@Libra88 приска се прави само со првиот скрининг бидејќи тогаш има поголема точност. Во второ тромесечие помал е процентот на точност кај приската.
Денес ми е краен термин. Бев на контрола. Бебе спуштено во карлица, постелка трет степен зрелост, плодова вода доволно. Тешко над 4 000г и кога ќе дојде времето ќе сме пробале прво природно породување кое во секој случај ќе било потешко поради тежината на бебе и доколку не се успее царски. Докторката ми рече дека сум пиела слатка вода во бременоста, а во моментот изумив да ја прашам што значи тоа, знаете ли вие? Контрола на секои два дена до полна 41ва недела, потоа неколку дена секој ден и најверојатно ќе се проба со провокација, па царски. Болки апсолутно никакви. Кошмарот да надминам термин се исполни, сега на ред е кошмарот со провокација и царски па ќе следи психичко опоравување. Цела бременост се движам како и претходно, дури и повеќе, секој ден изморена и ме болат нозе, значи преактивна бев сите ми велеа дека треба да одморам ама не ме држи место мене никогаш, и да не сум ама ич отворена, да не почнат болките до сега, не ми е јасно. Зошто ли не сака да излезе бебе? И некако не ми се верува дека има над 4 кила, ама ај најточно после пораѓајот ќе видиме. Ве гушкам сите, молете се да ме фатат болки што побрзо, ги чекам со нетрпение!
Скоро ист случај како мене,само што мене терминот не ми е поминат...за 5 дена доаѓа...бебето си е спуштено се како што треба, постелка и мене ми установија вчера дека е зрела и со трет степен на зрелост, плодова вода супер. И мојов синко е бабачко хаха ама немај гајле мене докторката ми кажа ако е вака крупен ќе тераат природен пораѓај иако јас сум ситна,а бебе крупно..чим е со главата надоле нема зашто царски освен во случај на компликации..така дане се плаши од царски ..мислам дека нема да имаш потреба од тоа се ќе тече во најдобар ред ќе видиш И јас сум се родила со 4кг, па мајка ми не знам како ме родила она ситна,преситна,а јас преголемо бебе па сум сакала природно да излезам надвор Ајде кога ќе се роди ќе видиме колкаво е навистина ... не е битно колкаво е..важно да е здраво и живо тоа е најбитно Ајде пуштам среќа да биде се набргу и да се олесниш
Blagodaram mnogu. Jas vo petok ke go pravam vtoriot skrining, pa vikam nikoj ne mi spomna za priska povtorno, da ne treba jas da si prasam
Мене денес ми стигна...да исперам навлаката па ќе ј пробам. Вака делува убава. Јас мн претам во спиење, абе секакви положби фаќам, се истегнувам и штрекам, затоа ја земав да пробам со неа.
Да, слободно, мене докторката одма ми ги даде ради мачнини, 2 пати на ден. Сега по потреба пијам само кога ми е лошо.
Која ја купи? Онаа од перници за трудници и деца? По која цена? Инаку бедоксин јас сега пред скоро купив рефус. Секогаш сум купувала, таков. А овој си беше во ваква форма секогаш. Не е исто, бедоксин е изворна форма, а б6 е прочистен. Барем колку што мене ми имаат објаснето. Како и да е нема штета ниту од едното ниту од другото.
Леле блазе тебе, уште малку и ке уживате со бебчо <3 Туку кажи која ти е тајната за бебе да стане 4кг, мојава манекенка тргнала да стане уште сеа
Ја нема моментално на групер. Таа ко П што е. Не обичнине ко потковица што се. Оваа е баш голема. 1700 ја земав Инаку за бедоксинов секој различно кажува, еве мене во сите аптеки исто е ми викаат, и на доктор исто. Битно е дека нема штета.
@Sandrichka 89 Ќе се породиме тука некаде, можеби и во ист ден. Со лесно нека е само. @2ndLuck не знам која е тајната. Јас многу слабо јадам, млеко и млечни производи внесував на почеток само и тоа со сила, не пиев апсолутно никакви дополнителни витамини и очекував да родам помалечко бебе околи 2ипол кила. Можеби тајната е во портокалите , во просек јадев по 5 секој ден, ама не е добро тоа. Јас сум се родила 3500гр мм 3600гр. Ако е големко ни бодињата ни памперсот нема ништо таман да му биде, затоа се купува и поголеми броеви за од 3 до 6 месеци како и да е ако не на почеток ќе се искористат понатака сигурно. Совет од мене. На мм му викам ќе бидам или крава или свиња. Ако природно крава, ако царски свиња. Аууу забегав скроз.
Здраво мешиња, немав време многу во текот на денов па еве сега еден извештај од мене Правев денес прв скрининг, бебе е супер 58гр, пак ке биде буце мајкино и ова, едно меше уште сега, а главата му одговара за 13+ недели Па едни усни, носе прчлесто какво е топче мајкино Носна коска има, вратен набор супер, 4 сликички ми извади матичната само ги гледам Приска утре ке правам. Полот за сигурност во 16та недела, мада убаво се виде што е... ама ај ке оставиме за 100% сигурност до наредна контрола Беше мирно, со скрстени нозе баш си уживаше.. и ова ко синко некое мирничко бебче Имам и друго за фалење, железото ми е 16 од феррум лек сирупот и тироидната 2.58 (волку супер не била 2год). Ете сега за сега немам грижи
Бедоксин или вит.Б6 нема рефус, само пакуван. Рефус се Б-комплекс, а тоа не е исто со бедоксин. Б-комплекс се сите витамини од б-групата, а бедоксин само Б6.
Јас од овој Б6 ич не сум задоволна. Кога зедов да го пијам ми се исшараа ноктите. Го прекинав и сега си купувам Б6 на синерџи. Поскап е, ама косата и ноктите не ми биле подобри.
Греша моја. Стварно почнав да затупавувам. Само ова ми пречи. Се приметувам во послдедниве две недели многу заборавам, послабо капирам и работи кои би ги решила во секунда сега ми треба време.
Baby brains. Сосема нормално. Дури и во првите месеци после породување ќе ти биде така. Без грижи, ќе помине.
Чудно е ама изгледа ќе мора да се навикнеме. Има моменти на работа си седам така и незнам што да фатам. Ми бега ептен концентрацијата.