http://www.synlab.mk/mk/doma/ Кога ќе отвориш на оваа веб страна веднаш се појавува тестот NeoBona е сега друго име дали има или е ова незнам. Тој тест ми рекоа дека е од најновата генерација на пренатални тестови, па затоа се одлучив за него. Цената беше 36 500 денари. Кај мене немаше мутации, превентивно примав фраксипарин, првиот пат д-димерите беа добри, потоа продолжив со инекциите но и со контрола на 3 недели. Се покачуваа вредностите, но пишуваше дека се толерира во 3 недели од бременост. Продолжив да ги провевувам сега на на секои 4 недели, но не примам фраксипарин, ми ги прекинаа зашто не влијаеја на резултатите од д-димерите. Секој пат се покачени но во толерантни граници за неделите. Не е лошо да ги провериш. И ако си е се во ред ќе си бидеш мирна.
Treba doma so aparatce za seker da meres zavisi kolku dena ti kazale. Pred jadenje i posle saat po jaDenje jas taka merev. Cela nedela
Здраво девојки имам една дилема вчера бев на гинеколог и ми кажа дека бебушот е настрана легнат со мешето надолу а сум 30 недела и поради тоа ми даде да носам појас на трудници дали на некоја ова и се има случено и искуство ако можи ви благодарам и од вчера од кога го носам појасит одвреме на време чуствувам болка кај матката и јајниците
Јас носев појас за трудници поради изместување на дисковите на грбот и укочување/парализирање од болки поради тоа. Кај тебе е поради други причини, можеби и појасот изгледа малку поинаку...не знам. Мене ми помогна, и тоа многу. Штом докторот препорачал јас не би се мислела. Само добро може да се види од појасот. Во иста положба беше и кај мене бебчето тогаш, странично легнато како твоето а и неделите тука некаде, околу 31-32 мислам бев,
Жени, уште малку во 9-ти ќе влезам, а имам стомак ко за петти месец. Дури се чудат околу мене дека не изгледам за крај на осми месец. Една дури ми речe: ти си крај на осми и фаца што да ви кажам Ме нервираат вакви коментари.
Кога ве читам со спиењето се сеќавам и јас колку се жалев а откако се породив немам око склопено се прашувам до кога ќе можам да издржам вака. И плус имам огромна помош од свекрвата ама пак не се издржува. Јас па што се вика никакви испитувања не направив во бременоста ама со страв во коски бев до пораѓајот дали ќе биде се ок со бебе. Никакви витамини не пиев, го имав направено само вториот скрининг и крв, мокрача и уринокултура дури во 8ми месец за прв пат испитав, а прв пат на гинеколог бев во 11та недела. Фала богу се е во ред. Знам нема да сме мирни и да спиеме на раат додека не ги направиме сите испитувања иако ете некои од нив и не се со 100% точност. Сепак толку многу испитувања само кај нас има мислам. Само стресови. Како и да е само позитивна мисла и уживајте во бременоста. На крај ќе ви биде мака со какви работи сте си ја мачеле душичката, а трудничките денови многу брзо поминуваат, ќе летнат.
И јас така би направила некоја фаца полна со завист бидејќи сум седми месец а личи ко да сум деветти па ме боли грбот и колковите и се мислам како ли ќе биде до крај. Уживај и блазе тебе на манекенската бременост ))
Здраво мамички еве да се јавам и јас. Бевме на тој скрининг што се прави во 21 недела, ми закажа матичниот на ГАК, ама јас среќа си закажав и приватно дополнителен преглед. Отидов на приватниот преглед, ми ја прегледа малата, детално ептен, се ми кажа, се ми покажа, дефинитивно е цурица на мое изненадување, но битно се си е во најдобар ред. Појдов и на ГАК бидејки треба тој извештај да го однесам на матичниот. И замислете, почекав нормално ме примија, ми се падна некоја докторка не и го запомнив името (ќе видам на извештајот) почна да го гледа бебето, и ќути, зема некои мерки, ја прашувам како е (нормално не кажав дека веќесум била на приватно) она ќути не ми кажува ништо. Го гледа срцето, и ми вика вака се гледа дека има ритмична реакција, ама неможам убаво да го видам пресекот ке си дојдеш пак во амбуланта бр.36 за 4 недели да видат повторно. Викам има некој проблем ?? не неможам да видам убаво. Ок викам, ја прашувам за полот, ми вика скрстени и се нозете, не можам да видам. Ми вика се гледа дека има прсти на рацете, ама не можам да видам дали ги има сите... , ок има две очи и нос. Можеш да се облечеш јас сега ке го напишам извештајот . Се облеков збунето, излегувам, и сестрата ме прашува као што ми казала, викам ништо ми вика кај па ти најде кај оваа да дојдеш на преглед ... и така пак ќе кажам среќа отидов на приватен преглед па некако сум смирена сега и можам да се зезам на оваа тема се извинувам за долгиот пост позз
Хаха, абе јас сакам па обратно. Отсекогаш сум сонувала за голем труднички стомак, а јас само меше мало што се вика. А ако облечам црно или широко нешто, ќе мислиш дека само сум се поправила малку во стомакот
Оф те разбирам, и мене ми се случи истото неколку пати. До скоро не ми се познаваше стомачето, сега рипна последнава недела-две, четврти сум. Најмногу ме погоди кога влегов во една продавница да видам нешто за бебче, онака се уште не знам какво е, и рано е, ама така да гледам да уживам. И ме прашува таа какво е бебето, колкаво е? Јас велам, не е родено не знам и какво е за моето е. И покажав на стомак инстиктивно. И она- Кој месец си? Леле ич не ти се познава дека си трудна, јас сум трети поголем стомак имам. Ми падна тешко ама тоа е. Човек-колку гордо(гнасно) звучи! Сите сме различни, ако на д-р се е во ред немаш причина да се грижиш. Генетика, конструкција на тело, различни бремености. Мешиња разни
Јас веќе 38на сум одам да купуван во продавница тие ми викаат за месец месец и пол ќе имаме нова гардероба.... само ќе им ср насмеам и им викам за сега ми треба фала многу ќе си напраат фаца, јас пак ќе се насмеам тоа е од завист. Уживај си важно р само бебето
И јас исто поминав на гак кога го правев скринингот во 20 недела само мене ми рече мало му било срцето некакви аномалии а јас стресови бог да чува. и јас бев приватно. Изгледа сме биле кај истата "докторка"
Искрено не ми текнува баш имаше бујна како шатирана коса ли смеѓа така нешто и цела се вртеше кога гледаше нешто и си пиеше кафе со цевка и на крај ми рече е тоа го запамтив вели де насмеј се што се заозбили па ние ако сме со сите исти по цел ден што ке биде од нас а мене ми идеше да вриштам