Мила по пишувањево твое гинекологов не си ја знае работата како што треба. Да си побараш и друго мислење за ти да си бидеш помирна, како може така да ти прави да те загрижува непотребно и да незнаеш термин ни која недела си... Појди си на приватно да те видат на ехо и да си прашаш се што те интересира а не вака само да се мислиш а можеби и се нервираш. Си правиш стрес затоа за твој мир на уште едно мислење оди, па ако треба и матичен смени.
Па јас со тоа се тешам цело време, дека ете ако имаше нешто загрижувачко до сега ќе ми кажеше, инаку цело време тој го гледа бебето, и ништо не кажува, јас еднаш до сега го видов и тоа беше ако не се лажам 14 недела и толку
И мене гинекологот ме води една недела поназад, ама од старт така и така тераме. Тоа е според мерки најверојатно на плодот. Но секогаш ми кажува колку мм, па колку грама и се што треба. А зошто не си прашаш? Јас се што ме интересира прашувам и потпрашувам секогаш. Но не се грижи, тоа со неделите е најмал проблем. Најважно е да си расте бебчето и да е се во ред. Но мораш да си прашуваш Ете следна прилика на скрининг. Едит: Само еднаш си го видела на ехо? Не ми е јасно, секогаш кога она го гледа го гледам и јас.
@pikacu87 кај мене има разлика пд некој ден некогаш, меѓутоа си зависи од мерките на бебе. Ова твоево чудно ми е малку, изгледа тој не се замара барем да ти објасни зошто е така. Јас да сум на твое место ќе си побарам 2 мислење.
Мене тоа чудно ми стана, тој никаде не забележува колку било бебето претходно па колку е сега, за да ми каже дали напредува или не, па и да ме прекори ако нешто не е како треба. Тоа и ме стави во мисла кога видов дека ми крати по една недела, ми е страв да не случајно бебето заостанува во раст. Ќе го цекам тој скрининг на 9 мај и ќе видам што понатаму
@pikacu87 Можно е од ехо до ехо да има разлика со некој ден во неделите. Јас одев кај еден гинеколог, и ми кажа дека сум 38 недела и дека кога и да ме фатат болките можам да се породам. Утредента отидов кај друг гинеколог ( тој што требаше да ме породи ) и ми вика каква 38 недела, ти си 35 рано ти е. Мислев ај за неколку дена да погреши ама 3 недели? Побарај и друго мислење.
Доколку си во можност оди на приватно во меѓувреме. Не би требало да е вака. Не може да немаш ни една мерка, не смее да не води евиденција! Ако не можеш, чекај го тој скрининг, ама таму мораш да знаеш се детално. Да прашаш се што треба да знаеш веќе во тој период од бременоста. Без исклучоци! Ти посакувам се да е добро и нормално. Единствено лошо да е твојов гинеколог.
Јас ја имам симнато на мобилен оваа апликација pregnancy calendar. Ми се поклопуваат неделите цело време по она што ми го кажуваат на контроли. Само што на ехо снимките пишуваат недели по менструација и недели по големина.Ние сме 6 дена плус. @pikacu87 провери си во мерките на ехо сликичките како ти пишува. Ga(lpm) ти се недели по циклус, а Ga (aua) се недели по големина на плод.
@pikacu87 14-15 Септември е според последна менструација, но мојто е поназад со 4-5 дена и ми кажа терминот дека ми е до кај 20. Менструацијата ич не ми беше редовна и така од почеток ми кажа дека е поназад со неколку дена. На ехо кога одам си го мере бебето секогаш, главче, меше, бутна коска, теме-тртица и само претходниот пат ми утна, пред тоа точно си беше. Не ти дава на тебе сликичка од ехо? На неа пишува која недела си, колку грама е бебето и др. мерки. Некако чуден ми е твојот матичен, како тоа ти не го гледаш бебето, само тој, хм.
хахахха не знам како да кажам за да не ме сфатите погрешно, ама јас ни сликички немам до сега добиено. Гинеклогот ми кажа дека слики ќе добијам кога ке го правиме тој скрининг на 4д ехо
Душо оди на приватно под најитно!!! Јас од 5 до 8 недела имав дома 5 слики од точка мала па точка малку поголема....
Јас на почетокот си викам ајде сигуно дека е мало па не дава, ама еве 20 недела сум ,јас немам слика од бебето, му го имам слушнато срцето како му чука, тоа ми пушта и дали еднаш ми го покажа какво е. Генерално тој само го гледа, дали зема мерки не знам, ништо не ми кажува, не знам ни дали напредува или не. А се сомневам дека тој ќе памети колку било од претходен преглед за да може да спореди без да запише. Јас од возбуда често и ќе заборавам тоа што сакам да прашам, само знам дека ми кажува дека е во ред и дека бебето е убаво. Правев приска фала богу стои low risk за аномалии, Барав термини сега за закажување по приватниве сите имаа после 9 мај- после склинингот што веќе ми е закажан, па некако чекам да помине прво тој па па да одам понатаму.