https://forum.femina.mk/threads/Количка.4578/page-76#post-3362378 Тука имате многу исуства за бебешки колички.
@mariz 13+1=14 недела = второ тромесечие во право си @fina erika до сабота ќе сум породена 10ти ден од надминат термин ми е во сабота Телефонот не престана да ми ѕвони, фб преполн со пораки, ама ниту кревам, ниту враќам, нека ми прости Господ Мајка ми ме нема побарано да ме праша до кај сум ама најсериозно, цел народ ме бара, нашата чудесна земја Ме фаќа инает и никој да не дознае кога ќе се породам од што се толку досадни, па гледаш еднаш два пати ѕвониш не кревам што ѕвониш по трет пат, ахххх @LadyC на кој начин видоа кај тебе дека имаш тесна карлица? Денес сум 40+6 и за прв пат докторот ми вика дека изгледа имам тесна карлица ама не ми потврди баш.
Мене како што се сеќавам во Чаир ми мереа со една чудна железна направа, таа една докторка ми ги пробуши колковите, ме заболе искрено хахаха од колк до колк мери (кај оние секси коските, oд коска до коска колку има гледа) ама дека бев збуцкана доста едвај ми ги најде кај ми се Инаку веќе на бокс бев качена кога ми мереа..
Дали некоја МОЖЕБИ користела маст/крема ФЛОГОЦИД/ФЛОГОДЕРМ ? Ми ја даде гинекологот за хемороидите Ми кажа дека нешто ветеринари не знам што не знам како, ама многу не ја заслушав, важно ми рече она таа ја дава за хемороиди на трудници и дека има добро позитивно искуство со неа. Е земав да ја пребарам и најдов дека е за животни но дека можат да ја користат и луѓе. И баш тука на фемина има еден куп мислења за кремава. Дури и едно за хемороиди. Ако некоја ја користела, знае нешто, може да праша некого, ве молам кажете ми? Не знам што да правам не бива пробав се за хемороидиве, другите масти не помагаат, кантарион, компир исто.. веќе 10 дена, мачно ми е Д-р ми рече, ако ми речат дека сум трудна да кажам гинекологот ми дозволи. Сигурно знае што прави Мешиња?
Женски дали бремена жена на одмор носи едноделни или дводелни купаќи за капење? Изгледа го кандисав ММ за одмор, па да знам уште од сега да се спремам. Свеќи ми помогна, и она го убедуваше: " одите оваа година, другата и така нема да одите, со 3 мали деца каде ќе одиш.... итн. Па гледам дека попушта, ми вика најди некој аранжман, а јас веќе најдов Се надевам дека и др. ќе даде зелено светло, и дека меѓувреме нема да се појави некој проблем.
Јас за првото бев бремена 6месец кога бевме на одмор.. Си носев дводелни цело време... А и редовно после капење се преслекував.. Да не се сушат на мене.. Искрено и ден денес после 3години ми остана во навика.. Претходно не правев одма така
Пишав во темата добар гинеколог вчера попладне и не ми одговорил никој, затоа и тука ќе пишам и молам да не ми се избрише мислењево. Ако оди некоја од вас кај Радица Бојчева да ми даде број и да ми каже од колку работи за да се јавам. Можете и во лп да ми пишете
Овој број го најдов во Златна книга 078 836 600. Јави се на пример од 10:00 до 14:00 сигурно работи тоа време, но пробај и преку целиот ден. На фб работно време пишува од 08:00 до 20:00 ама не знам колку е точно.
Блазе тебе јас не успеав во убедувањето. Се тешам со тоа што оправдувањето негово е реално и во јуни ќе сум 9 месец, а за порано џабе ќе одевме водата нема да е топла. Така да ќе се задоволам сега со еден продолжен викенд до Сандански
Да споделам за Авицена. Јас колку што знам само таа во тафталиџе работи со фондот и тоа само за одредени испитувања. Скриен шекер за со упат мислам дека само во понеделник испитуваат и затоа толку се чека. Во таа во Аеродром воопшто не работат анализи со упат, само приватно. А во адриалаб како го прават. само еднаш со пиење гликоза. Нешто како да наслушнав само едно мерење дека правеле, а по правило треба три мерење. И во Авицена колку мерења прават? @Capricorn Taurus купи си и не му ја миси. И јас да ја иамше таа што ја бендисав веќе ќе ја имав купено, ама само една последна, отпакована, изложена во дуќан беше @iki26 и јас сум за дводелни и обавезно пресоблакање за да не ги настинеш бебуши. И јас си ги токмам купаките за Јули. Едвај чекам. А и планина би одела. Ми фали Банско, од лани не сум била, а си правиме барем 5 дена релаксација во годината. Ама да не аздисувам сега и јас, доста е на бањање што ќе одиме
За на државна за скрининг знам дека го фалат Каев. Детето (така ми доаѓа да го кажам откако ми текна кој е, зошто една год. постар е од мене). викаат дека за скрининзи бил добро. Јас не сум била и неможам да кажам од лично искуство. Јас кај Димчев закажав зошто имам некое привилегирано осигурување, па ми се исплати.
Беше некна во комисијата за боледувања он ме гледаше па може и кај него ќе видам кај ќе има слободен термин
Да,веќе утредента бев подобра,немав ништо Уфф се преплашив поштено Повеќе одмарам и по еден час во денот пешачам,ми е страв детето да си го земам враце Другата недела имам контрола па ке сум помирна тогаш фала што мислиш на мене
Mila pominav niz toa I znam kako e .Izbegnuvaj da ja digas malata,ke pomine cuvaj se. Mesenca pred Edna nedela bev so visok pritisok 140so 90 deneska 90so 60.Mnogu variranje ova??
феминки прашав во прво тромесечие, ама ајде и тука. Ми пронајдоа кламидија- слабо позитивна. МИ препишаа апчиња сумамед и вагиналети. Јас сум многу исплашена. Има ли некој природен лек што може да се забрза процесот на отстранување на бактеријава?