Те читам цело време, и незнам што уште бараш кај тој доктор.. Не ми се лути, ама треба веднаш да го смениш.. Нема врска дали бебето е мало или не, и во 4 недела се дава сликче. и во 6 недела итн.
Па го водат како најискусен гинеколог во куманово, па според тоа и некако не обрнав внимание на почетокот на ова, ама сега веќе некако ме става во мисла
Без галје, не правиме муабет за искуство и знаење. Правиме маубет зошто секој пат ти кажува различна недела и зошто не ти кажуваа ништо за бебето па дури ни слика не ти дава... Не мора да го смениш, не ти вршиме притисок на тоа. Но мое мислење барем да појдиш на второ мислење..
Ако нема таму има во Скопје. Извини мила ама не чекај ни 5 мин. Оди на второ мислење. Ова не е во ред. Воопшто. Не ме разбирај погрешно, ама се загрижив. И се зачудив но тоа е најмалку важно. Навистина не е во ред! Зошто порано не пиша тука? Дома со никој не се консултираше? Мислам дека сите тука сме согласни што треба да направиш. Со лесно и престани да се грижиш почни да дејствуваш. Решение е лекот.
@pikacu87 еве го кај ти е Скопје Нека ти остане матичен ама мораш да си слушнеш второ мислење. Ремедика, Систина било каде. Да ти дадат извештај, да ти дадат сликичка и мерки. Мојава матична се запишува во картон. Кога одам го отвора и се потсетува. И од кај ќе знае он колку напреднало пример од последна контрола ? А баш ме интетесира дали ти наплаќа и зошто? Мене ми зема 300 ден и ми дава и слика во 4д. Не ми е намерата да те исплашам ама и ти гледаш мислиш цело време. Јас не би можела така да издржам
@pikacu87 ние ти кажуваме што би направиле, а сепак твое е да решиш... ако им кажеш дека е многу итно ќе те примат. Така да ... нрможе да нема термин
Не за преглед не ми наплаќа, ама не и дава ни слики кај него отидов по препорака дека бил многу добар, а прва бременост ми е и искрено не ни знаев до сега што треба да направам, ве читам подолго време спомнувате некој цервикс мерења , јас појма немам ништо. Па ете се одлучив да пишам и да прашам и за тоа мн сум ви благодарна што ми одговоривте во толкав голем број, сега веќе сум и јас посигурна дека не си умислувам нешто туку дека реално е чудно однесувањето негово, дали е само со мене како пациент или со други не знам, Знам само дека човекот стварно има мн пациенти и кај него нон стоп е гужва
@pikacu87 не мораш да одиш во Систина/Ремедика, можеш и во твојот град да бараш второ мислење, колку за консултација. Сигурно имате куп приватни гинеколози кои ќе те примат веднаш. Барем мојот приватен кога да се јавам е достапен, ако не одма за пола час/два. Не е работата за плашење, туку само да си ја смириш душичката.
Не се нервирај најдобро смени го гинекологот слики мене ми дава од секое ехо ми кажува параметри се. Така треба чекај да помине скринингот и или смени го или иди паралелно и кај него и на ГАК да ти ја следат бременоста
Кога сме кај сликички, дали некои си ги снимате на УСБ ехо прегледите? Мене докторот ми кажа од следниот пат да си донесам УСБ и дека ќе ми снима се, да си го чувам
Јас си имам две цд од прегледи со првото синче... Комплет со сликчиња, видео.. Навистина е убав спомен.. Тогаш докторот сам ми сними.. Сега за второво тој доктор не е тука, кога прашав друг доктор, ми рекоа дека таа функција не им работела - знам дека рекоа така само да не се намачат демек
Ги зедов денес резултатите од брисевите и супер се се негативни. Но ми најдоа ешерихија коли во уринокултура Не е многу 50 000 е, и од денес почнав со антибиотик 7 дена. И секако многи течности и чај пд брусница. Прв пат ми се појавува бактерија во урина Господ знае од што може да е. Нема штета на плодот така? Уфф ми го расипа денот. Инаку крвната слика ОК ми е, само хемоглобинот намален, а железото добро е.
душо такви се јас мојата уште кога дојдов ми се ипонаша како што не треба ама за среќа мажот ми му кажа кај и е местото и таа гнасна знаела од почетокот дека ке морам со вештачко и цело време ме буцкаше и ни еден сок не ми пусшти кога се оперирав.А јатрвами знаеше дека сум со вештачко и ми направи такви нервози што не можев да спијам и се си мислам да не беа тие нервози сега ке си носев две бебина ама јасвикам госпот е еден и се гледа мислам дека треба да се отвори тема за да може да си ја олесниме душичкава.Затоа срцка гали си го мешко гледај си го мажот и не се замарај а да не им чутиш на никој оти ке те газат сите
Мене ми направи цд од скринингот со 4д сликички. Само си го гледам. Ме потсеќа на мене во профил а многу сакам на мм да личи ќе видиме што фацка ќе биде во живо. Едвај чекам
Уфф, и таа мојата јатрва (ако можам да ја наречам така) е бетер. И мене ме буцкаа нонстоп. Кога го изгубив бебето вториот пат, пред мене збореа како животот без деца е ништо и као што ќе ти е брак без дете. Божем онака го кажуваа тоа, ама знаеја дека ме погодува. Мислам, каков човек треба да си да кажуваш такво нешто пред некој што има огромна болка и што поминал тешко.
Нема штета, не е многу не се сеќирај брзо ке се исчисти. Еее лубениците да беа стигнати, семките од лубеница се најдобри за таа бактерија, имам од минатата година си чувам за чај по потреба. Како што знам не е убаво во рана бременост да ја има, за сега немаш гајле, чајче, антибиотикот и ке ја средиш. Немој да јадеш благо исто така... Инаку мене баш ми се појави од пад на имунитет...
Тие се луѓе без осет и немат ни мозок затоа горе главата и игнор на сите пак ке речам господ гледа и кога тогаш враќа ке ја платат секоја наша солза