Кој тест го правеше? Да не е верифи? Јас уште не сум решила кој - мн се слични; дури и цената им е тука некаде.
А зошто сакаш да правиш вакво испитување има некаков индикатор или онака превентивно? Кај @Ano знам дека едниот доктор наводно виде нешто на срцето на бебето. Има ли некаков ризик фактор години или слично поради кој се прави? Мене никој не ми спомнал од докторите па ме интересира.
@aleksandricka77 Kakvi ti se rezultatite profil sama si pravis ti doma so aparatche za merenje seker[/QUOTE]
@karibian што направи, беше на второ мислење за цервиксот? Леле мешиња, шо е ова, само соништа секоја ноќ, сабајле станвам уморна и растревожена. Последната недела ми се случва ова, не беше вака. Кај вас како е?
Да не ти е кажал Хеферол, мене матичниот Хеферол ми препиша дека се на рецепта 20 денари едно дневно се пие и добри ми се.
За 35 години обично се препорачува амнио да се прави или некој од овие неинвазивни пренатални тестови. Со овие тестови се испитуваат трисомиите (даунов, едвардс, патау...), полови анеуплоиди и микроделеции. Ова е малтене замена за приската и амнио со повисок степен на точност и повеќе деталји. Незнам како е врзано со срценце, ама ми е незгодно за такви работи @Ano да ја прашувам, сепак осетливо е. Чисто ме интересираше за тестот, кој тест, искуство каде го правела, цена и сл.
@kukla21 сепак ако не дај боже се покаже нешто пак се прави амнио. За нифти јас се распрашував , ама не го направив, имаа опција да се договориш и на рати.
Јас колку што знам амниосинтеза е 99,9 точност, исто колку и тестот преку крв и јас што го правев. Секако не дај боже да треба да се повторува поради сомнителни резултати, ама процентуалната точност е тука некаде.
На твоја одлука - не е задолжително амнио после да правиш. и овие НАПТ тестови се базираат на статистика. Процентот на точност на трисомиите кои најчесто се испитуваат е 99,7% (горе-доле), половите испитувања се тука некаде, а на микроделециите веќе е 95%. Колку повеќе испитаници има, толку поголем % на точност дава тестот. Ич не сакам рати да ти кажам право Тие од нифти ми се видоа жив хаос - канцеларииче гз место, нема место за интима. Ние и уште еден пар, па ги распрашува нив пред нас. Што ме интересира мене што им е на нив?! Многу непријатно и непрофесионално. И многу ми се видоа уфурани - демек они најдобри, они не знам ти што.. Од верифи беа далеку попрофесионални, поубаво ни објаснија и поперсонализиран однос имаа. Повеќе сум за тој тест да го правиме. А ти зошто сакаше да го правиш?
@kukla21 чисто ради мира. Ние на кафе се видовме со тој и ич не знам каква им е канцеларијата. Ова со амниото го зборувам од случај на мојата старосватица.
Ако скринингот и приската се добри што ќе ви се другите тестови. Мое мислење е само џабе трошење пари и нервози. Јас ни со првото не правев приска ниту сега.
@kukla21 им препорача Димчев ради ред други работи.Така им рекол дека ако се покаже нешто пак мора амнио. Не пишувам повеќе да не стварам паники .
Да, знам дека во подоцнежни години препорачливо е, но ете и ако скринингот и приската се добри не мора другово да се прави. Не секој има по 700-800 евра па и на рати ако е да си плати и на крај пак резултатите ќе излезат во ред. По сопствен избор е ама многу се претерува со секакви испитувања. Освен ако не е препорачано од доктор, па тогаш мора.Еве јас 32 год. ни приска не правев. Цели бремености сме претежно напнати ( мачнини, повраќања, крвавења,болки, несоници, разно-разни испитувања, чекање резултати, боцкања до инекции...)
@iki26 се согласувам - башка се гледаме една со друга и ако една правела нешто, одма и другата. Како беше, видела жабата го потковуваат коњот и она кренала нога Јас и другарки што имам ништо не правеле, ни амнио ни тестовиве, ама штознам.. Ми кажа докторот да размислам, дека 35 имам и ме јаде црвчето А парите секако не ми се даваат