@karibian поточно е вагинално. Цервиксот се мери така. Ова и 2-цата др што ме водат ми го кажаа. Сметај го тоа со резерва и појди кај матичниот да ти го измери, ако е толку сигурно ќе ти даде утрогестан, магнезиум и малку повеќе мирување
@forumce не дозволувај никој да ти го нарушува мирот и да те нервира, особено не кога станува збор за бебуш. Јас не дозволувам ниту еден коментар да ме извади од колосек, освен кога ми зборуваа да не одам на работа, како демек сите доктори, а не сфакаа дека дома психички ќе попуштев, а од докторката си имав дозвола да одам. Незнам дали е до мене, ама страшно ме нервира коментарот, роди си женско дете да те чува. Па јас не стварам потомство за да ми робува на стари години. Никогаш не сум сфаќала вакви глупави коментари. Ниту сакам, ниту ќе дозволам да треба да бидам терет на децата. Уште сега потпишувам со дев раце, ако дојдам до фаза да неможам да се грижам за сама себе, да ме дадат во дом за стари. Јас до сега не сум имала излив на емоции и плачење, освен кога прокрварев и мислев се е готово. Ама деновиве ми е страшно тешко и не сум раат додека не ги добијам тие проклети резултати дека се е во ред со бебуш. Исчекување е најмачно нешто што може да го снајде човек. Се трудам да сум позитивна и се тешам дека се е во ред, ама сепак неизвесноста си ого прави своето.
И синко мој вчера многу мрдаше а и денес кутро дете вчера се преработив како без осет сум никако да се навикнам дека треба повеќе да одмарам а што да правиш кога некои се прават на три ипол и немат осет дека сум бремена ама нека не чува дедо боже сите
Да ти кажам стварно убива неизвесноста jaс едвај чекам да одам кај матичниот а втора смена е. Како ми кажа денес докторката дека цервиксот ми е 29 мм само на тоа мислам а тоа го кажа како бројка и не искоментира ни дали е добро ни лошо. А пак матичниот до сега ми нема ништо кажано. Дали сега од мисли или незнам од што ме болат јајниците стомакот ме боли од кога дојдов само лежам се како да ме стега стомакот може па тоа се симптоми дека ми е скратен незнам стварно. Психата мислам ме убива
Ами така ке ти стварат нервоза па ке ти се прават гнаси не мислат дека секоја нивна постапка може да ни штети така свекрвата моја многу сакала внучиња близнаци ама требаше да и речам да не ми старавте непотребни нервози можеби сега ке си имав две.Ама фала му на бога што синко е добар и затоа на никој не му обрнубам внимание и да разговарам со нив
Оф немој да се секираш. Ете ти најтазе искуство и ели и софијабела мислам беше, каде не им измерија добро, па после на второ, третоо мислење излезе дека се е во ред. И сигурна сум и кај тебе дека ќе биде во ред. Ако било симптоматично и страшно сигурно ќе те прегледале и вагинално за да вдат поубаво дали добро гледаат. и без грижи, ќе видиш дека и матиниот ќе ти потврди. баш за ова зборувам. Само ние си знаеме што све сме поминале за да стигнеме до тука, колку мачење и колку негативни тестови. Затоа не дозволувам никој да ми го наруши раатот со небитни коментари. А тој што еднаш ќе ме испровоцира, нема да дозволам да ми се доближи во иднина, особено додека сум бремена. Само уште и докториве да се научат да бидат почовечни, а не да не гледаат низ призма на пари.
Мене па свекрва ми откако дознав дека сум трудна, ништо не ми дава да работам по дома. Јадење секогаш она праве од денес за утре, кога си го средувавме спратот, се она правеше, чистеше, метеше, бришеше, јас понекогаш се лутев, ама разбирам дека е за мое добро тоа, ми викаше кога нема да бидеш трудна тогаш ќе работеш. За полот на бебето никогаш ништо не ми е преречела, ја бакнуваше сликичката од ехо секогаш кога бев. Знае и она да ме изнервира за некои други работи, ама во врска со бременоста никогаш. Свекор ми е тој што за се има коментар, да не зборувам па за полот на бебето колку му беше криво што е женско, никогаш не спомна директно, ама јасно ми беше тогаш кога кажа дека во нивна фамилија се машки се раѓале. Баш ми е мило што е женско, за инат на него. Секогаш гледа како да ме изнервира и да ме изваде од такт, а толку сум го почитувала. Од една страна ни помага материјално, а од друга страна низ нос ти го изваде тоа. Колку повеќе некој ќе почитуваш и ќе гледаш да си притраеш, толку некој ќе го искористува тоа. Само си кажам има Господ, гледа.
Има и полошо, ем да ги финансираш, ем да ги почитуваш, ема да те газат и мразат.....затоа речи си има и полошо. Исто како тебе и јас, се си завршувам од обврските како и претходно, а и да побарам мала помош нееее јок, тоа никако, посебно кога ќе побарам помош дека навистина се преморувам не ми помага мм никако. Ако сам реши некогаш е тоа е друго, но ретко, ретко да се смилува.
@SophiaBella и @eli25 ве гушкам Чекам резултати од нифти, уствари нешто слично, зошто неможев да си ја смирам главата откако ме исплаши Димчев, иако сите други ми рекоа дека се е во ред. Не сакав да замарам, ама ме уби чекањево на резултатите. Се надевам до петок ќе стигнат и конечно ќе продолжам да уживам во бременоста.
Држете среќа барем вечерва да спијам. Не можам да издржам уште една непреспана ноќ. Сега се напив Б6 па ќе видиме. А еве го 23:45 е часот Заборавив да ви кажам денес докторот ми го мереше цервиксот и ми беше 5 см. Одлично ми рече.
Мене некако сон не ме фаќа, еве така си седам си пијам млеко да ми го смири желудникот па да легнам, си имам по малку киселини. Ама па сабајле спијав до 10 и сега ќе си поседам @Ano ќе биде се во ред, верувам во тоа. Не мисли не се паничи. Од толку многу читање по темава добив заклучок дека некои доктори се стварно без осет и само за џабе паничат трудници да не можи човек да ужива, рајат да си биди. @karibian да си појдеш и на друго мислење и да ти измерат цервикс вагинално бидејќи е поточно.