@SophiaBella мене исто ми мереа и матичната и од Ремедика. Мереле убаво. Овие од Плодност сакале да ти земат пари за серклаж. Мене и ремедика и матичната ми рекоа и 2,5 да ми биде нема да ми прават серклаж туку ќе лежам цело време. Затоа смири се. Пребарај поназад јас исто бев испаничена , Софи ме смири. Btw @sofi2107 многу фали во темава. Се гушка со синко сега(ама убаво знаеше да не подбере кога бевме во паники ).
Нека им служи на чест. Дај Боже никој да не доживува веќе вакви стресови и се да биди во ред кај сите. Сега малку можам да се подопуштам и да поуживам. Ве гушкаме и ние @eli25 очигледно било за пари да ми земат. Неможи да грешат тројца доктори, а тој само да биди во право. Исто и мене ми рекоа дека и 2,5 да е не е за серклаж. Па и се изначитав по форуми и странски и наши и прочитав жени со цервикс краток под 2 цм, успеале и без серклаж само со лежење. Исто читав и научни истражувања, дека серклаж се препорачува ако е грлото на матката 1,5цм. Така да, очигледно тој си виде малку простор за нешто да извлечи, па удри како да е тоа единствен излез. Па уште и ми рече дека дури ни тоа не било гаранција дека нема да се породам предвреме, како да беше до толку алармантна ситуацијата. Да си мислам дека мора да го правам серклажот, дека друг излез немам. Цццц, страшно.
Затоа си ги губат пациентите од лакомост,а нас ни прават плус стресови.Важно се е во ред сега повеќе одмарај и се ке биде во ред.Од кои доктори си задоволна од болницата да знам ако некој ми затреба?
@manako1 јас воопшто не сум задоволна од докторката Марија, се за пари, само тоа ќе кажам а совет никаков. И плус таа ми земаше брисеви и пап пред бременост, и незнам колкава рана ми направи долу, неможев една недела да помислам на односи од што ме болеше, многу невнимателна.
Кај Николина бев, многу фина и стручна според мене. И матичниот ми ја препорача. Досега се шо сум слушнала за неа било позитивно. И во фамилија имам позитивен исход со тежок пораѓај кај неа, каде бебето беше во голема опасност.
Поздрав мешиња,јас сум 7 недела.До пред два дена освен поспаност немав никакви симптоми на бременост ама од Петок наваму како воз да ме прегази.Метеопаг сум и нa овa време ме вртат коски,посебно десната рака ме боли,имам многу јака главоболка веке два дена и мачнина навечер,и малаксана сум.Смеам ли да се напијам некое апче за болки?
Dobredojde i so lesno bremenosta.Mislam deka trudnica smee paracetamol.E sega dali moze vo tolku rana bremenost neznam stvarno.Ako ima nekoja iskustvo ke ti pise.Jas do 10ta nedela imav nepodnoslivi bolki ama ne piev nisto.
@eli25 отварам читкам по другине теми за бебулињата. Ама и овде ве читам секад обавезно да видам до кај сте Иначе со синко уживам максимално, си се гушкаме, галиме и бакнуваме 24/7 Здравје секоја од вас ја чека оваа убавина и верувајте чувството е бесценето. Ова е непроценлива љубов за која не сте свесни дека може до волку да сакате, да сте заљубени и да сте исполнети целосно. Го гледаш мало човече и не ти се верува дека е твое, не ти се верува дека толку можеш да сакаш. Од што си исполнет верувајте дури ни уморот и неспиењето не претставуваат проблем. Бременоста е отскочна даска на реалната слика. Синко ми е цел свет и уживам во секоја секунда со него Во врска со муабетот за цервикс ( должина на грло на матката) неколку страни наназад го правевме муабетот. Во кратки црти само ќе се пофторам....... ако Недај Боже треба да се деси нешто ќе се деси па макар и на трепавици да се иде. Ако се деси ќе се деси и со цервикс со должина и од 4см. Нејкам никоја да ме сфати погрешно, нити пак да си праите филмови у глава. Само една компарација правам зашто имам познанички и пријателки кој од 4см цервикс преку ноќ им се десило тоа што се десило. Има и ги знам што со цервикс од 2см 39недели бременост износиле и биле активни ( без серклаж). НОООООО напоменувам дека све е тоа со консултација на гинекологот кој ја води бременоста. Никогаш ама никогашш немојте да се споредувате една со друга, да пиете нешто што друга пиела, да правите или постапувате како некоја друга итн. Сепак секоја бременост и организам е различен, секоја е со различна терапија, историја и здраствен проблем. Верувајте дека све ќе си е супер. Какви ви се мислите таков ќе е и животот. Какви ви се соништата таква ќе е реалноста. Мисли убаво и позитивно и све ќе си е како што замислуваме. Ве гушкам сите и ви посакувам нај најубава и школска бременост и допрва доаѓа најубавиот период кога бебулето ќе ви го дадат во раце Тука сум за што и да треба @stevemila не те заборавив за кај другарка ми еднокринологот да знаеш. Упат не ти треба ужифкај. Барај ме на моб кога че сакаш да одеш за да ти договорам. Погали го мешко и бебулето најубаво од мене и синко
Мамички кажете ми дали е нормално да кога идам на гинеколог на преглед, секој различен преглед да ми кажува дека сум различна недела од бременост. Ми кажа дека сум 8недела, следен пат јас бројам 12 тој ми кажа 13, после тоа ми намали, сепа пак ми намали. Веќе не знам што да рачунам. Последна менструација ми беше на 8 декември 2016 и според проценките на интернет покажува 20+ 5 тој ми кажува 19 недела. Нормлано ли е да ми крати по една недела на секој преглед или не
@pikacu87 неделите зависат од пресметка на последна менструација и големината на плодот. Една недела +/- не менува многу, но не е во ред секој преглед различно да се сметаат неделите.
И на мене последна менс. ми беше 8 декември. До денеска точно 20 недели сум, според ехо. Пред еден месец отидов ми кажуваше дека сум 16 нед. а после 10 дена пак бев и ми измери 16+6. Мислам дека не мере точно, понекогаш набрзина измере и утне. Јас сум поназад 5,6 дена.
Да на истиот гинеколог на истото ехо, еве веќе трет пат ми кажува различна недела. Во моментот ми доцни една недела од првичната пресметка која јас ја имав претходно а која ми се софпаѓаше со онаа не нетов, тој калкулатор што го има. Па сега не знам дали тоа значи дека бебето ми доцни со раст или а инаку до сега ми нема кажано која големина ми е бебето, ниту ми има кажано колку грама е, ниту дали напредува или не. Единствено што ќе ми каже секој преглед е дека бебето е убаво и толку сега на 9 ти сум на гак за тој скрининг па едвај чекам да го видам и да ми кажат нешто повеќе Тебе ти има кажано кога ти е терминот за порагај, бидејки јас ни тоа не знам. Според овие пресметки на интернет стои 14 септември , ама не знам
До 12 недела може да имаш различни мерења па тоа е само 2-3 цм 1 мм може да направи разлика не се секирај.На скриниг ќе го видат убаво целосно и ќе знаеш точно што и како е. Не се оптеретувај колку е и како е ќе знаат докторите ако има место за грижа ќе ти кажат
Мене последна менструација ми е 06.12 и денес точно 21 полна недела. Според димензиите на бебињата се +5 дена. Малку напредни