пишува во мајчинскава книшка Fe: 66,5 тоа ли е? Ама ова е во 8 недела на почетокот од бременоста. Едит: и дали 12,6 хемоглабин е нормално?
Може да е тоа феритин, тоа се резерви за железото 10-160 се нормални граници кај жена. Неможе да е серумско железо тоа, серумското има обично реф граници 6-26 и 66 би било превише инаку се зависи до лабораторија и реф граници колку се, 12.6 според сите граници си е океј мислам
Значи ништо незнам колку ми е, некогаш се нервирам за тоа Гинекологчево ништо не ми кажува само вели се е во ред. Резултати никакви не добивам на рака. Вчера испитував скриен шеќер и му велам резултати кога ми Велат на гинекологот ќе ги пратиме по факс него ќе го прашаш, така ми праеја и за тироидната кога одев.
Ако убаво се осеќаш и да не знаеш мн мн е подобро ако нешто не е во ред одма се осеќа... инаку супер е и феритинот, мене на слабо железо ми беше 10-160, 7 преслабо.. од што немав железо и резервите беа заникаде... а и гинекологот ако не е во ред би ти препишал нешто, не се грижи Ако сакаш да знаеш земи од општ матичен упат, земи направи крвна слика во авицена, адриалаб и сама земи си ги резултатите, ние тука сме да ти кажеме што како, колку разбираме толку
Па добро се осеќам да. Не живеам во мк, инаку досега да сум направила се што постои од испитувања Ама некогаш си велам можи поарно вака што незнам, се дури ми е добро и докторов вели добро е Едит: едно време од многу мисли дали се е во ред сакав да си идам за мк да испитувам се, среќа не тргнав.
Така е. На се мислиме се дури не ги земиме во раце бебушите. После тоа се други мисли и се така дури сме живи. Мајка ми и татко ми кога не ги слушав за нешто многу често ми велеја ќе не разбереш кога ќе бидеш и ти родител.
Па ти даваш пари, бог да чува! Која лабораторија тоа? Барај и на тебе да ти праќаат или оди подигни си ги печатени.
Во Австрија сум и незнам убо јазик. На 11 мај сум на ехо ќе си прашам. Ама мислам овде за се прават така, резултати му праќаат на докторот што те пратил кај нив, Гинекологот ми вели секогаш се е во ред, резултатите мислам ми ги запишуваат во здравствената картица и нешто во мајчинската книшка. Некогаш си велам како ќе одам да раѓам вака во болница без никакви резултати, ама се тешам си велам не сум единствена.
И овде е исто,никогаш не добивам резултат Само ми кажува се е во ред или ако не е терапија Некогаш се чуствувам како неписмена околу тие работи,некогаш си велам и подобро да немам Кога имам резултати се опседнувам со читање (и непотребни работи),споредување Непотребни стресови некогаш си правиме
Уф исто. Ама ете некогаш сакам да знам и како да ме јади нешто од внатре, знам дека овде не се многу по давање терапии јас само фемибион магнезиум и Еутирокс друго ништо не пијам. За среќа се чуствувам добро еве 25+5. Ама не дај боже да имав нешто загрижувачко или некои болки бев во план да си заминам за Мк пошто овде контрола строго на 4 недели и да сакаш побрзо не ти закажуваат. Сега само пораѓањето ми е во мисла и ме плаши како ќе биди, бидејќи во болница само за пораѓање се оди предходно за цтг не, тоа кај матичниов.
Isto i jas toa pijam.Samo plus stavam Utrogestan i primam progesteron.Mislam nema pricina za panika.Ako nesto ne e ok ke ti kaze dr sigurno.Se ke bide dobro
И овде е на 4недели првите месеци се скренував од нервоза додека да појдам на контрола му викав на мажот ми да одиме на контрола овде не можи вика каде што почнавме таму ке одиме а и во право е овде во прилеп нема ни еден саглам доктор па одиме во битола во приватна зошто сум со вештачко а тоа што не ти дале други лекови изгледа нема потреба не се грижи и мене ми се гледа многу на секој 4недели ама сега сум посмирена секој месец
Таман си е на 4 недели преглед , еднаш месечно . Почесто не е ни добро . После 28 недела на 2 недели се прегледите . Така да опуштено си знаат докторите
@Belabelinakinder мене на почетокот од бременоста ме фаќаше паники и ми се гледаше многу долго времето од 4 недели, ама од како почнав да го осеќам бебето секој ден да клоца посмирена сум. Ајде со лесно да ни биде до крај. @Mari* знам те читав дека беше загрижена, така е овде, се надевам сега си подобра
Здраво мешиња. Нешто слабо ве има денес. Инаку мојот ден почна убаво а заврши со нервоза. Како може да има бесчувствителни луѓе што не знаат да се израдуваат и тоа мајката на мажот. И кажувам што ќе купувам за бебо кога ќе влезам во 9 месец и таа луѓе ме изигнорира,т.е ништо не ми одговори. Божем си игра со другиот внук. Е значи ми пукна филм зашто ова не е прв пат ама секогаш сум преќутувала.Па толку ли бе, може бар да направи политика, а две години го чекам ова бебенце. Се изнервирав и се изнаплакав. Како може да е таква. А имам голема почит кон неа, стварно. Ми доаѓа да и се испоразвикам.,ама си викам викам да не ги влошам односите. Извинете но морав да се испразнам некаде.
@Black girl со право си се изнервирала . А зошто не ја праша , ме слушаш ли што зборувам ??? Ух колку ме нервираат вакви работи . Како така ,нели ја интересира ?
Ми се случиле и полоши работи од ова. Ама не е ни време ни место да зборувам за тоа. Еден совет од мене. Кога гледаш дека не ја интересира не разговарај на таа тема, споделувај си со сопругот. Се нервирав порано и јас како тебе ама не вредело за никој!. Гали мешето, тоа е најбитно сега