Без серклаж да.. Од 8-13недела примав утрогестан три пати во денот, на 8часа по 200,мах доза од 600 вкупно... Потоа намалувавме на два пати дневно, па до 36 по еднаш . Плус прогестерон депо инекции еднаш неделно.. 2,4-3.2(5) најмногу со лежењето.. Бидејќи одев и на специјалист после 15 дена боледување од матичната, и од таму ми рекоа најдобро е 7,8месец да полежам бидејќи и самата гравитација влечи и подолу, тежината на плодот.. Плус ова и пониско го носев па и појас исто користев до пред 38 недела.. Битно со добра мисла, одмор.. Издржавме
@victoria супер , браво за храброста . Позитивно само ќе издржиме и ние дај Боже . Фала ти за утехата ,ви посакувам се најдобро
Мила, храброст ќе најдеш во самата помисла на првата прегратка со бебето тоа ќе ти биде водилка.. Вербата во Господ ќе ни даде сила.. Мораме.. Мајки сме или што сме... Лавици..
Јас во првата бременост имав оваков проблем,запек цело време и од него ми се појавија и хемороиди внатрешни , и др ми препорача шуруп портолак така се викаше по едно лажиче на ден,и мн ми помогна после шурупот лесно излевав во вц и хемороидите ми се повлекоа.Од кога се породив повеќе немав таков проблем еве сега и во оваа бременост не ми се појавиле ..пробај може ќе имаш подобрување ,тој шуруп може да го пијат и бремени жени
@kiki_riki ова со дишењево и мене почнува да ми се скратива здивот. Да не кажам 100 метри да изодам со побрзо темпо одма се уморувам. Само викам по мм кога излагаме заедно да се успори дека ми е тешко.
Исто е и кај мене со дишењето, ама нормално е, белите дробови се пооптеретени поради зголемена потрошувачка на кислород, сега нели плус и на бебето му носеме кислород, а од друга страна па повеќе јаглерод диоксид се исфрла. Исто и поради зголемената матка што прави притисок врз дијафрагмата и затоа е така.
Здраво мајки Бремена сум на прво и сум веќе 39та недела...38+3дена... Цела бременост помина нормално..е сега кога се наближува крајот ме фаќа малку страв...што би требало верувам да е нормално...меѓутоа би сакала ваше мислење во врска со породувањето... Бебето си е се во ред и наместено веќе за излегување...меѓутоа докторите со кои се консултирав викаат дека е многу крупно...во 36та недела беше скоро 4кг... Денес бев на контрола..ЦТГ и ехо...на ЦТГ нема болки а на ехо докторот кога ме виде рече дека псотелката е втор степен...плодовата вода веќе зрела...главчето доооста гоооолемко...и вика за да не се мачи и бебе и ти.. најдобро е да закажеме царски... До сега не ме провериле дали сум отворена... Меѓутоа јас не знам што да правам... Ве молам за совет и искуство! Дали да чекам болки да пробам и природно...или да закажам царски? Ви благодарам!
Сигурно докторите процениле по твојата градба и големината на бебето, дека најдобро е царски. Ако се одлучиш за царски најдобро е уште сега да закажеш, да не те изненади бебето, сепак се ближиш кон крајот. Ако ти е страв, пробај и природно, ама да не се измачите и ти и бебето. Иако не мора да значи дека ќе биде тежок пораѓај. Знам случај кога жена роди бебе од 5 кг. природно без да ја сечат.
На мерки за големина на бебиња не верувам. Кај мене катастрофални утки правеа. Колку беше големо главчето? Кај мене, со првото 38, со второто 35. Немаш болки бидејќи не е почнат процесот на отварање, немаш контракции, затоа не ни имало потреба да проверуваат дали си отворена. Јас и со прв степен зрелост на пострелка сум отишла на пораѓај... Штом бебето си е наместено јас, што не мора да значи ти или некој друг, би пробала природно. Ако стварно дојде до мачење работата како што рекле можат и спонтано за царски да се одлучат. Одлуката си е твоја, ова само мое размислување.
Само еден до сега те гледал и го мерел бебето? Или повеќе доктори викаат дека е големко? Јас сум 180цм висока, не којзнае колку широка во колковите, а родив природно 4400 бебенце, за мачење не се мачев којзнае колку, дури мислам за првородка со толкаво бебе добро поминав Свесна сум дека и второво ке биде големко, па пак ке си одам природно доколку е се во ред... Свекрва ми е 160 висока, мм го има родено 4200, золва ми 2700 и вика дека 100 пати полесно поминала со мм Мислам дека сепак си имаат они проценки, ке земат се во предвид и ке одлучат како е најдобро... каде ке се пораѓаш иначе?
Бременоста ја водев кај приватен гинеколог во Охрид...а ќе се пораѓам во болница во Струга И гин во Охрид...и матичната...а и докторката што сега ме води на одделение...сите тројца ми кажаа дека бебето е крупно и големко... Нема исклучок за да пробам природно..само поради големината на бебето викаат дека било препорачливо царски. Веројатно бидејќи сум ситна градба 163висока...Бременоста ја почнав со 62кг...првите три месеци намалив на 57кг...а сега имам 73кг.
Јас се изнастинав,кашлањето ме убива стомакот почна да ме боли од тоа Горен шеќер смеам? Денес добив и таблети,се напив две ама со страв некако Веќе 5ти ден сум вака,морам нешто да пијам
Абе ако ти е толку лошо оди на доктор порано не си ја мачи душата. Или пробак прошетај се ако смееш ама малку подолго о види дали ќе ти е подобро.