    На stevemila, Ano и eli25 им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    76.367
    Пол:
    Женски
    100% е тоа, трудни мешиња ни се јаде нештo во моментот и неможеш да не го изедеш тоа што ке го наумиш :D е тоа го правев првата бременост и отидов со 103кг на раѓање, а почнав со 70, башка маки цела бременост со стомакот... затоа решив оваа бременост да пазам, еве до сега 1кг плус што е премија за мене :D ако станам алчна во моментот (а сум јадела доволно и не треба да јадам пак), барем зимам грицкам суво овошје или пак наоѓам занимација да не јадам бар уште 1саат ништо... до сега оваа втора бременост неколку пати се изнајадов се и сешто во еден ден и тие денови бев таква со болки, грчеви и едвај чекав да легнам да спијам и да станам без болките...
    Инаку денеска полна 12та недела, а утре скрининг :) Ставив нов стикер доле, добар е сега овој? Точно покажува? Бaр нa мене ми вика точно :D
     
    На stevemila, gjoker4e, Ano и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.113
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Девојки, најрвин за многу години празникот. Ние го шетавме мешко во Охрид и супер поминавме. Мачнините кај мене се сведоа на минимум, сега само ми е тешко на желудникот, и од миризби и топлина знае да ми падне мака. Ама не повраќам, се надевам дека и нема веќе да се врати повраќањето. Полека полека почнувам се да јадам.
     
    На stevemila, manako1, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Мене овие 2 дена, посебно денес многу ми мрда бебчо, дури ми е чудно, буквално ме удира и ми се познава и на мешето. Не дека досега не мрдеше, но овие два дена мн. често. Валјда е нормално некој ден повеќе, некој помалку да мрдка?
    А за брадавиците и мене ме интересира дали ставате нешто и моите се исти со гурелки.
     
    На stevemila, barby и eli25 им се допаѓа ова.
  18. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    За брадавиците знам дека било убаво да се мачкат со АД капки .

    Јас сум 23 недела ,во последно време бебче почна силно да клоца ,но еве вчера и денеска многу слабо . Ваљда е нормално некои денови да се помрзеливи.
    А во овој период нормално ли е да се чувствува мрдањето доле ниско ? Нели треба веќе да биде над папокот?
     
    На eli25, Mari* и Seduction им се допаѓа ова.
  19. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Јас сум 20та а бебето ми е многу активно по цел ден клоца. Почнав посилно и почесто да го осеќам последната недела. Исто и јас го осеќам многу ниско секогаш под папокот а некогаш дури прениско веднаш над срамните влакна. Наредна недела сум на втор скрининг па ќе прашам.
     
    На Mari* и Seduction им се допаѓа ова.
  20. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Потполно исто. :o Делот со внатрешни гасови.. грчеви, и мене ми е така. Со часови трае, а најчесто навечер и од спиење ме буди многу рано, затоа решив веќе доцна да не јадам. А јас многу сакам краставица и патлиџан, и многу јадам(а заедно не требало да се јадат) ..можно ли е од краставицата и јас да имам проблем :?: Не можам да приметам, ќе морам да пробам да се ставам на тест, едно без друго неколку дена да испробувам да видам што ме мачи толку :^)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.