И јас не го осеќам секој ден и се вадам од памет. Ама вероватно дека е рано па затоа така. Осетив 2 вечери по ред по 1 силен удар и по некое благо мрдање, вчера мислам дека не осетив. Ах бе...мајки само се секираме. Јас па викам леле едвај чекам да излезе, вака е ептен на моја одговорност, а имам уште повеќе од пола. Се секирам кога спијам, чудни пози фаќам, па се си викам да не му направам нешто.
Добро утро мешиња. Еден сон глупав сум сонувала. Дека мм се изневерува со некоја трудна колешка од работа. Господе Боже. Па дури и му бев лута кога станав, ама тој спиеше па не сакав да го будам. Носот и на мене ми е постојано затнат, а кога го чистам има траги од крв. И болки во карлица имам, некогаш кога лежам едвај станам од болките. И болки во препони имам. Нормално било, докторот вика. Еве сега ја осеќам малата разиграна уште сабајле.
И јас имам мака со затнат нос. Пред да дознаам дека сум бремена ставав капки нафазол нокога дознав дека сум бремена ги прекинав бидејки пишуваше воупатството дека не се препорачливи за трудници. Има ли некои капки или спреј за нос кои може да ги користиме?
Мене др ми кажа дека сме смееле оперил. Но доколку ти е постојано затнат подобро купи само хипертоничка вода, како Isomar
@mariz @macalavica Не си ја мачете душата, прскајте си спреј или капки за нос-детски, не се штетни. Јас 3 години сум со затнат нос, незнам од што? Се проверив но ете...и трудна останав и се е во ред, гинекологот кажа можеш детски капки или спрејчиња. Јас без тоа не би можела да дишам. ПС Оние солените и сл. спрејови не ми помагаат.
Јас ставам солен спреј некој dead sea, ама не ми помага... абе цел ден ми е супер, одзатнат.. а легнам скроз затнат, како да ми отекува слузницата, секрет немам за дување многу, а кога ке ја раширам ноздрата со рака убаво дишам, од нервоза некогаш така лежам и си го влечам носот за да дишам малку асално на нос какви капки поточно? Кои детски?
Може сите детски за да сменуваш ако имаш потреба за подолга употреба. До 4 месец користев за возрасни, не знаев дали може или не, но без нив никако, ни преку ден, ни ноќе. Сега користам или оперил капки за деца или септа назал спреј за деца.
Не се сеќавам ич дали првата бременост ми беше затнат.. ама тогаш често па крв ми течеше. Ајде ке пробам со детски спрејови, неможам вака ми се спие, а станувам во 5,6 и неможам да заспијам зашто се нервирам што дишам на уста.. па станав во 5 дремев во дневна чекав да не ми се одзатне, се одзатна малку.. отидов легнав пак се затнав.. Мислев јас до парното да не е поради сув воздух, ама еве нема веќе парно и исто пак.. башка јонизатор-навлажнувач пуштам и тоа не помага.
@forumce и мене пак ме нападнаа соновите, еве веќе 2 вечери глупости сонувам.. ме грабнале, сакале да ме силуват, па змија огромна во дворот ни поминала.. абе хорори, а бев престанала да сонувам со месеци. Иначе носот и мене ми е затнат и крв ми има 2-3 пати течено, а предходно никогаш. Кога го дувам исто знае крв да има, но ништо немам користено, јас и онака капки за нос не користам никогаш
Мамички, дали некоја користела сируп Феро Ц бебешки? Каде може да го купам? Барав во Зегин и ДМ, нема. Ми остана да проверам во Биоорганика во City mall. Докторот ми рече да го пијам, железото ми е добро, ама хемоглобинот ми е под граница.
И мене ми го кажаа истиот, но во ниедна аптека неможев да го најдам, ми кажаа го немало веќе Ако случајно успееш да го најдеш те молам да ми кажеш бидејќи јас не сум од Ск.
Женички мора ли ако знаеш дека веќе ќе одиш на царски тие последните брисеви да се земаат? Знам дека со природен пораѓај мора за да не излегува бебето по каналот кај што би можело да има некаква бактерија и слично, но со царски мора или...?
Од утре сме 25 недела. Откако ме испаничи матичната дека постелката е ниско долу, го осеќам бебето неколку дена ептен ниско . Почесто одам во тоалет, а малку мокрам. Потоа бев нели во ремедика и др . ми измери дека постелката е нормална не е ниско баш е таман. Маж ми вика сега оти ти рекла матичната ниска постелка и си умислуваш Претходно под папок мрдаше. Кај вас како е? Инаку, никој не ми спомнал од докториве дека го носам ниско, ова е нова паника моја
Јас сум 27ма недела и исто, го носам бебето ниско. Постелката ми е назад, ниско долу. Плус карлично е завртено. На почетокот ми беше постојано страв да не излезе бебево наеднаш... Но со текот на времето, се навикнав. Постојано одам во ВЦ, се трудам ниту малку да не чувам во себе. Инаку, да мрда цело време под папок ќе ти кажам она што си го викам на себе, само опуштено и без размислувања за тоа што би можело да тргне наопаку. Се ќе биде во ред, верувам во тоа
@eli25 јас секогаш на различни места го осеќам. Некогаш стварно ептен ниско дури и страв ме фаќа, некогаш дури кај желудникот горе, а денес додека бев на работа странично се утепа од мавање. Не се грижи, сигурно е нормално бебчо се мести, мрда, сеуште има простор И мене ми немаат кажано дали ниско го носам но јас мислам дека да, бидејќи мешето ми е подоле, но баш ќе си прашам на следната контрола. Како и да е, си знаеш дека се ти е ок, не си стварај паники непотребно.
И моето меше е ниско долу, од почеток ми кажаа дека мн. долу се имплантирало, а и сите околу мене ми велат ниско го носиш. Го чувствувам долу како мрда, мислам ќе излези, но искрено и горе си мрда, како си расти, се шири и насекаде си претка.