I moevo e naviknato na muzika, sekoj den slusam na lap top ili telefon do mene, ama naj mnogu na ovaa pesnicka reagira, a mu pustam i drugi detski ama ovaa mu e omilena ko ke se rodi ke mu ja pustam poznata sigurno ke mu bidi
И моето бебе почнувам се повеќе да го осеќам, ама изгледа е ноќна птица, преку ден мирува. Ноќеска еднаш посилно лупна дури и на рака осетив. Татичко стави рака ама неќеше да го клоцне само некои слаби движења колку јас едвај да осетам. Едвај чекам и он да може да осети, леле кое чувство е.
Моево мрдаше, а кога ја пуштив песната штама , не изреагира Ја слушаше изгледа, ќе видиме од 2 пат. Ама затоа јас си поплакав Многу убаво песничето, првпат го слушам
Моево второ бебе секој ден ги слуша песничкиве зашто ги слушаме со синко, а за првото не ми текнуваше да пуштам Синко ептен ја сака англиски Abcd, бебево кога ке се роди може ке ја знае од што ја слушаме Јас периодов веќе немам несоница, ама станувам пред петлите
Мешиња убави добар ден И јас да се пофалам почнав последнава недела да го чувствувам бебето, мислам дека е тоа додуша како некој да ме допира со прсте одвнатре, како пуцкање, како црева кога кркорат ама без звук, како некое движење и мислам дека е тоа тоа Инаку и јас последниве денови не можам да спијам, или ми е жешко или ми е тешко, се одвикнувам и од спиењето на стомак и никако да се снајдам Со варење на храната се уште имам проблем не секој ден, ама често, и посебно навечер ама тоа е. Веќе три недели мака мачам и со хемороидите, храната малку ја променив, две креми сменив по една недела со секоја, ама ништо и последнава недела сум само со кантарион, и тоа најмногу помогна, фала ви на тие што ме посоветувавте за тоа .. ама не се повлече целосно, се плашам дека ќе терам така до крај Ако имате некој совет, лек, што ви помогнало кажете ми. За песнички не ми текнало, а му зборувам на бебчето ама убаво што пишавте ќе почнеме и ние да пееме Сакав да ве прашам, дали ги правите ноктите со гел, траен лак и слично? Сакам да ги направам со траен лак ама се мислам? Има ли простор за грижа? Ве гушкам многу
Јас сум 35 сега , ноктите редовно ги правам цела бременост со гел. Досега матичната ништо ми нема спомнато.
Јас па на моиве нокти ни лак не сум ставила од почеток на бременоста. Нешто ми се свртило во глава дека е штетен. Ама и онака не сум многу по лакирање на ноктите. Песната погоре ќе и ја пуштам после да видам ќе реагира ли.
Идни мајкички имам Утрогестан и фолна киселина цели кутивчиња на која и требаат нека ми пише ќе и ги дадам од срце. Исто така имам и влошки за гради,ланолин чист и крем против чешање и стрии за бремени. Се ми остана неотворено од бременоста.
Исто и кај мене, штом земам моб. да го снимам мрдањето веднаш престанува, како да знае, го нема се додека не го тргнам телефонот @Вереничка @forumce слободно дотерувајте се, разубавувајте се, па идни мамички ќе бидете, бебињата ќе Ве сакаат повеќе хихихиии и ноктите и косата, третмани на лице се може да се прави.
Мајтап си тераат со нас, ни се кријат, јас мислев само моево така ми прави, ама гледам скоро сите бебуши прават така. И уште една песничка ќе споделам со вас што ми е меѓу омилените
Секој ден слушам музика ама си пуштам по мој вкус рок, џез, блуз. Во кола имам цели дискографии од џезери, блузери. Дури и на концерти го носам бебе . На Апокалиптика и на Фолтин. Ама до сега детска песна не сум му пуштила искрено многу ме иритираат. Знам дека ќе мора да се навикнам ама тоа кога ќе се роди, не сега
Мила јас отоците до крај си ги носев со мене..ама затоа само што се породив одма се ми спадна.. сега сум иста како порано,мислиш никогаш не сум била бремена хаха Јас синко го родив во 39+5 ...пред да ме фатат болките претходниот ден бев на цтг не даде никаков сигнал ..спиеше во меше ..ама ете и тоа било симптом отпосле дознав ..кога беба мирува и не се движи многу како претходно фаќа позиција накај каналот и се спрема за да излага постелката ми беше два дена пред порагај 2 степен накај 3...ама за два дена созеа у беше од 3 степен и кога отидов веќе со болки во болница бев отворена 3 прста...процесот за пораѓај почна ... Ајде бебуш може ќе изненади...биди си спремна ...јас два дена пред термин се породив ..наскоро ќе има гушкање со бебуш *
@popins сега видов дека си ме тагнала. Иако веќе ти одговорија другите членки, да споделам и сопствено искуство. Првата бременост од крај на 8 месец некаде ми викаа дека бебето е спремно, дека постелката е зрела...нема да терам до крај. Испадна 41 недела а имав редовна менструација и се знаеше до ден кога е зачнато. Второто отидов на пораѓај, исто 41 недела, со постелка прв степен зрелост. Исто немаше никакво влијание истата на пораѓајот. Постелката го снабдува бебуш со храна. Во твојата фаза, недела пред термин за пораѓај, трет степен мислам дека е сосема ок. Докторот сигурно ќе кажел нешто доколку имало нешто невообичаено. Сигурна сум дека се како што треба. Ситно броиш
@Вереничка и јас се мислев мн. за ноктите што да правам, но минатиот месец си ставив гел, еве сега пак треба да си ги обновам. Јас се мислев за дали да го обновам сомбрето, пишав и на темата но никој не ми одговори.. а мојот фризер ми кажа дека обично до 4ти месец избегнуваат, мада некои и тогаш се фарбат, а јас сум 6ти, така да си го обновив Баш ми е мило што веќе го осеќаш бебчо Наскоро ќе почна и да клоца и боксува, ние сме во таа фаза. Инаку мамички и јас се нервирав зошто кога ќе ми го допреше мм стомакот одма бебчо се смируваше, но сега веќе секој ден го осеќа, особено пред спиење дека силно мава и е хиперактивно бебче, цел на татко му Тоа што спомнавте за снимање на стомакот.. не ми се верува дека кај сите е исто, значи кога и да го земам моб. одма престанува, чудо некое За музика.. и јас понекогаш му пуштам децки песнички, како мама воли бебу.. но кај нас мм без музика неможе да го замисли денот, па бебчо секакви песни слуша, го навикнуваме уште од сега Убав ви ден и гушки од нас
Кај мене боксува само мама ко ќе седни или легне да одмори. Кога мама работи мирни сме На допир на стомаче си се осеќа е ама да се видиме на стомак, тешко, кој осет јас крени маица тоа прекини, спушти маица тоа почни неколку пати по ред така На музика не реагираме зошто мама слуша многу гласна музика и си сме навикнати ама на непознат глас погласен да е или звук оштар реагираме одма со салто напред и салто наназад