Не се секирај. Докторот во Систина ми рече дека се случува и да не се осети некогаш зашто си спие, одмара или тоа си мрда ама ти или си во движење и не го осеќаш. Уживај си @Ano баш ми е мило што е супер се
Мамички најубави сме ние кој со големи мешина кој со мали јас викам и сто кила ќе се попрам само со бебушот се да е во ред сега се е во ред фала му на бога е 22 сме,сега си патам од неспиење и јас два дена во 4 си се будиме е сега на левата рака кај зглобот ми е отсечена а десната не и ја осеќам на тој дел ладна. Вчера бев кај матичниот да видиме како оди со породилното и од кога ги спремав документите не бев појдена и ми се изнаразвика е како да одам кога има ехо од дедо ное и ништо не ми кажа и како да одам кај него лудаци бе
Ама какви ти се резултатите кој ти препорача?!?! Ако е гинеколог треба да те прати на ендокринолог.А ако е ендокринолог МОРА да ти објасни детално Ама ти си 4ти месец нема така често да го осеќаш не се секирај. Закачни го малку пушти му музика и ќе те поздрави
Јас трпам ноќ, две, веќе третата пијам Б6 или си правам чај од маточина инаку ќе полудам. И бебево ми се погоди екстра активно, како и да легнам не бива, ни со перницата ни без неа. Веќе карлица, колкови, сѐ боли, тежината си го прави своето. За трпнењето не се секирај нормално е, не знам точно на македонски како се вика, на анг. е Carpal tunnel. Ми се појави негде после 20та недела, сега пак осеќам оваа недела ама дупло поизразено, плус благи отоци. Има појаси за рака за ова ако ептен немаш осет, прашај кај матичен. Заврши си работа сѐ па најди си нов матичен кога ќе се породиш, јас така планирам после сите пропусти, така ѝ се стои на мојата.
Моите во Германија кога ги пратија ми наплатија 39400 од Bio Save,кај вас намелено кај нас си држат цена. Јас подучена од твоето искуство не направив кај нив,туку во Bio Save,исто на двапати крв ми земаа и без резултати.Им реков чекајте да бидам 9 месец па ке ми кажете и таа ми вели имаше една жена од Прилеп исто вака и рече какво и да е ќе си го родам.И реков ако планирав какво и да е да го родам немаше да се нервирам и правам и плаќам тестови кај вас. https://www.facebook.com/neobonalietuva/?fref=ts,https://www.facebook.com/vita34.macedonia?fref=ts
Овој тест го има и уште една фирма во Скопје. Изгледа сум се помешала. Девојката со која се видовме тврдеше дека за 5 дена има резултати. Наводно во рок од 48ч откако ќе пристигнат во илумина резултатите се готови. Баш ќе ѕирнам што сум запишала за Филип II, ама се ми се чини и тие дадоа пократок рок од 7-10 раб денови. Фала на споделеното искуство
Добро утро мешиња Денес е голем ден, веќе со сигурност ке знаеме што е бебчето Едвај чекам да одам на гинеколог... Инаку денеска и брисеви ке правам бидејќи минатиот пат не ми направи... @Вереничка јас па ептен рано почнав да го осеќам и два дена сега никаде го немаше... а секое сабајле си осеќав пеперутчиња и придвижување, па вчера сабајле ете го пааак, одмарало чоечето два дена Убав ден, убав викенд мешиња
Ние одиме на фризер да се пролепшаме Синоќа не спиев имав некои бодежи во стомак А и многу беше активно до 12ипол , како почна од 10 не престана.... Ме фати некоја паника се напив мг , дишев длабоко, ама пак така.... @mariz со лесно
Ајдее убаво да поминете на преглед Се надевам дека е во ред, пред два дена беше многу активно дури чудно ми беше.. вчера одвај вечерта малку мрдна, и обично секое сабајле беше размрдано, вчера и денес го нема
Фала виии Јас не се пофалив, вчера се разлепшав.. се шишав, леле ама ми е полесно одма... долга е пак, ама не се чешлаше од што бев за шишање Инаку прееска читав статија 10-15 работи кои никој не ви ги кажал за бременоста.. и пишуваше баш за тие болки незгодни... @Вереничка касни благо, пиј кока кола да го разбудиш може има фатено некоја таква позиција па не се осеќаат ударите...
@mariz Убаво да поминете на прегледот, па да не известиш и нас какво бебче е на пат @eli25 И јас вчера имав и бодежи и како истегања на левата страна на стомакот.. Баш убаво што ќе се пролепшите, ќе ти се разубави и денот @Вереничка немој да се грижиш мила, еве синоќа си го осетила. Нормално е во овој период да не го осеќаш често. @Ano мила, мнооогу ми е мило што на крај еве се е како што треба, уживај во бременоста и сега конечно на раат можеш да си купуваш по нешто за бебчо.
Во пораката ти пишав за една недела резултат не за 5 дена.Понеделникот ми зедоа крв,во вторник ги носат и наредниот вторник ми се јавија.
@Вереничка не се плаши безпотребно . Знам дека не е леснп . И јас бев иста на почеток кога почнав да го осеќам . Се плашев ако не мрдне . Но мало е , не се осеќа секогаш . Така да опушти се не си прави стресови .
Мора да имаш 5 прегледи кај матичната во текот на бременоста за да добиеш породилно. Така ми кажаа. Инаку и јас не сакам да одам кај матичната зашто има компјутер со ехо од првите што воопшто се појавиле, ниту се гледа нешто на нив, ниту може да испечати нешто. Затоа само ги одложувам прегледите кај неа, но мора 5 да имаме.
Ви ги наплаќаат ли прегледите матичните? Нели за трудници е бесплатно?Мене на првиот преглед ми наплати 400 ден за ехо а не ми даде упат ни за крвна слика и за мокрача. Го прашав ми рече да одам на општ матичен. Исто му споменав да ми даде упат да проверам тироидна жлезда ми рече дека тој не може да дава упат, треба општ матичен да ме упати на интернист а интернистот да ми даде упат.Денес ке одма кај матичната ке и кажам да ми даде упати за се што треба да проверам во врска со бременоста. Докторов мој ми закажа ехо на 30ти пред да одам на одмор и на 16 скрининг одкако ке се вратам, сега сум 7+1,
Денес пола Скопје го прошетав едвај ги најдов на рецепта Хеферол. 12 е, не е крај во месецот па да ги нема на рецепт. Прочитав во упатството пожелно е со Вит. Ц да се пијат. Дали ги пиете пред или после јадење? Од наредната плата се договоривме со ММ да почнеме да купуваме памперс 1 за бебушите да не ни дојде наеднаш после.
Обавезно со витамин ц, купи си некој подобар, активен.За да се сврзува железото. Јас пијам на Каливита, околу 800 ден е, 100 апчиња. Ги делат и на парче мислам. Пиј ги после оброк, да не ти прават проблеми.