Бог да чува јас си помислив плодова вода да не ми истекува.Прва бременостми е нисто незнам и за се одма паники кревам.
се ќе се среди само на време да се реагира нормално е да имаш зголемен исцедок само не чини да мириса. Инсистирај да се провериш што поскоро, ако има нешто ќе си примаш терапија и уживај и не се замарај
Значи во темата ''Се породив'' уште нема нови одговори... Јас секој ден чекам да се преселам таму ама некако тешко ми оди..Овие Јунскиве бебиња решиле да се преместат за во Јули Само со лесно нека е...Пријатен остаток од денот мешиња
Мене ми се случува тоа последниве недела дена и истото го помислив да не е плодова вода, ама ништо не е. Кај мене е како водичка и нема никаков мирис. Нормално е да имаш зголемен вагинален исцедок за време на бременоста. Јас имав кандида ама пред 2 недели ставав вагиналети, па знам дека не е ништо ова сега (и брисевите ми беа ок). Оди направи си ги рутинските брисеви и пап тест и ќе си бидеш мирна.
Mamicki nie vcera bevme na Priska 1 i bebusko e 13.2gn. Ama odgovara spored rastot na 12.5gn. Imam li prostor za panika? Ustvari jas veke sum ispanicena Normalno li e ova? Ostanato se e vo red i najverojatno ke kupuvame sini alistenca za nekoe vreme Pozdrav i izvinete za latinicava od mob pisuvam ne dodrzav da sednam na komp sakav sto pobrzo da prasam
Што пишува LOW RISK? Ако е така тогаш немаш место за паника, башка Париска се прави онака рутински и плус не е комплетно веродостоен преглед (пишува доле скроз) пошто се базира на некоја математичка формула и статистика. Ако немаш некој што е болен од даунов синдром во фамилија немаш простор за паника. А бре уживакај будалче Мојата ме прати на приска пошто било задолжително иначе ми рече дека може да примети по носната коска и по вратот дали има нешто не дај боже.
ветрушка добре дојде, ајде малку пофали ни се, инаку наздравје одмор , него девојки ајде помош ако некоја знае, оваа мојава принцеза решила да ме мачи, мн.лошо е поставена свиткана е како кифла со главчето на десен кук и телото е свиткано како кифла во долниот дел од стомакот, не ме клоца на стомак туку навнатре по органи и е мн. глупаво чувство и ми задава проблем со движење и со бешика, мн. е мрзлива и абер нема да се премести од таа позиција, е сега знам дека има вежби за сам да си помогнеш односно мрзливите бебиња да ги натераш да се прместат од местото но незнам како да барам и каде да ги најдам, хелп ако некоја знае мн. ќе ми помогне, имајте убави сончиња
Јас вчера бев на гинеколог и ми рекоа преграда некоја дека имам кај матката ништо страшно, бебенцето таму си се крие ако не сака да му го видиме главчето.. Поентата ми беше, и јас имав така водичка докторката ми даде да пијам утрогестан и рече дека добро напредуваме со малото, така да не се плаши. Ми кажа дека кај многу трудници се појавувала таа преграда и дека бебето со растот само ќе ја тргне доколку му смета. Уживкај си и имај си лесна бременост!
Жалосна, тоа е овошје слично како боровинка, и е полно со витамини и железо за крвта. Јас не сум јадела вакво ама сум гледала на телевизија и многу ја фалат
Многу е здрава аронијата и скапичка е..Јас сум ја пробала ич не ми се бендиса, кисело/горчлив вкус што ти ја собира устата е сеа не се јаде многу него по 4 зрнца.
не знам кој месец си ама имам слушнато да пуштис музика во близина на стомакот посебно ако имаш некоја што стално му ја пушташ на бебушот по звукот ќе се заврти во таа позиција од кај што доага звукот.... мислам не е којзнае каква филозофија или тешко да се изведе ама ништо не те кошта да пробаш... дали делува не знам..
супер е аронијата јас јадам по 10-12 зрнца дневно замрзната, и не е ич скапа, ја купувам од тинекс 123 денари пола кило, 185 кило
Наредната недела треба да закажам царски рез и многу ми мава на психата како ќе биде, како ќе поминам со анестезијата и слично. Мислам дека може околу 38 недела така? Си викам нека биде што побрзо
ме стрви Oд сто цитам A незнам стое уххххххх це барам Nа гоогле мози це покази несто па да знам сто да купам најдов ама Oвде има само сокови од ова цудово сокце це си земам
Сакам да прашам дали некоја од вас мамички го правела скринингот од 20 до 22 недела на приватно и колку ве чинеше? Пошто некни на скринингот во 12та недела докторката од Гак ''многу'' детално ми објасна се што гледаше на ехо, читај молчеше како риба 10 мин и само зјапаше во мониторот, сакам наредниот скрининг барем да идам на приватно и од прегледот да излезам со некакви сознанија за тоа што расте во мене, а не со никакви.
Јас ќе го правам нај Д-р Димчев во Систина и ќе чини 3500.Инаку тој во 12 недела нели е за Даунов синдром и мислам дека е обично ехо а не 4Д. П.С.Јас на тоа не бев бидејќи матичниот ми рече дека нема потреба бидејќи е само веројатност.
Во суштина мене не ми се допадна пристапот на докторката, па и обично ехо кога е, нели треба да се изусти некој збор, а не така само колку да помине редот. Фала ти инаку на одговорот, јас здравје за 4д ке закажам кај Органџиски, сеа видов ценовник и прегледот чини 3000ден.