Нема штета мамички ни од лак,ни од стик/дезодоранс, ни фарбанје ни ништо. Тоа се само бабини-деветини. Сега сум 16 недела 2 пати се фарбав, еднаш во 9 недела, и еднаш сега пред велигден околу 14 недела. Бебушите здрави-прави. Во првата бременост два пати ставив надградба на нокти. Малава здрава и жива е. Сега само ги лакирам ноктите бидејќи ми сметаат големи нокти. Секој недела нов лак ставам ( кремав, црвен, безбоен, нежно розев..) морам за на работа средена да бидам. Не се замарајте многу околу лакот.
Здр мешиња лелеее ме утепа болка од десна страна кај јајникот препоните помагајте. Се надевам не е страшно.
Се сложувам. Најубаво да си слушате она што ви прави ќеиф зашто кога ќе дојде бебето "присилно" ќе ги слушате детскиве, ќе ви дојдат преку глава!
даа знам отоциве и тебе те мрднуваа мм добро е сега ко нова си и стомаков ми падна уште ова можи да изненади ств и мене не ми личо да тераме до термин ајде за убаво нека е битно припремани сме Ве гушкааам и јас исто мисл веќе е термин пред нас шо се вели спуштен стомак др симп онака ама ко што е мојата док паничарка да имаше нешо поневообичаено све ќе кренеше во воздух почна позитивна еуфорија да фака
Гледам никој не ти вратил, како си сега? Секогаш го даваме истиот совет, доколку болката е до некаде издржлива и за некое време помине нема потреба за грижи, но доколку е јака и трае повеќе време подобро лекар да каже што е, да види и сл.. Се надевам ти поминала до сега Сите тие боцкања, наболувања се нормални, баш @kukla21 има убаво пишано во друга тема што слушала на предавања, може истиот пост и тука да го пише зашто е доста охрабрувачки, да не се плашиме за секоја болка
Не знам дали ме читаше и јас имав тапи болки баш во десен јајник минатата недела , ама беа издржливи. Се смирија ама јас закажав преглед, ми рекоа нормално е , матката притиска, се дури не се повторуваат постојана и се неиздржливи( како и секоја друга болка). Ти помина сега?
Zenicki strasna books imam vo grbot .. se javiv kaj kaj go ginekolog mi reci deka e normalno ama voa e nepodnoslivo. Pomos ???
Ама тоа ти е можеби од лошо спиење кај вратот горе. Јас на почеток од бременост имав болки доле кај крстот ми рекоа цела бременоат ќе ми е така ама не беше за среќа поминаа по неколку недели. Но верувам за твојов проблем дека е од лошо спиење. Ти потсвесно ноќно време можеби и не мрдаш многу.
Сум заспала и сега кога станав гледам подобро ми е ама прееска беше баш како ти што ги опишуваше болките Нормално е не се плаши баш накај 11 недела и јас имав ужасна болка во грбот и напред кај градите дури неможев да дишам. Отидов на дежурен во државна и рече ништо не е страшно и нема врска со бебето. И ми рече можно ми е да од киселини во желудник и стварно така беше.
Каков магнезиум земаш јас вчера почнав да земам многу ме болеа мускулите на нозете пред некој ден садев цвеќиња и што бев наведната а и колената како да ми се отечени а и јас си имав несоница два дена. Вакви ми дадоа во аптека и главата ме болеше од неспиење и од нив ми помина
По колку кафиња пиете дневно? Јас едно, ретко 2 ама на вакво време душата ми бара ужасно ми е , ме бута во кревет притисокот којзнае колку паднал. Пијам кока кола.
За трудници до 200мг кофеин на ден е ок. Некои викаат и 300мг, ама јас се држев до првото правило. Еспресото е најјако,може од 50 па до 300 мг да содржи. Кафињата кои се прават со еспресо исто би ја имале истата количина кофеин. Еве една листа што колку содржи Инстант кафе еден шол 100мг Еден шил филтер кафе 140мг Еден шол чај до 75 Еден шол зелен чај 50мг Еден ред млечно чоколадо може и по 25мг Колку повеќе какао содржи повеќе и кофеин. Оние поблагите имаат по окилу 15 мг на 100 гр чиколадо. Една лименка кока кола 40мг. И јас патам од низок и изедначен притисок. Во текот на бременост немав елиминирамо кола и кафе, само контролирано внесување, не и елиминирање.
@eli25 и јас пијам по едно, ептен ретко второ, ако ептен главата ми е тупан. Пијам турско. Додуша шољата на работа што ја користам ми е како бокалче, ама за разлика од порано дозата ми е намалена. Мислам дека од умерено нема никаков проблем. Дури и ако се напиеш второ понекогаш.