Исто и јас една вечер така се исплашив, не знам од кај беше крвта отидов ноќта на дежурен во болница, се беше во ред, нит скратено грло на матка ниту крв при вагинален преглед, само болки имав во половина и стегање - стврднување на стомак на 10-15 мин, докторката само ми кажа да мирувам малку повеќе неколку дена и магнезиум наместо едно на ден две на ден. Не се плаши ништо страшно не е ќе помине.
Денес првиот скрининг супер заврши Бебе напредно за една недела и се е во најдобар ред,со оглед на тоа дека сеуште повраќам и слабо јадам сум презадоволна Рече дека е 35 грама црвче мало Морам уште 8 недели да чекам за полот Само нека е живо и здраво
Во 20 недела ми прави втор скрининг,тогаш кажува пол Сега сум 12та и за 4 недели пак имам контрола ама тогаш неверувам да каже пол,барем со кере така беше
Баш така. Конечно си ги стоплив коските уште си носам блуза кога шетам за секој случај да не ми залади мене секогаш ми студи. Може да се види, кај мене видоа пол во 15w4d се зависи како е поставено бебчето.
Super,sega rastete.Mene na prviot skrining mi kaza deka izgleda e zensko.Ama jas nekako ne go svativ seriozno.A i ne mi e bitno.So saka neka e,da e zivo i zdravo.Jas sum utre ili zadutre na eho ovde.Imam nekoi cudni bolki.Vikaat normalno bilo,no sepak ke si odam na pregled,mirna da sum.
Јас во вторникот бев на преглед. Душата на мама е цело 1 кило . Прилично беше расположена бебушка дури покажа и фацичка. Ја добивме првата сликичка од фацулето. Јас и ММ цели мераци. Лекарката рече дека и заличува на таткото, може да замислите кој ќејфови беше он..
Девојки, јас сум 16+ н. и денес го добив резултатите од брисеви. И шок, излезе позитивен стрептокока. Ве молам за совет, мислење..
на вагиналниот и цеврикалниот брис се детектираат бактерии мегу кои може да е и стрептокока, додека пак оној во 35 недела е само за детекција на стрептокока.
Во мокрача излезе многу леукоцити, утре ќе правам уринокултура, ама докторот рече дури и да не се детектира бактерија во уринокултурата ќе треба антибиотици. Ми рече можи и камче да имам па затоа болките. Крвта беше најверојатно од инфекцијата.
Мене денес ми измерија цервикс 3,2 за оваа недела рече ок е , не мора цело време да лежам умерено движење. Ама првпат ми рече постелката била блиску немало ни цм до отворот. Као неморало да значи нешто може ќе се кренела, може не И јас сега кренав паника и закажав приватно. Инаку вторник бев на контрола и беше се ок никој ништо не рече, па викам што гледаат гинеколозиве незнам. Раат бременост нема
А кај бактерија имаше +? Може не е бактерија сепак, може е стварно камче.. а за тоа незнам зашто па да ти даде антибиотик...
Пишеше доста бактерии и многу леукоцити. Не знам ете така ми рече. Ајде прво ќе видиме на уринокултурата шо има па после за антибиотиците. Се надевам знај шо прај
Ааа е друго е чим пишувало има доста бактерии, ке покаже на уринокултура која е. Мене крв во мокрача до сега само Ешерихија коли ми направила... и тоа и крв и лигави крвави кончиња, се надевам не е таа кај тебе, така со крв преку 1000000 во мл мокрача имав и тоа не на првата утринска мокрача, некаде 4,5та ми беше зашто мочкав на 10мин. Досадна е и тешка за лечење, ако е таа пиши ми да ти кажам како ја лечев, успешно не ми се вратила после тоа