Плодовата вода е лигава и малку бела, како што приметив кога ми пукна водењакот. Бебето ти е незгодно наместено на бешиката и на секое мрднување негово си пушта бешиката може, бар кај мене така беше. А цела бременост си имав таков исцедок, особено како растеше бебето, така јас повеќе водена во гаќи.. а не беше плодова вода зашто 42ра се породив и до сам крај вода имаше еден куп, кога ми пукна водењакот водопад беше тоа еве истото и оваа бременост чат пат ми се случува...
Мамички мене ме ставивте во мисли со тоа дека вас бебчето не ве клоца над папокот или ретко. Кај мене секој ден ме клоца во ребрата, желудникот, а исто и под папокот долу. Да не не е нормално толку горе да ме клоца Еве пред малку го снимав ептен горе ме клоцна, но неможам да го прикачам видеото..
@orhideea @mariz ох малку ми олесна , фала ви . Инаку не е бело . Баш како проѕирно си е . Може од бебето што притиска , осеќам како ми притиска, некогаш трчам ми се моча , а ептен малку . @Seduction која недела си?
Kај мене едната бебушка ми клоца во десен горен агол од попакот. Не се грижи, се зависи на кој каде му е бебето.
Да многу зависи и како е наместено . Јас кога почнав да го осеќам горе беше со главата надоле , а сега е обратно свртено со главата нагоре . Не се грижи , подобро горе да си биде .
Незнам како е свртено кај мене, за недела ипол планирам да одам на преглед и баш ќе прашам. Си мислам може дека сум ситна градба па бебчо мора насекаде да клоца. Убав ден мамички
Мешиња малку сум загрижена. Од денеска сум 36 недела ама вчера и денеска бебе е многу мирно . Претходно се случуваше по цел саат да мрда и да ми го изобличува стомакот , а вчера и денеска многу послабо , ќе удри неколку пати и тоа е . Понеделник ќе одам кај матичната ама ме фаќа паника некако.
@Seduction овие 2 дена и кај мене знае да удри горе, ама баш под гради после пак околу папок, па ниско. Овие два дена бев нервозна се си мислам заради тоа мава и тоа јако насекаде. Најчесто на десна страна на лево ретко. Незнам зошто така. @Aneta92 ќе пишат поискусните ама нели е нормално од 36та помалку да удираат зошто имаат помалку простор за мрдање.
Нормално е дека нема веќе толку простор, како што вика Ели Јас па баш на крајот мнооогу малку го осеќав, затоа што беше и големо бебче.. па немал простор баш да се растегнува во мене Чим ги осеќаш ударите, не се грижи
Бидејќи неможам да пребарам, а сигурно веќе е дискутирано, морам да препрашам. Дали некоја пиела Хемовит за железото? И дали дополнително внесувала Витамин Ц зошто дозата во нив е 75мг
Дозата на витамин ц е 75мг. Затоа прашав дали треба дополнително витамин Ц. И кај мене различно е секој ден. Некои денови е ресклоцн, некои е помирен. Се додека клоцкаат супер е. Кај нас мм овие денови го брка дали може да го осети, ама му се крие. Плус уште е многу нежен
Одбегавам кога е гужва а преска под стомакот осеќав некои движења и сега а тоа синко да ти бил срце мајкино денес го изнашетав дури сега застанав да одморам
Јас некој ден осеќам многу, денес скоро ништо. Многу ниско доле клоца. Ама вака кога нема да осетам мир немам. Осеќам по нешто ама незнам точно да проценам дали е од бебчо, иначе 19 недела сум. Ептен се плашам кога не клоца
Не паничи. Она вистинско клоцање почнува од седми месец, а во 19 недела како змија да ти поминува се осеќа. И јас тие недели не го осеќав секој ден.
И јас последните денови не ја осеќам, некако паника ме фаќа. Во петок треба да одам за скрининг, едвај чекам, не знам како ќе издржам до тогаш.