Чекај не паничи. Слушни се со докторот. Затоа не ги сакам овие хемолаб, само форсираат анализи. Треба докторот што те води да ти каже, а не овој по телефон , да испиташ и тоа, без преглед без ништо. Ако има можност провери и на др. место.
Nitu znaev so e toa.Nit dr mi spomna.Mu pisav na Trajkovski vika ovaa terapija ti e ok i ke se konsultiral so kolegi.Neznam ni so znaci sega ova ni nisto
Немој одма да се секираш, ке ти каже докторот што да правиш, а и да е точна дијагнозата со терапија и исхрана ке се среди. Мисли на бебе и без гајле, не читај многу зошто уште повеке ке се паничиш. Ајде малку опушти се, можеби и резултатот е таков зошто имаше висок притисок оној ден. Биди добра
Znaes li sto znaci Pctl.?Gledam rezultatot od skriningot.Na net gi vidov znacenjata na drugite skratenici ama na ova nema
По денешниов преглед не верувам ниту на ехо, ниту на болници, ниту на доктори. Бев на редовен преглед поради надминат термин. Пред два дена една докторка во истата болница 4100гр пораѓајот ќе биде потежок голема е можноста да заврши царски, денеска друга докторка го мери 3200гр и има фатено најдобра положба за природен пораѓај. И викам пред два дена 4100гр го измерија вика нема шанси максимум 3500гр ако е преку сила. Најточна тежина кога ќе се роди ќе знам, сега не верувам на ниедна бројка. И уште една работа ми кажа скроз спротивна од пред два дена кај другата докторка ама не ми текнува во моментов се блокирав. Ми текна. Пред два дена постелка трет степен, денеска втор кон трет. Денес сум 40+2 статус кво. И сум премногу незадоволна од Чаир. Можеби за породување е добро не знам се уште, ама за контроли, жив ужас, не знам како не се породив од мака таму. Чекав од 8 саат сабајле, на ред дојдов во 10, а во 8 само две жени имаше пред мене, од една врата не праќаат на друга, доктори нема на смена, влегуваат со врски, нема апсолутно никаков ред. Не знам како е на ГАК, мм вика можеби било подобро таму дека немало шанси да биде олку лошо како тука. А и јас немам никакво искуство со болници па изгледа многу ми дојде реалната слика на нашето здравство.
Мене ми е така кога нема да појдам да се испразнам неколку дена ,на сабајле миксирам овошје го пијам и после едно кафе и одма во веце
Абе душо секаде е исто, не само за раѓање за било што... баш како што викаш реалната слика за здравството кај нас е тоа. Ако го сакаш тоа внимание кое го нема државно мораш да платиш или да имаш опасни врски. Живи здрави да сте битно само, да знаеш дека секаде е исто. Сум лежела отпосле низ детскиве клиники, инфективно со малиот, хирургија и секаде е хаос, немаат привилегии ни овие мали златни деца, чекање низ ходници со саати (рекорд 6 саати мафтање од врата на врата заедно со 18м дете). Незнам дали си влегла во Гак, таму па што е... еднаш 35/36та завршив таму нешто итно и си реков овде па никако не стапнува моја нога (освен во лабараторија за крвни анализи). Тоа во Чаир некогаш што нема доктори, итно ги викаат во родилни сали, мене еднаш ми се погоди само да чекам повеќе време, инаку се на време ме прегледувале... за тежина и јас не верувам зашто мене ми рекоа па 3500 дека е, бебе 4400 тоа е цело кило разлика. За постелката незнам што да кажам, секој доктор различно толкува 3 и 2 накај 3 може на нив да им е и сосема исто
И претходно си имам кажано дека не сум отишла кај мојот матичен гинеколог туку сите испитувања си ги правам приватно и сега кога има уште малку до породување, идам да земам некој документ што треба (само еден лист и 2 мин. работа а ја чекав 2 саати) и типката ми вика епа како јас сум ти матична кога не си дошла кај мене никогаш. И кажав матичниот доктор ми провери на мое осигурување и излезе ваше име и презиме, па се налути што не сум идела кај неа, зашто сум идела на приватно и сум плаќала по 2-3000 за преглед, зошто сум правела испитувања вакви такви. И на крај ми вика правете си се на приватно па после ќе ви се случуваат лоши работи. Ми изнакажа и многу други лоши нешта ама поради тоа што читаат трудници а знаеме какви ни се хормоните тогаш морав да скратам и да цензурирам. Ептен ќе мора породилно да ми отвори иначе ќе и го пратев сопругот да ја превоспита.
Ццц глупача баш. Што неа ја интересира незнам, па каде сакаш ке си одиш... божееее како пари од неа да зимаш па да се буни Море јас така не ќутам, некој а ми згреши вака одма во акција, а мм па ме влече ме буцка да не се расправам Како си издржала да не и се пуштиш... Јас на твое место одма ја менувам. ЦЦЦ неможам да поверувам на реченицава ке ви се случуваат лоши работи...
Само и се насмеав и си излегов. Што да и правам. Неможам да ја сменам имам уште малку до породување. А требаше да ми даде само лист за рефундација на средства за Rhophylac инекцијата што се прима за Rh- трудници. А и јас се изненадив од самата помисла како останав смирена, а и ме запрепасти нејзината реакција и зборови.
Од такви како нив патиме сите идиоти да разбира нешто ке одевме кај нив немаше да даваме еден куп пари за приватни болници, жално е што секакви неписмени работат и што нема закон за нив само господ да не чува и со лесно на сите мамички
Zdravo, Jas sum sega 27'nedela od sredata pocnav po malku da krvaram kako kafeavko I otidov na dezuren ginekolog, mi prepisaa progesteron depo I utrogestan od 200, od togas sekoj den krvaram.po malku a deneska najcudno kako parcinja gusti.kafeavi brisam.na hartija,.sto da pravam mn se plasam dali pak da pojdam na dezuren inaku postelkata mi e nisko postavena na preden zid
Јас би отишла на дежурен, и да не е страшно барем ќе се смириш, вака стресот само поголема штета може да направи. Со лесно.
Цервикс и грло на матка е едно исто. Тоа што пиша дека провериле дали си отворена, всушност проверуваат какво е грлото, дали е дилатирано т.е. дали си отворена, каква му е конзистенцијата, скратување.
@cat-woman не е страшно, од постелката е дека е ниско . Само строго мирување ,лежи на лева страна . Ќе се смири крварењето, може и плацентата ќе се крене . Само мора да мируваш малку и да не креваш потешко од чаша.
Здраво на сите , сега доагам од лекар , малото што ме мачи со гадење и лошење пораснало и му го видовме срцето како си чука ... бесценет мномент , пресрекни сме со сопругот